Вип си се приказна за себе. Бев нивни прептлатник до пред некоја година, еднаш ми опнаа сметка дебела за роаминг (интернет под БГ мрежа) во манастир Св. Јоаким Осоговски (К. Паланка) се бунев, приговори....се по ред....џабе на крај си ја платив. После конечно истече договорот и прејдов на Телеком. При средување на документација, за да го задржам истиот број 5 пати ги прашав во салон расчистен сум со вас? ДА немате никаков долг према нас беше одговорот.
Мигрирав на Телеком, кога еве ти ги после некое време звонат лихвариве од ЕОС МАТРИКС.....за смрдливи 150 денари, што некако сепак сум останал должен према ВИП (иако 5 пати ги прашав во салон дали сум ви должен и одговорот беше не)...нешто за миграцијата на бројот, тантара-мантара. Им викам на тие мороните лихварски ќе ги платам и тие 150 денари, не ме замарајте. По три пати во ден се јавуваа цела недела, мајки шајки ми пукна филм. Отидов ги платив, и ја начекав истата госпожа во салон што ми кажа дека не сум должен повеќе ништо. Пукнат филм, таа неспособна да работи....и нејзе лом ја направив. Знам дека фајде од тоа нема и не е етички, но стварно пукнат ми беше филмот. Им ги платив и тие 150 денари и им кажав ЗБОГУМ засекогаш. И онака мрежата им беше ТАПА, во подземна гаража мрежа јок, по патишта низ МК исто падни-стани. Очи нејќам да им видам. Трета година на Телеком, проблем никаков, ни со сметка, ни со технички недостатоци/проблеми.
Тоа е моето негативно искуство со овој оператор.
Сега и гратис да ми нудат услуга, би ги одбил.....зошто се никакви, ќе ми ја наплатат и гратис услугата.
Имаат никаков софтвер, а допре до уредот сигнал од странска мрежа во момент ја зема како приоритет.....што не смее да биде.....приоритет треба секогаш да биде нивната мрежа до крај.
Добро се сеќавам еве пример возам накај Грција, уште на Богородица веќе отишло на Водафон. Е на Телеком ме држи на наша мрежа уште околу 30 км во Грција (се додека допира МК сигнал).