Ања Ветерова

демнач

Неафирмиран кајганџија
Член од
11 август 2008
Мислења
1.621
Поени од реакции
412
Каролина е друг филм нејзе на друг начин ја спонзорирале, ајде да не кажам спонзоруша и ескорт девојка нумеро уно во Македонија.

А за девојчево незнам не сум го сретнал до сеа, ама гласов убав ми е...тоа како ке и се развива карактерот нема благе везе, сепак индивидуална работа е.
Мене се ми е антипатично колку и да е добро кога е форсирано со сила три пати не ден.
 
Член од
6 јуни 2009
Мислења
25
Поени од реакции
3
aх шо знaм, ич не ми сметa когa се форсирa нешто што вреди...
се гледa декa девоjчето имa убaв глaс, што е и зa гордеење
се нaдевaм декa имa коj дa ja води по вистинскиот пaт
 
Член од
28 јули 2010
Мислења
232
Поени од реакции
41
Здраво,

ја видов оваа застарена дискусија и не ми се допаѓа како се дискутира. Од гледна точка на форсирање, не е убаво премногу да се форсираат децата, но убаво е кога се гаи детето како растение, кога му се дава можност да ги развие своите способности. Од таа гледна точка, не е убаво да се зборува дека е лошо. Ања Ветерова има пеено на многу фестивали и има освојувано и награди. Нејзиното понатамошно усовршување е важно бидејќи таа нашата земја ја има прикажано во најдобро светло. Таа е амбасадор на Македонија каков што немало до сега меѓу нашиве политичари. Не знам дали некој го гледал нејзиниот настап на Златна паричка во Италија:
Затоа не е убаво да се зборува лоши работи за неа. Таа пее на квалитетен фестивал и во живо! Секоја чест.

Многу среќа денес на детскиот Евросонг. Песничката има реални шанси да победи, а Ања добро пее, така што квалитетот во никој случај нема да отсуствува.
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
14.893
Поени од реакции
7.569
Кога беше помалечка и јас имав чувство дека нејзините ја форсираат но ако не се родителите да те туркаат во некоја работа и не ти даваат подршка нема друг кој. Сега порасна не е веќе она девојче со детски песни, почна да се појавува и на нашиве фестивали па ќе може и сама да одлучува за нејзината музичка кариера. На скопскиот фестивал 2015 имаше добра песна.
 

Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.504
Дека девојчево уште од мало го форсираат, го форсираат, но неможам да речам дека нема поинаква замисла за музиката за разлика од нашиве пејачи кои еден по еден се губат. Само ич не ми се свиѓа гласот. Премногу и е пискав и како појава е иритантна, но во секој случај животот и кариерата се пред неа, можеби ќе ни го докаже спротивното.

Иначе песната Ео, Ео со која не претставуваше на детската Евровизија е една од најслушаните песни на детската Евровизија, а и една од најслушаните Македонски песни..........


Успат сега има нова песна и нов спот и тоа издадени за IDJVideos.Tv и тоа со ново, уметничко име..............:)

 
Член од
14 октомври 2010
Мислења
5.124
Поени од реакции
15.950
Што е ова Рамбамбамабам бе?
Песнава е поужас и од срањата на Слаткар. Ауууу, којјјјј го слуша ова?! :facepalm:

Кога мајка ти и татко ти имаат вишок пари и лажно чувство дека те бива. :uzi:
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
14.893
Поени од реакции
7.569
IDJVideos има доста ЧКЉ песни но ова не е лошо за разлика од она што го имаат на нивниот тв канал IDJ TV.

Ања е првата македонка која има песна на македонски на IDJVideos.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom