Аферата „Крио сејв“ го тресе регионот

Член од
13 јули 2006
Мислења
15.167
Поени од реакции
17.964
Аферата „Крио сејв“ го тресе регионот: илјадници матични клетки пренесени во Полска без дозвола од родителите
На швајцарската компанија Крио сејв, во која меѓу другите своите матични клетки ги имаат зачувано и родители од Македонија, Србија, Босна и други земји од регионот, Министерството за здравство на таа земја ѝ ја одзеде лиценцата за работа.

Властите во Швајцарија на 10 и 11 септември извршиле претрес во домовите на главните директори на компанијата, вклучувајќи ги и просториите на фирмата, и се отворени истраги.

Дека нешто чудно се случува открил белградскиот адвокат Растко Петаковиќ, кој не можел да ги искористи матичните клетки на своето дете поради проблемите што ги имала оваа компанија. Петаковиќ, кој освен своето, застапува уште едно семејство од Србија, за Н1 изјави дека, по информациите од компанијата дека матичните клетки пропаднале за време на транспортот, ангажирал иследници, кои забележале голем број пропусти.

Родителите покренале тужби против Крио сејв, но дознале и за нови пропусти на компанијата. Во меѓувреме, околу 300.000 примероци на матични клетки се транспортирани во Полска без родителска согласност.

Полето на матичните клетки е високо регулирано во земјите на ЕУ бидејќи во моментов се користи за лекување на повеќе од 80 болести, со рекорден број клинички студии за третманот со матични клетки низ целиот свет.


 
Член од
25 ноември 2017
Мислења
234
Поени од реакции
241
Ваквите бизниси се секогаш ГОООЛЕМА превара.МЛМ завиткан во фина приказна ,илузии и слатка пара.
 
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.821
Поени од реакции
2.911
Тука има нешто сомнително а тоа е кражба на матичните клетки и препродава кај богатите земји сетете се за кражби на човечки органи така и ова


Sent from my iPhone 8 Plus using Tapatalk
 

Kajgana Shop

На врв Bottom