Аутизам

  • Креатор на темата Princ
  • Време на започнување
P

Princ

Гостин
Ќе ја отворам темава со прилог на А1 телевизија

Прави линии, долги мазни површини ги фасцинираат аутистите. Тоа се луѓе кои имаат слаб или воопшто немаат интерес за социјализација. Имаат ограничени повторувања на однесување.

И нашиот мал пријател Горазд го стимулираат вакви површини. Тој е аутист. Неговата мајка Мелита со задоволство не прими во нивниот дом да го запознаеме Горазд, да ни раскаже како е да се живее со аутист. Кога бил мал, родителите мислеле дека детето е глувонемо.

„Детето сосема се повлече во себе и тоа претпоставувам дека е типично за многу деца што се во спектарот на аутизмот. На сите нив, од 2 до 3 години им се случува регрес, како да се гаснат и да се исклучуваат“, вели Мелита Илиевска, мајка на Горазд.

Но по одењето по многу болници, клучен бил Белград. Таму им кажале дека Горазд е аутист. Во Македонија до седум годишна возраст ретко кој ја дава оваа дијагноза.

„На пример, во Америка се размислува на 48 часа неделно. Кај нас се размислува на само еден час неделно“, објаснува Мелита.

Најважно за овие деца е да се социјализираат со помош на нивните родители, да се работи со нив, не да се кријат проблемите. Развојот и успехот оди бавно, но успеси има. Иако не зборува, тој одлично се снаоѓа во просторот.

„Јас секаде зборувам за Горазд, сите се обидувам да ги информирам дека тоа е така, но дека децата учат и дека ако му се обратат ќе им одговори, дека што повеќе луѓе зборуваме со него, тој ќе успее да се отвори и ќе успее да прозбори“, вели Мелита

Кај малиот Горазд веќе има позитивни чекори, учи дека по галењето на новиот член во смејството кутрето Беа, да ги измие рацете. Не се знае бројката колку аутисти има во Македонија.
Видео од емисијата на А2 на која гости беа Роберт Ивановски - претседател на здружението на родители за деца со аутизам, професор Владимир Трајковски - институт за дефектологија и Мери Стојкова - директор на посебното основно училиште "Златен Сремац".






Дали познавате луѓе со аутизам? Каков е нивниот однос према околината и обратно, кои се нивните посебни потреби? Доколку сакате, можеме да поразговараме за тоа.
 

اختيارين أحلاهم

اسامة شخصيا
Член од
30 мај 2009
Мислења
90
Поени од реакции
5
Емисијата беше во ред.

Таткото на дете болно од аутизам беше во право кога кажа дека во Македонија НЕМА специалисти за оваа болест.
Поканиле филозоф (дефектолог) и уште еден филозоф (дефектолог)-директорот на училиштето и се чукаат во гради како имало специалисти во Македонија.

Пред се, за болните од аутизам се потребни медицински специалисти, спец. невролози и психијатри, а после тоа помагаат филозофите (дефектолозите) во терциалното здравство, во рехабилитацијата на овие лица.

Така да во МК нема специалисти не само за аутизам туку за сите високо-специфични и ретки болести.

Јас од дамна се занимавам со една ретка болест Марфанов синдром, и во МК НЕМА апсолутно никаква статистика и никакво организирање, никакво знаење, тотална глупост и дезорјентација.

Господ да им е на помош на овие лица и родители.
 
P

Princ

Гостин
Епа ајде да направиме една "колекција/база на знаење" овде. Не има од различни "струки", со различни знаења, со различни искуства...
Се согласувам дека институциите не знаат, ама барем да помогнеме на некој што случајно или намерно би се нашол на темава :)
 

B. Boop

Princ: Најозбилна...
Член од
19 мај 2006
Мислења
1.302
Поени од реакции
262
Еве интересен линк на темава:
http://www.webdoctor.com.mk/index.aspx?IDPage=257&id=196


Еве позитивен пример во Македонија:

Паралелка за деца со аутизам во Струмица


СТРУМИЦА - Речиси по четири години од иницијативата за вклучување на децата со аутизам во основното образование, вчера во Струмица почна со работа првата паралелка за деца со таков вид попреченост. На почеток се формирани две групи со по четири ученици со аутизам на различни нивоа. Организатор на наставата е ОУ „Сандо Масев“ од Струмица. Во Струмица има петнаесетина деца со ваква попреченост, кои со помош на родителите, Министерството за образование, локалната самоуправа и специјализираните наставници се очекува да бидат вклучени во процесот на образование. (С.Т.)


http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=89E708782B0B89498E2D42857A7A4AE1
 
Член од
27 април 2009
Мислења
217
Поени од реакции
13
Imam slusnato deka licata koj boleduvaat od autizam se pod dieta. odnosno ne smeat da jadat odredeni produkti kako sto e beliot leb...
 
Член од
15 јануари 2008
Мислења
5.041
Поени од реакции
12.031
Во Скопје, мислам дека се вика Институт за слух, говор и глас на времето се работеше со дечиња со аутизам. Во Скопје дури е одржан и еден од позначајните семинари на тема „аутизам“, а бил разгледуван и посебен софтвер за помош на овие деца.
Инаку, како возрасни, можат да работат еден специфичен профил на професии во кои дури можат да бидат и многу успешни. (библиотекари, се што има врска со систематизација...)
Важно е само да се прифатат такви какви што се и да се вклопуваат во специфични дејности.
Ако не се лажам бројките велат дека повеќе од 1% новородени деца се аутистични, што дефинитивно не е мала бројка за да се подцени нивното третирање.
 

B. Boop

Princ: Најозбилна...
Член од
19 мај 2006
Мислења
1.302
Поени од реакции
262
Убава вест :):

ПО ЕДИНАЕСЕТ ТРЕТМАНИ ВО ХИПЕРБАРИЧНА КОМОРА ВО ОХРИД
Прозборе шестгодишно дете со аутизам

Аутистичното дете првпат проговорило по третманите со чист кислород под притисок во Општата болница во Охрид
Само по единаесет третмани во хипербаричната комора во Општата болница во Охрид, шестгодишно дете со аутизам првпат проговори. Ова, според лекарите, било првпат дете со ваква дијагноза да проговори.
Д-р Горан Балески кој, заедно со д-р Ристо Медароски, работи на хипербаричната комора, вели дека аутизмот е патолошка појава на организмот која се класифицира како психичко растројство кое се манифестира со отсуство на комуникација и присуство на сиромашни и стереотипни активности. За последниот успех во користењето на хипербаричната комора, д-р Балески ни изјави:
"Од пред шест месеци за првпат почнавме да ја користиме хипербаричната комора за лекување на аутистични деца. Кај пациентот што проговори беа направени 40 третмани во 20 дена, под притисок од 1,5 бари, и тоа според протокол. Петнаесет минути имаше покачување на притисокот, 50 минути тераписко дејство на 100 отсто кислород, а потоа следеше 5 минути спуштање на притисокот во комората. Со ваков третман состојбата кај детето се подобруваше од ден на ден и, по 11-тиот третман тоа за првпат проговори. Немаше крај на нашата радост. Ова првпат го доживеав како доктор. Детето една година не треба да влегува во ваква комора, а натамошната грижа ќе ја преземат други лекари таму каде што живее. Детето на заминување ми довикна: 'Чао, Горан'. Не можам да ви опишам колку бев среќен", раскажува д-р Горан Балески.
Родителите велат дека детето претходно било и на друга терапија, а во Охрид дошле по препорака на луѓе од нивниот град. (Д.Ч.)

http://www.vest.com.mk/?ItemID=559D6C1401CB484C99DEBA6A49328372#at
 
Член од
24 јуни 2009
Мислења
447
Поени од реакции
164
Дали се знае бројот на децата кој боледуваат од оваа болест кај нас?
 

delfybuba

Schatje
Член од
22 октомври 2008
Мислења
1.212
Поени од реакции
93
И мене ме зинтересира истото,зошто многу почесто слушам дека има вакви деца.
И кои се причините за аутизам???
 

B. Boop

Princ: Најозбилна...
Член од
19 мај 2006
Мислења
1.302
Поени од реакции
262
И мене ме зинтересира истото,зошто многу почесто слушам дека има вакви деца.
И кои се причините за аутизам???

Ова е дел од еден текст:

... А сега што го предизвикува аутизмот

Откако истражувачите ги отфрлија емоционалните причини за аутизмот стана јасно дека мора да има биолошка основа во нарушувањето. Има бројни значајни показатели за биолошката причина:
1. Аутизмот често е придружуван со други невролошки симптоми;
2. Аутизмот често е асоциран со други потешкотии во учењето;
3. Аутизмот често е придружуван со епилепсија;
4. Мајките на луѓето со аутизам често кажуваат за потешкотии во текот на бременоста;
5. Други состојби како што се вирусните инфекции, метаболни состојби и генетски абнормалности се тесно поврзани со аутистичниот спектар на нарушувања.
Зајакнати со оваа теорија истражувачите беа соочени со можноста да се обидат да ја изнајдат причината. Како и да е, стана јасно мошне брзо дека би било неверојатно една единствена биолошка причина да го предизвикува аутизмот. Најпосле има многу лица кои немаат некоја видлива медицинска состојба која би била веројатна за да го предизвика нарушувањето и кои што немаат потешкотии во учењето и не се епилептичари.
Меѓутоа, кога биле направени студии на група на деца со аутизам, истражувачите забележале дека голем број на познати типови на медицински состојби биле пронајдени кога ги споредиле со групите на деца кои не се дијагностицирани како аутистични.
На овој начин импликацијата беше јасна- во сите случаи на лица со аутизам биолошката причина лежи зад нарушувањето, иако природата на оваа причина е идентификувана во многу мал број на случаи...

http://mssa.org.mk/index.php?option=com_content&task=view&id=18&Itemid=36#6


Околу бројот на деца кај нас:

... Дени е само едно од 80-те регистрирани деца со аутизам во Македонското научно здружение за аутизам (МНЗА). Но, според д-р Владимир Трајковски, кој е единствен специјалист за аутизам и претседател на МНЗА, кај нас има приближно 2.000 лица со аутизам...

http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=2&tabid=1&EditionID=1135&ArticleID=72964
 

Тикви4ка

Нарцис со сина крв
Член од
1 март 2007
Мислења
3.134
Поени од реакции
273
Во Скопје, мислам дека се вика Институт за слух, говор и глас на времето се работеше со дечиња со аутизам. Во Скопје дури е одржан и еден од позначајните семинари на тема „аутизам“, а бил разгледуван и посебен софтвер за помош на овие деца.
Инаку, како возрасни, можат да работат еден специфичен профил на професии во кои дури можат да бидат и многу успешни. (библиотекари, се што има врска со систематизација...)
Важно е само да се прифатат такви какви што се и да се вклопуваат во специфични дејности.
Ако не се лажам бројките велат дека повеќе од 1% новородени деца се аутистични, што дефинитивно не е мала бројка за да се подцени нивното третирање.
институт за рехабилитација на слух, говор и глас
 
Член од
30 април 2009
Мислења
795
Поени од реакции
91
Аутизмот е болест. Аутизмот е класифициран во групата на тешка ментална ретардација. Во МК постои здужение на родители кои имаат деца болни од аутизам.

Говорот ретко се развива.ако се равие до третата година подоцна почнува да пропага. Проф. д-р Ристо Петров редовен професор на дефектологија заедно со неговата жена работат на оваа проблематика, нормално и со други стручни соработници.
Причини има многу за појава на болеста.
 
Б

Бат Елохим

Гостин
Аутизам е нарушување на нервниот развој, која се карактеризира со намалена социјална интеракција и комуникација, и со ограничено однесување или повторувања. Овие знаци најчесто почнуваат пред три годишна возраст.

Аутизмот има генетска основа,а во ретки случаи, аутизмот е тесно поврзан и со можни дефекти при раѓањето. Се верува дека може и да е последица на животната средина и други причини, како што се тешките метали, пестициди или вакцини. За последното нема никаков доказ.

Прочитав погоре за ментална ретардација... значи вака: нема доказ дека мозокот на аутистите е оштетен, а и исто така кај некои видови аутизам мозокот не е воопшто оштетен туку само е исклучен за нашата реалност. Кај нас докторите се малку крути за такви состојби па веднаш етикетираат некого за ретардиран, а уствари они себе си се опишуваат и нивната неспособност да мрднат од точка на демир капија и социјализација барем на неретардираните,додека на запад постојат програми со кои аутистичните или барем некои од нив (што е успех, за разлика од тука) успешно се враќаат од нивниот сон. Инаку кај нас се уште се користи зборот ретардирани во медицинските кругови што лично мислам дека е катастрофа, наместо да се замени со луѓе со посебни потреби.
 
Член од
30 април 2009
Мислења
795
Поени од реакции
91
да по соодветен термин е лица со посебни потреби, но овој термин е широк така да тука спаѓаат и лица со надпросечна интелигенција за кои се портебни посебни услови на третман, школување и тн. Терминот ретардиран е исфрлен од употреба во медицинската, дегектолошката литература. По соодветен термин би бил лица со пречки во развојот.
Постојат мозочни аномалии и тоа е докажано.

Тотално будење од нивниот свет не е можно бидејќи нема биолошка предиспозиција за тоа, но има успех во нивното социјализирање.
 
P

Princ

Гостин
И јас (непријатно) се изненадив кога прочитав дека аутизмот е класифициран како ретардација. Јас според тоа што го знам, аутистите се само исклучени од светот и нивното опкружување и умеат да бидат исклучиво интелигентни.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom