А бре Македонче!

Член од
22 јуни 2007
Мислења
840
Поени од реакции
25
Стартувам колумни за Македонија,за народот,состојбата во неа и традицијата која ја имаме.
Ситуациите што ги имаме помеѓу народот,смешни,сериозни и загрлижливи.
Еве ја мојата прва колумна која има политичка содржина и ја опишува политичката состојба и вистина во Република Македонија.
Пада влада или пак зошто не сум политичар?
Се во предвид, земајки дека од овде нема аир(или по нашки кажано тенко преди оваа држава), решив да започнам моја литература и мое мислење како тоа тече животот во Македонија.Цивилизацијата овде е на ниско ниво, но тоа не треба да значи дека сите не се цивилизирани или пак тие што се цивилизирани се сметаат како за нецивилизирани(во тој случај немат само доверба во себе).Решив своето време во својот распуст на своето биро, во својот компјутер да го зачувам документот кој го пишам сега со претискајќи SAVE или нашиот прост народ што би рекол Саве-то.
Но,пред да го активирам мојот прст да допре до левиот командир на глувчето да стиснам Save, би почнал со т.н првиот циклус на разработка во тоа како тоа МАКЕДОНСКИОТ народ работи во однос на сите други народи од пријателска блиска роднина Европската Унијата.Секој човек сака да биде среќен во Македонија со својот авторитет, а својот авторитет го гради со тоа дали тој е министер или пак некој во повисока позиција од нормалната државна дружина "Владата", барем така тоа работи во Македонија, а нашиот жален народ кој само жали, само чека да ја слушне песната "Пада влада" , па да дојдат нови кодоши.Тие кодоши, како демек се ќе направат, се ќе се свртат кон народот само да го задоволат, а уствари експертите ќе го кажат тоа на јасен начин :"Да соберат гласови па да се види нивната сила".Доаѓаат избори, се крадат најмасовно сите можни пари, а во прилог доаѓа и реченицата :"Ние трошиме сопствени пари" и потоа ќе се рече , ќе ги вратиме тие пари само вие редовно плаќајте си ги сметките, а најважно од се плаќајте си Радио дифузната такса која ви дава поголема инспирација од вашиот телевизор, без разлика дали го имате или го немате(Нема бегање).Кога сме веќе кај тоа дека нема излез, но, сепак во светот на Нано Ружин има излез, ќе станевме уште малце како Америка. Зошто? - Па, паметно ја издвоиле американците фразата - Секој мора да плати данок за да почине мирно, али ипак во Македонија сме АЛОо?!.Интернет, македонските граѓани не се виделе се до 2005, а камоли па сега. Сега имат дури и тие што ама ич си немат појма што е тоа глувче, а не пак интернет или како тоа ќе звучи застрашувачки КОМПЈУТЕР или пак уште повеќе кога ќе му кажеш имам јас дома Плазма монитори..МОНИТОР? ПЛАЗМА? Но, во спротивно може да добиете RANDOM одговор кој би гласел: "Има плазма од 40 денари во TINEX супер маркетот доле под зграда".Каде и да бараш чаре нема да го најдеш, барем во овие скришум простори во кои брановите длабоко продираат да стигнат до твојот приемник и пак да не е квалитетно, бидејки МРТВ е најдобриот сервис во Македонија, Европа,Балканот,Светот,Универзумот...и нешто поголемо од универзумот кој му даде сила да е биде внесен во Книгата на Гинесовите рекорди, а пак наградата беше НАЈДОБРИОТ ТЕЛЕВИЗИСКИ и РАДИО СЕРВИС НА СИТЕ ВРЕМИЊА.Упс, ова беше лажно читање последното,а ако ве занима зошто не е точно, избришете ги наочарите и пробајте одново да прочитате, ако немате наочари..направете еден круг вклучувајки го вашиот говор и користејте ги следниве зборови: ЈАС СУМ ГЛУП ШТО НЕ ГО РАЗБИРАМ ОВА (3 пати).Ако се вративте, без нервоза прочитајте понадолу, затоа што веќе вистината се гледа во овој невидлив хоризонт, кој се е поблиску до вас.Сето, освен ова нагоре ви остави ефективен спомен за каде и како живеете, а како и каде се замислувате дека живеете, па дај боже уште малце ќе ни забранат и излез од државата поради ПАМЕТЊАКОВЦИТЕ во детската соба на чија врата пишува ВЛАДА.Да видиме малце како тоа ние работиме, а како нашите ЕВРОПСКИ ДРУГАРЧИЊА.
Трудливиот народ кај нас за разлика од европа...Се извинувам ЕВРОПА, се труди да ја совлада мрзеливоста, која е стекната пред милиони години по смртта на Александар Македонски.Европските блиски пријателчиња како грција, се многу инаетливи во споредба со нови членови во собата на Европа.Кога одиме таму на одмор или поработа, без разлика на Македончето му го пикаат како што сакаат, а тој само се гребе со тенките нокти вршејки задоволство кон самиот себе, а кога другиот ден ќе го видиш е најнормален просач по улуци, но пред да оди во Грција бил милионер со над 10 ланци на фирми кои го издигале рејтингот на неговото семејство.Грците не пречекуваат со МАЛАГОС, наместо со Калиспера.Но ова не беше темата да се вратиме како го поминуваме нашето прво кафе во МАКЕДОНИЈА и само МАКЕДОНИЈА.Само знаејќи ја вистината и верувајќи во неа можеме да се тргнеме од родната ни наша Македонија која ни дава претчуства дека овде ќе биде полошо и од Крајот на Светот.А пак кога ќе стане збор за работно искуство, овде се истакнуваат кој најпрвин ќе дојде на ред.Јас имам искуство со продавање услуги на моите корисници, чекај бе! Каква е таа продажна услуга, да поделуваш фискални сметки и да знаеш Математика за 4то одделение? Ако тоа го сметате за искуство, тогаш Welcome to Macedonia.Сепак владите досега ништо не направија, голем број ветувања, а сепак се празни, ја гледаме реалноста сериозно.Секогаш кога ќе ми спомне некој за политика, одма ни 2 ни 3, па ни 5 ни 6 враќам бегајте одовде...Пада влада ќе не потрупи со неквалитетни мисли!
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.125
Поени од реакции
25.516
Три пати го препрочитав текстот и пак не разбрав зошто не си политичар... Нити пак како работат нашите „ЕВРОПСКИ ДРУГАРЧИЊА“. Дури добив желба да го гледам Ефтов со глупана тема. :cautious:
 
L

.Lost Angel.

Гостин
Цееееееееелллл реферат мислам дека се искачив на највисокиот врв додека го прочитав :ROFLMAO:
 
Член од
22 јуни 2007
Мислења
840
Поени од реакции
25
Еве ја новата колумна.
Кафица

Македонија нема пари, Македонија била во криза, Македонија нема да влезе во ЕУ поради финансиски проблеми.Па, како да има кога веќе сите граѓани на Р.М ги трошат секојдневно парите по кафулиња или што ти знам некои ресторани со екстремно високи цени, кои автоматски те тера за коса да се фатиш.Така би било убаво да си седнеш во некое запустено кафуле, ем ќе си се изнакажеш муабет ем ќе си се напиеш кафе со некој црв внатре или нешто друго, што е можно во Македонија, а во другите земји не.Секогаш велат во Македонија - Пари нема, а и да има од каде.Значи за кафе имате, за друго немате.Што ќе ви е здравје бе? Напијте се кафе и тоа еспрессо за да ве фатат дополнителни болки.Така размислува еден просечен Македонски народ.
Излегуваш на кафе, влегуваш во еден од омилените кафулиња со мотивација дека ќе најдеш едно големо сепаре за тебе и за твоите другари.Но, влегуваш среќен, излегуваш опседнат со нервоза од самиот народ во кафулето.А тој народ ти е најразлигавените деца со iPhone во рака или пак татко му купил скутер кој чинел 100000 евра и бил донесен директно од Германија, а воедно бил по порачка и бил еден од најретките серии во Македонија донесен.Татко му е заменик директор во Струмица Табак, а мајка му била чистачка во комерцијална банка.И така имаат многу пари, а и знаење имаат (или не?).Ваквата младина ја расипува нашата веќе расипаната Македонска држава која ние ја градиме веќе со години(досега ако градевме ќе си го изградевме E75).Зборот ми беше Кафето и народот околу него.Значи, има разни клошари во кои можеш да ги мислиш дека се многу паметни, а во спротивно тие се тие кои немаат поим од својот досегашен живот.И така останат без место во твоето омилено кафуле тргнуваш по патот на својата цел, а таа цел е да најдеш само и само место во некое или запустено или популарно кафуле, па да се напиеш вода од 30 денари, или 90 денари во Скопје(упс, ама секој скопски тинејџер има татко или министер или мајка што е секретарка).Седнуваш во популарно кафуле и порачуваш обична вода, од шанкот иде таков демотиваторски глас : "Немаме вода, потрошена е", се обидуваш со втора шанса а тогаш среќата победува и порачуваш Цевитана од портокал, а ти носат Цедевита од лимон.Демотивиран си го пиеш својот напиток, разговор со друштво малце, но треба да се дереш, да урлаш за да може да ти го слушнаат едноставниот збор.Зборуваш а, во тој момент на келнерот му минува омилената трака и пушта до "даска" глас за да си ги задоволи своите хормони, кои цел ден го демотивираат од својата работа, па ако е направил и некоја белја, тогаш тоа е гратис.Но, има повеќе ситуации кога доаѓаш до автоматски заебан кога си со женска, а другарите те замараат да им го дадеш телефонот бидејќи ја имаат омилената игра на него или пак сакаат да направат ЧЕК-ИН на facebook. А има и такви ситуации кога седиш со друштвото и наеднаш се се стишува и од друга страна ги слушаш пријателите,раскинати жеснки итн. со своите "бош" муабети од кои ќе посакаш да ги оставиш пари и да си заминеш дома.А пак од поодамна ако се немаш видено со другари, тогаш станува фаза наречена : ТИ си црната овца од сите бели и тек овде почнуваат муабетите "ајде да частиш сега од кога се немаме видено" , а ти само што си ја земал првата плата после 4 месеца работење, бидејќи не си бил вработен во сигурна компанија.Сепак, тоа ќе ти даде поттик да ги оставиш сите пари на маса од кога ќе дојдеш, да видат колку сакаш да дадеш, а со тоа ќе ги замолчиш некои паметни фаци кои изиграваат подигрувачи со тебе за да дадеш поголема сума пари , а тие да поминат така едноставно, без пари.
Сите спијат, а ние сме он-лајн, ова е реченицата која си ја кажувам после секое мое кафе, но барем не сум како оние секојден на кафе, па потоа да бараат частење од туѓи џебови.Барајте начин да го смените ова, бидејќи ова Македонизационизмот може да ве македонизира и повеќе да не видите бел ден, исто како ролетна или жена која ви досадува повеќе од кога врне дожд надвор.
 

TpH_Bo_OkO

Трноризец
Член од
18 мај 2005
Мислења
11.537
Поени од реакции
878
Колумнист е човек кој има долгогодишно искуство во одредена област, па добива одреден надоместок за да искаже свој став споредбено со практичното искуство и моменталната состојба на таа област.

Кажи ми Николаср, која е твојата лична карта, за да земам било што релевантно во твоите колумни?
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.719
Поени од реакции
9.829
Колумнист е човек кој има долгогодишно искуство во одредена област, па добива одреден надоместок за да искаже свој став споредбено со практичното искуство и моменталната состојба на таа област.

Кажи ми Николаср, која е твојата лична карта, за да земам било што релевантно во твоите колумни?
Мора ли да има искуство..денес е најнормално да си колумнист и експерт.. секој поглуп го може тоа.
 
Г

Грејвдигер

Гостин
Не е убаво на 15 години да се занимаваш со политика. :pipi:

Колумнист е човек кој има долгогодишно искуство во одредена област, па добива одреден надоместок за да искаже свој став споредбено со практичното искуство и моменталната состојба на таа област.

Кажи ми Николаср, која е твојата лична карта, за да земам било што релевантно во твоите колумни?
Кај нас сите се експерти... почнувајќи од највисокиот врв - како да се води државата, па се до како се води една репрезентација.

Што се тиче до „колумниве“, ме мрзи да читам... и не ме занима. :)
 

noviot

Форевер Aлоун :(
Член од
19 април 2006
Мислења
446
Поени од реакции
170
Само едно обично TL;DR ...
 

Ljupco Meljata

AJFON ILI ANDROID you choose
Член од
11 ноември 2007
Мислења
1.726
Поени од реакции
474
Sto se slucuva denes so mladite izgleda stvarno treba da prosetaat malce po svetot.Da vidat kako e koga treba da pecalis pari podobra kniga nema da napises.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom