rossonerka
too good to be true
- Член од
- 8 октомври 2007
- Мислења
- 6.081
- Поени од реакции
- 889
Аутлет продавници се продавници на брендовите со стари колекции каде може да се најдат одлични и квалитетни парчиња гардароба по многу ниска цена.
Но за жал истите кај нас речиси и на прсти можат да се избројат. Ако во странство постојат огромни трговски центри со аутлет продавници, кај нас ваквите продавници речиси и да ги нема.
Пред некоја година се отвори Зара аутлет, што немаше благе везе, затоа што цените беа огин и пламен за аутлет колекции. А колекциите беа од пред 10 години. Лупни му на македонче нешто старо и скапо а брендирано и ќе се залета да купи. Жива среќа што се затвори продавницата.
Во Соравија треба да има продавница со аутлет колекции на Мис сиксти и Енерџи, ама никако да се отвори.
Виктор Шевињон имаше порано во подрумот во Буњаковец, ептен забутано, ама не знам дали сеуште ја има.
Дури се зборува за многу аутлет продавници кои се надвор од центарот на Скопје, па многу малку луѓе знаат за нив.
Моментално во Евроазија има аутлет колекции на Бершка и Страдивариус но се најавувани како нови колекции! Нормално со високи цени. Овци сме па не стрижат.
Моментално аутлет продавница за спортска опрема 3М Спорт има во салата Борис Трајковски, каде има одлична спортска гардароба и чевли.
Сте купувале од Македонија од аутлет продавници? Или пак од странство?
Или пак не сакате да купувате од вакви продавници, сакате само нови колекции не стари неколку сезони. (што нема да ме чуди да го кажат многу македонки )