Ауфвидерзен Македонијо!

Член од
22 јули 2016
Мислења
1.748
Поени од реакции
750
А какви се реакциите на вашето поблиско семејство кога сте одлучиле да направите ваков чекор???

Кај мене дома е страшно. Од наредниот семестар треба да почнам да студирам а за кратко заминувам да работам.. Најдов добар универзитет, студиите ми се стипендирани, работава што треба да ја работам е поврзана со тоа што ќе го усовршувам.. и дома пак не се задоволни. Особено татко ми!
Секој ден караници, секој ден вика, не е задоволен, било што да кажам што е поврзано со тоа некако го трза, а од друга страна сака да знае што како.. ама не ми се зборува за да се карам.

Да останам овде нема шанси засега. Ниту имам пари да си платам докторски, ниту некој ќе ме вработи како магистер.Три години се мачам за мизерна плата од 12 000, неможам крај со крај да сврзам. Кога имам работа кога немам. Од лето за лето неможам да живеам.. така да мислам дека жансава за надвор треба да си ја искористам!
Како се справувате со ова??? Извинете можда малку оф топик ..
Докторски спомнуваш значи имаш најмалку 25 години.
Не си дете. Нема што тате да ти кажува што да правиш или нешто да му се правдаш.
Глеј си кај ти е најарно, тие се луѓе од друг век, со друг менталитет што денес тешко поминува.[DOUBLEPOST=1507464478][/DOUBLEPOST]
ќерката надвор многу полесно се снаоѓа од синот така да до човекот е, не е до полот!
не само тоа.
жените МНОГУ полесно се снаоѓаат во странство отколку мажите, секогаш.
од секој аспект. социјален живот итн итн.
за машко ќе биде потешко да најде странќиња за жена (нормално од повисок сталеж) а за женско да фати странец (од повисок сталеж) е многу полесно и практично правило.

И да тргнеме од нас Македонците во Македонија, да дојде некој од трета земја странец од понизок сталеж, нека биде од арапскиве земји или било каде. Полесно ќе биде за таков маж да земе Македонка девојка (нема шанси) или за нивна жена да влезе во наше семејство?
 
Последно уредено:
Член од
28 февруари 2017
Мислења
2.770
Поени од реакции
2.682
Докторски спомнуваш значи имаш најмалку 25 години.
Не си дете. Нема што тате да ти кажува што да правиш или нешто да му се правдаш.
Глеј си кај ти е најарно, тие се луѓе од друг век, со друг менталитет што денес тешко поминува.
За тебе не знам колку години имаш ама го гледам и оној битолчанецот со ист став, демек 25 години имаш што има да слушаш други. Ко татко и странец да е и не треба да се рецка два посто .
Дејчето едноставно сака нормално со убаво да си ја најде среќата надвор, 24-5 години живеела во тоа семејство ја растеле не и е сеедно некој да е повреден од нејзините постапки.
Ама со убаво се ќе си дојде на место, ќе се свести и родителот дека овде не а бива!
 
не реков да не го рецка 2%. но, реално ако нејзините имаат менталитет што практично и штети, подобро за неа, а и на долг рок за СИТЕ, е таа да си гледа тоа што е најарно за неа.
 
Петра П.

насмевка
Член од
16 јануари 2008
Мислења
2.724
Поени од реакции
6.297
А тоа што татко ти се лути, он повеќе си е лут на себе што не можел да ти обезбеди покомфорни услови, макар што пак е грешка, не е до него до државата е !
Така да , пали патиките и со среќа нека ти е!
Ха.. точно така .. и муабетот секогаш завршува.. јас правам се за да останеш тука, а ти сакаш да заминеш за еднаш во годината да се гледаме и да те мислиме цело време.
Инаку иста професија имаме .. и мислам дека тоа му е најголемата болка.
И незнам како дошло до ова, бидејќи и тој одел во странство да размени искуства со колегите, одел по конференции, и уште оди .. ама јас најубаво да си седам дома. И за се досега бил скептик, за секој мој успех .. иако ништо не сум добила лесно и на поклон .. и секогаш имало доста пречки и за време на додипломските и сега за магистрирањето, за работата, за се.. Не велам дека се* сама сум постигнала. тука била и помош и верба од другите, ама сепак тешко е кај нас.

Ќе му помине, за да е сигурен дека си отишла на подобро откако ќе завршиш ќе му платиш една карта да дојде таму да те види, немој да бидиш класичен балканец и да трчаш во Македонија секој месец, викни ги еден по еден таму да прошетаат и да видат дека дури Македонија се труе народот со глупости и мрази се околу себе, светот е далеку отиден понапред.!
Секако .. јас да можам сите топтан би си ги зела :)

Докторски спомнуваш значи имаш најмалку 25 години.
Не си дете. Нема што тате да ти кажува што да правиш или нешто да му се правдаш.
Глеј си кај ти е најарно, тие се луѓе од друг век, со друг менталитет што денес тешко поминува.
Абе не е баш така.. кога нешто е важно за тебе тогаш сакаш најблиските да го разберат тоа..

Ама сепак изгледа нема друг начин .. Благодарам на сите за советите и убавите желби, убаво е да се слушни нешто надвор од кругот.
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
23.600
Поени од реакции
38.754
Порано беше многу активна темава, но откако се смени Грујо дојде живот во Македонија и народот не се иселува:)
 
Член од
15 март 2010
Мислења
5.863
Поени од реакции
6.370
Порано беше многу активна темава, но откако се смени Грујо дојде живот во Македонија и народот не се иселува:)
Напротив ќе се враќа назад во МК , јас сум ти жив пример :) . Животе хир ај кам :oeoeoe:
 
Член од
24 јуни 2011
Мислења
522
Поени од реакции
462
А какви се реакциите на вашето поблиско семејство кога сте одлучиле да направите ваков чекор???

Кај мене дома е страшно. Од наредниот семестар треба да почнам да студирам а за кратко заминувам да работам.. Најдов добар универзитет, студиите ми се стипендирани, работава што треба да ја работам е поврзана со тоа што ќе го усовршувам.. и дома пак не се задоволни. Особено татко ми!
Секој ден караници, секој ден вика, не е задоволен, било што да кажам што е поврзано со тоа некако го трза, а од друга страна сака да знае што како.. ама не ми се зборува за да се карам.

Да останам овде нема шанси засега. Ниту имам пари да си платам докторски, ниту некој ќе ме вработи како магистер.Три години се мачам за мизерна плата од 12 000, неможам крај со крај да сврзам. Кога имам работа кога немам. Од лето за лето неможам да живеам.. така да мислам дека жансава за надвор треба да си ја искористам!
Како се справувате со ова??? Извинете можда малку оф топик ..
Си ќутиме сите а на сите ни е тешко, досега одев само на лето ама сега добив документи за стално, единец сум па сега им е тешко, посакувам да имаа уште едно дете што ќе седи тука и ќе имаат некој покрај нив, иако се релативно млади. Ама тоа е, во прва прилика ќе гледам да ги земам со мене.
 
Толстој

екс Бомбастичен
Член од
28 септември 2012
Мислења
11.920
Поени од реакции
11.945
http://republika.mk/835904

Ако ова се деси пола држави на балканов ќе останат со 50% од својата популација. Мислите дека е возможно?
 
Член од
22 јули 2016
Мислења
1.748
Поени од реакции
750
http://republika.mk/835904

Ако ова се деси пола држави на балканов ќе останат со 50% од својата популација. Мислите дека е возможно?
Германците се организирани нема да остават на рекла казала вакво нешто 2 месеци пред да се "оствари".
Ако 1.1.18 требаше да има вакво нешто ќе го објавеа уште 16та..
Тоа што е република е бонус[DOUBLEPOST=1508273683][/DOUBLEPOST]
Си ќутиме сите а на сите ни е тешко, досега одев само на лето ама сега добив документи за стално, единец сум па сега им е тешко, посакувам да имаа уште едно дете што ќе седи тука и ќе имаат некој покрај нив, иако се релативно млади. Ама тоа е, во прва прилика ќе гледам да ги земам со мене.
Каде си?[DOUBLEPOST=1508274035][/DOUBLEPOST]
Абе не е баш така.. кога нешто е важно за тебе тогаш сакаш најблиските да го разберат тоа...
Абе знам ама не разбираат. Луѓе од друго време се. А знаеш и сама дека не можеш да ги смениш, тоа не иде така. Се губи огромна енергија со убедување за пак да биде џабе. Единствено на дело кога ќе те видат остварена и успешна, на бидната работа, можеби ќе ти речат браво во право беше што не нѐ послуша..
 
Последно уредено:

PIRATIC

diplomiran klozetar
Член од
26 јануари 2012
Мислења
7.854
Поени од реакции
6.495
Порано беше многу активна темава, но откако се смени Грујо дојде живот во Македонија и народот не се иселува:)
После 1 јуни оваа година откако се креира новата влада никој веќе не се иселува од државава да (n)
 
Член од
12 декември 2007
Мислења
4.730
Поени од реакции
9.770
http://republika.mk/835904

Ако ова се деси пола држави на балканов ќе останат со 50% од својата популација. Мислите дека е возможно?
Како тоа ќе се исели некој во ЕУ без да оди во амбасада и да добие официјален, регулиран престој или виза? Спротивно на сите закони на Германија и ЕУ е ова. Олеснувања веќе има за оние со МК пасоши, треба само да најдат работа и по 10 минути во амбасада си чекаат и добиваат работна виза. Полесно од ова здравје. Она што сега се размислува е моделот што Германија го применува со МК, Србија да се прошири со нови држави. Или се наивни или намерно сакаат срање од секаде да увезат, не се информирани какви далаверџии се останатите.

Статијава во пола параграф 5 правописни грешки, содржински е рекла казала муабет на кафе еј брат абе у Германија ќе може без виза и регулиран престој. Па и ова

"Во моментов во Германија можат да се вработат само граѓаните со ЕУ паосш."

Изгледа ги сонувам сите овие години што работам со МК пасош овде :toe:
 
пунтер

betfair trader
Член од
21 март 2011
Мислења
4.914
Поени од реакции
7.834
еве добра шанса за нашите потенцијални иселеници
ШВАЈЦАРСКО СЕЛО ЌЕ ПЛАЌА ПО 70.000 ФРАНЦИ ЗА СЕКОЕ СТРАНСКО СЕМЕЈСТВО ШТО ЌЕ СЕ ДОСЕЛИ
https://365.com.mk/263743/shvajtsarsko-selo-ke-plaka-po-70-000-frantsi-za-sekoe-stransko-semejstvo-shto-ke-se-doseli
На 30-ти ноември, жителите на швајцарското село Албинен (во кантонот Валеи) ќе одлучуваат по новиот предлог според кој на странците што ќе се решат да се доселат и живеат барем 10 години во селото, ќе им се исплатат и до 70.000 евра за четиричлено семејство.

Албинен, каде моментално живеат 240 жители, е уште едно од многуте села во Швајцарија кои во последните години доживуваат масовно иселување, особено на младите семејства. Иако е полно со викендици, селото во последните години го имаат напуштено три семејства со осум (вкупно) деца, по што локалната власт морала да го затвори локалното училиште. Затоа сега жителите бараат од локалните власти да преземат мерки со кои Албинен ќе се врати во живот и ќе му се обезбеди опстанок и иднина.

Планот што се разгледува, како што спомнавме, е на семејствата и поединците, Швајцарци или странци, да им се исплатат по 25.000 франци за секое возрасно лице и дополнителни 10.000 франци за секое дете. Според тоа, четиричлено семејство би добило неповратен бонус од 70.000 франци.
 
Се разбира, постојат услови. Освен тоа што доселените мораат да живеат во селото барем 10 години, мора и да се помлади од 45 години, да инвестираат во купување или изградба на куќа со најмалку 200.000 франци, и тоа да им биде постојана адреса, а не викендица.

Доколку имам 200.000 и ЕУ пасош (ти треба или тоа или швајцарска дозвола за престој), Швајцарија со нивните цени би ми била последна дестинација за иселување. Со 200.000 само Полска, Чешка, Естонија. Светлосни години пред МК во поглед на животни стандарди, здравство, образование итн. ама со прифатливи цени за разлика од Западот.
 
веќе кога се фати за тие 200К, тие сигурно нема да ги бараат во кеш, сигурно ќе биде нешто во вид да се земе кредит за куќа.
 
INDIJANEC123

Женкар, Илуватар
Член од
17 март 2014
Мислења
3.815
Поени од реакции
6.373
Ако било убаво и Швајцарците ќе седеле таму. Тие пари што ги даваат се 5 просечни швајцарски плати а те обврзубаат 10 год во старечки дом да живееш.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom