- Член од
- 24 април 2008
- Мислења
- 10.500
- Поени од реакции
- 11.566
Темава е за мобилните телекомуникациски услуги на Вип, а не за телевизиските услуги на Вип.Вреди ли дигиталната тв на Телекабел да се замени со Вип?
Но сепак, одговорот на твоето прашање е: не, дефинитивно не вреди.
Можеби порано вредеше, но сега кога и Телекабел ги додаде каналите од Балканскиот пакет, повеќе не вреди.
Со Телекабел добиваш аналогна и дигитална кабелска телевизија со основна претплата од 450 денари месечно, до максимум 5 (ПЕТ) телевизори, без никаков обврзувачки договор.
Со Вип од друга страна, добиваш речиси непостоечка аналогна ТВ понуда, бидејќи Вип ги укина речиси сите аналогни ТВ канали, со исклучок на македонските аналогни ТВ канали и по некој српски канал и по некој рамковнистички канал.
Првиот пакет за дигитална телевизија на Вип е` за 1 (ЕДЕН) телевизор, додека за секој нареден телевизор се плаќа дополнителна месечна претплата, а сите останати пакети се за 2 (ДВА) телевизора, додека за секој нареден телевизор се плаќа дополнителна месечна претплата.
Дигиталната телевизија на Вип е кодирана и се` што ќе снимиш ќе можеш да го гледаш само преку дигиталниот кабелски рисивер од Вип, или само на телевизорот на кој ги имаш снимено дигиталните ТВ содржини, додека дигиталната телевизија на Телекабел не е кодирана и се` што ќе снимиш ќе можеш да го гледаш кога и каде сакаш - на друг телевизор, на компјутер, на мобилен телефон, на таблет компјутер и така натаму.
Така да, освен ако очајнички сакаш да ги гледаш HBO каналите, не гледам друга причина зошто би се префрлил на Вип, откако ги укинаа Discovery каналите и ЕуроСпорт каналите почнаа да губат секаков контакт со корисниците и со реалноста.