Ауфвидерзен Македонијо!

Член од
20 јули 2016
Мислења
7.633
Поени од реакции
4.934
https://www.deutschlandfunk.de/geplantes-einwanderungsgesetz-weniger-huerden-fuer.1766.de.html?dram:article_id=433683
Weil viele Unternehmen in Deutschland inzwischen händeringend nach Fachkräften suchen, werden die geltenden Regelungen gelockert: Jeder, der einen Arbeitsvertrag und eine anerkannte Qualifikation vorweisen kann, darf künftig hierzulande arbeiten.
Во превод нема веќе потреба за докажување дека неможеле да најдат од ЕУ работник, Само треба признаена диплома и договор за работа. Нема веќе ограничувања за дефицитарни професии.
 
Член од
21 октомври 2009
Мислења
1.529
Поени од реакции
2.391
Во финални преговори сум со фирма од холандија за вработување (PLC programmer and robotics engineer) со мк пасош. Они ветија дека ќе средат се за работна дозвола.
Дали има некој во холандија во Делфт/Хаг да сподели искуство како е што е? Нудат 52000 е годишно почетна, незнам колку би дошло месечно тоа? Колку е тоа доволно за живот таму за фамилија? (Гледав кирија е само ~1000 e)
Друго прашање ми е: дали ако мене ми обезбедат работна дозвола дали и сопругата автоматски ќе добие работна дозвола за холандија?
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.621
Поени од реакции
34.865

Ако 52 000 се бруто годишна плата:
https://thetax.nl/?year=2018&startFrom=Year&salary=52000&allowance=0&socialSecurity=1&retired=0&ruling=0&rulingChoice=normal
Taxable Income
€ 52,000
Payroll Tax
- € 10,977
Social Security Tax
- € 9,399
General Tax Credit
+ € 773
Labour Tax Credit
+ € 2,569
Year Net Income
€ 34,966
Month Net Income
€ 2,913

Има олеснување ако си млад вработен со мастер, тогаш има некои 30% олеснителни само не знам дали важи за сите или само за државјани на Холандија, така ќе ти дојде околу 3500 месечно, или уште во подобра форма ако се тргне Social security ќе земаш околу 4000.

Сепак треба да си видиш што конкретно ти нудат во договорот и што конкретно ти покриваат за да може точно да пресметаш.

За дозволата мислам дека не добива, ќе има право на престој во држава, сепак ова мора да се провери специфично со типот на дозволата која ќе ти ја извадат.

Цена на живеење може да видиш тука, во глобала не грешат многу:
https://www.numbeo.com/cost-of-living/compare_cities.jsp?country1=Macedonia&country2=Netherlands&city1=Skopje&city2=The+Hague+(Den+Haag)
 
Член од
21 октомври 2009
Мислења
1.529
Поени од реакции
2.391
Фала за калкулаторот.
Иначе се работи за следниов тип на работна дозвола
Highly skilled migrant permit in the Netherlands (kennismigrant)
Ќе им испратам маил до нашава амбасада, за секој случај...
Ако 52 000 се бруто годишна плата:
https://thetax.nl/?year=2018&startFrom=Year&salary=52000&allowance=0&socialSecurity=1&retired=0&ruling=0&rulingChoice=normal
Taxable Income
€ 52,000
Payroll Tax
- € 10,977
Social Security Tax
- € 9,399
General Tax Credit
+ € 773
Labour Tax Credit
+ € 2,569
Year Net Income
€ 34,966
Month Net Income
€ 2,913

Има олеснување ако си млад вработен со мастер, тогаш има некои 30% олеснителни само не знам дали важи за сите или само за државјани на Холандија, така ќе ти дојде околу 3500 месечно, или уште во подобра форма ако се тргне Social security ќе земаш околу 4000.

Сепак треба да си видиш што конкретно ти нудат во договорот и што конкретно ти покриваат за да може точно да пресметаш.

За дозволата мислам дека не добива, ќе има право на престој во држава, сепак ова мора да се провери специфично со типот на дозволата која ќе ти ја извадат.

Цена на живеење може да видиш тука, во глобала не грешат многу:
https://www.numbeo.com/cost-of-living/compare_cities.jsp?country1=Macedonia&country2=Netherlands&city1=Skopje&city2=The+Hague+(Den+Haag)[/QUOTE
 
Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.069
Поени од реакции
11.433
Не дека не знаевме

ДИМИТРОВСКИ: ВО МАКЕДОНИЈА ЌЕ ОСТАНУВААТ СЕ ПОМАЛКУ ИНЖЕНЕРИ

Во Македонија и во сите држави од овој простор има се поголем недостиг од инженерски кадар, а особено од добар професонален кадар со овластувања. Тоа прашање Комората на овластени архитекти и инженери не може да го решава сама, туку тоа треба да се прави заедно со донесувачите на одлуките во државата, министерствата, стратегиските центри за развој… Нашето чувство е дека во Македонија во иднина ќе остануваат се помалку инженери , вели Миле Димитровски, претседател на Комората на овластени архитекти и инженери во интервју за МИА.
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.621
Поени од реакции
34.865
Не дека не знаевме

ДИМИТРОВСКИ: ВО МАКЕДОНИЈА ЌЕ ОСТАНУВААТ СЕ ПОМАЛКУ ИНЖЕНЕРИ

Во Македонија и во сите држави од овој простор има се поголем недостиг од инженерски кадар, а особено од добар професонален кадар со овластувања. Тоа прашање Комората на овластени архитекти и инженери не може да го решава сама, туку тоа треба да се прави заедно со донесувачите на одлуките во државата, министерствата, стратегиските центри за развој… Нашето чувство е дека во Македонија во иднина ќе остануваат се помалку инженери , вели Миле Димитровски, претседател на Комората на овластени архитекти и инженери во интервју за МИА.
Прв проблем е што го заебаа образованието и многу луѓе станаа инженери, а немаат капацитет за тоа.
Второ малку со тоа генерирање на дипломи, малку со нерегулирани закони за работни односи доведоа инженери да работат за 200 евра месечно без можност за никаква професионална надградба, е затоа ќе си одиме од тука.
 
Член од
28 февруари 2017
Мислења
2.770
Поени од реакции
2.682

Посебно во нашава фела, многу малку има инженери кои се комплетни стручни лица. Поради игрите на власта дојде до хиперпродукција на кадри, кои се ориентираа на катастар, од друга страна власта си игра популистички игри со донесување на обврзувачки тарифник.
Сега работата е угоре високо удолу длабоко, ем работа има се помалку ем и таму друг ти пропишува за колку ќе работиш. Дури и ИО на комората е составено 50% од нас 50% од државни службеници!
Е кој нормален ќе седи овде, во така поставени работи?
Беља плус е вентилот кој тегне доста инженери од нашата фела, нискоградбата, откако се смени вледеачката структура, сосема замре.
Нема да чекаат луѓето по 5-6 години, да се оправа работата, ако воопшто и се оправи!
 
Член од
30 мај 2012
Мислења
5.027
Поени од реакции
2.889
Namesto inzineri ke se dovlecka armija profesionalni albanizatori direkno zalepeni na drzavna cicka da pomognat za podobruvanje na sozivotot.
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.621
Поени од реакции
34.865
Посебно во нашава фела, многу малку има инженери кои се комплетни стручни лица. Поради игрите на власта дојде до хиперпродукција на кадри, кои се ориентираа на катастар, од друга страна власта си игра популистички игри со донесување на обврзувачки тарифник.
Сега работата е угоре високо удолу длабоко, ем работа има се помалку ем и таму друг ти пропишува за колку ќе работиш. Дури и ИО на комората е составено 50% од нас 50% од државни службеници!
Е кој нормален ќе седи овде, во така поставени работи?
Беља плус е вентилот кој тегне доста инженери од нашата фела, нискоградбата, откако се смени вледеачката структура, сосема замре.
Нема да чекаат луѓето по 5-6 години, да се оправа работата, ако воопшто и се оправи!
Општо зборувам за инженерството, не само во градежништвото, машинците се исто, електрашите во слични гомна, металургија бетер, технолошки попара, индустријата е мртва, градежништвото мртво особено последниве 2 години и тоа што се работеше прекина, а на сите овие факултети ако до пред 10 години завршуваа пр. по 15 инженери од една област годишно, сега почнаа да завршуваат по 50 инженери годишно. Факултетите си тргаат на своја страна, главен прилив им се партиципациите и им одговара да имаат генерации 10 пати поголеми од минатото, од разни фактори и притисоци ги поминуваат поголем дел од студентите и имаме ова што имаме.
Жално е што студиските програми на сите овие факултети се заглавени уште во 60-80ти години, немаат соодветна опрема за практични вежби ниту пак се насочени за потребите на пазарот. Тоа што се учи на факултет споредено со она што навистина се користи во пракса и на пазарот во мкд или надвор е земја-воздух, па каде и да отиде тој инженерот ќе го заебаваат како почетник/практикант со ниски плати, па таман ќе поднаучи пак нова фирма и заебани и работодавците и работниците.
 
Член од
28 февруари 2017
Мислења
2.770
Поени од реакции
2.682
Колку ние сме крпи-залепи земја, може ќе појасни една информација! На одсек геодезија во ГУЦ има само 14 деца на прва година,напротив стотиците аспиранти за тоа звање во време на легализацијата.
Тоа значи дека за 5-6 години во Мк ќе нема стручен кадар ни со микроскоп да бараш. Благодарение на немањето стратегија на властите и глобалните тенденции на движење на висококвалификуваната работна сила.
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
23.589
Поени од реакции
38.736

сега финки е модерно да студираш, другите факултети мање више
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.621
Поени од реакции
34.865
сега финки е модерно да студираш, другите факултети мање више
На Финки запишани рекордни 930 студенти
Ако ги земеш во предвид и останатите универзитети кои нудат студии за информатички технологии, сите приватни школи за програмирање, нема да оди долго периодот кога ќе паднат платите и во оваа област.
Истите позиции за кои сега се нудат по 60-90 илјади денари за неколку години ќе биде тешко да добијат и 30к без разлика колку ќе добиваат газдите за завршената работа.
На времето се заебававме дека во Косово земаат преку ноќ дипломи, а сега мислам дека ние важиме за најголема печатница на дипломи на Балканот, секоја будала што запиша факултет го заврши.
 
M

Macedon1um

Гостин

Нема шанси да паднат не претерувајте, од тие 930 студенти дали и пола ќе го завршат факултетот како прво

Еден куп ќе заминат и во странство поготово ако дојде ден да влеземе во ЕУ и се отворат границиве, а да не зборуваме дека во време на ваква поврзаност Македонија секогаш ќе биде “интересна“ земја за соработка пред се поради нешто пониските плати во однос на оние во Европа за истиот кадар. Па уште и ако дадеме фриленс бројката на таков кадар што ние го “правиме“ е незначајна тн капка во морето

сега финки е модерно да студираш, другите факултети мање више
Младите се паметни, учат вештина која е доста ценета насекаде во светот
 
Член од
28 февруари 2017
Мислења
2.770
Поени од реакции
2.682
Нема шанси да паднат не претерувајте, од тие 930 студенти дали и пола ќе го завршат факултетот
Еден куп ќе заминат и во странство поготово ако дојде ден да влеземе во ЕУ и се отворат границиве, а да не зборуваме дека во време на ваква поврзаност Македонија секогаш ќе биде “интересна“ земја за соработка пред се поради нешто пониските плати во однос на оние во Европа за истиот кадар. Па уште и ако дадеме фриленс бројката на таков кадар што ние го “правиме“ е незначајна тн капка во морето
Точно, прво ќе се просејат тие 930 па дали 50-100 ќе завршат како информатичари, независно дали на ФИНКИ или некаде лево по други факултети или школи.
Второ, далеку сме да го заситиме светот со таков кадар ама можност за пад на платите има, по логика поголема понуда .....
Поволно е што информатичарите пливаат во светски тренд, додека класичниве инженери од технички науки, не можат да истрпат таква тенденција. Затоа за нив ќе биде или 200-250 евра плата или ауфидерзен:(
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.621
Поени од реакции
34.865
Нема шанси да паднат не претерувајте, од тие 930 студенти дали и пола ќе го завршат факултетот како прво

Еден куп ќе заминат и во странство поготово ако дојде ден да влеземе во ЕУ и се отворат границиве, а да не зборуваме дека во време на ваква поврзаност Македонија секогаш ќе биде “интересна“ земја за соработка пред се поради нешто пониските плати во однос на оние во Европа за истиот кадар. Па уште и ако дадеме фриленс бројката на таков кадар што ние го “правиме“ е незначајна тн капка во морето
Ќе правиме муабет после 10 години, од тие 930 студенти за 4 години ќе завршат сигурно 200, а за 8 години 80%. Рачунај дека секоја генерација е таква, а што се случува на останатите универзитети е пострашниот момент. Оди види колку завршуваат на Славјански, Климент Охридски, Гоце Делчев, Св.Апостол Павле, Европски, ФОН и тн, приватните школи за програмирање...
Еве прави муабет со почетниците колку лесно наоѓаат работа и каква понуда добиваат за почеток, веќе има фирми кои ги земаат како практиканти по 3-6 месеци за без пари, па после ако им треба некој го вработуваат за 250-300 евра плата, за дури после година и нешто да стигне до 400-500 евра плата. Пред 5 години за почеток беше тешко, али каде и да те земеа праксата ти ја плаќаа, се почнуваше со плати од по 300-400 евра и за една година немаше програмер што му фаќа тиквата без 500 евра, за после 2-3 години работно искуство истите да бидат со 800+ евра плата.
Проблемот за платите не е до презаситување на светот, туку на овдешниот пазар, како почетник програмер не те сакаат ни надвор, пак ќе треба да работиш тука за мизерна плата барем 2 години, па да се продадеш надвор за повеќе, што во суштина е во секоја област не само во информатика.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom