Аудио книги

  • Креатор на темата Daedalus
  • Време на започнување
D

Daedalus

Гостин
Не видов тема слична на оваа, па решив да отворам дискусија за ваше искуство како и мислење за аудио книгите. Во последен период практикувам секаде каде што одам да одам со аудио книга и практично не "трошам" време за читање на книгите, а сепак имам можност да ги "ислушам" книгите кои сум планирал да ги поминам. Истовремено одам пешки секаде, што би му дошло како практично користење на времето ако се нема време за читање на книгата.

Има различни предности како и недостатоци во "слушањето" наместо читањето на книга. Предностите би биле можноста за мултитаскање, соживувањето со нараторот и неговиот глас ако е добар и ако добро ги доловува моментите од книгите, не бара вложување на било каков напор за читање и може да се извршува додека се прават други автоматски активности кои не бараат голем фокус.

Некои луѓе од друга страна се жалат поради неможноста да го задржат вниманието на аудио книгата со што треба да ја мотаат назад, да се навраќаат на делови кои ги заборавиле и слично.
Друг проблем е што за некои други, темпото на гласот на нараторот не им прија (пребрзо/преспоро).

Какво е вашето искуство со аудио книги и дали мислите дека традиционалната форма на пишана книга треба да се задржи како најдобра?
Мој став е дека се додека информацијата од книгата е пренесена, дали аудиторно или визуелно, муабетот е ист, не е важен начинот на кој е восприемана самата книга.
 

GoD.HateUSaLL

Фар акрос д диштанс
Член од
30 март 2008
Мислења
8.339
Поени од реакции
8.238
Веќе две години секоја вечер си легнувам со аудио-книга, 40 минутни вожњи у бус па и од време на време си правам некој вид активна медитација каде што 2 сааати седам и не правам ништо освен што слушам аудио книга. Добра замена ми е пошо чекам да ми стигне киндл па ми смирува стреп, а читање напорни книги пред пц не ми е баш омилена ствар. Дека е јака ствар, јака е, ама дека е боље од книга, јок. Боље е ако слушаш лабава литература, али сериозна научна/филозофска тематика кај шо треба да застануваш и препрочитуваш пасуси да ги протумачиш, активно да им го наоѓаш местото во твојот pre-existing belief structure преку компарации, ексклузии и тако даље... Не се споредуе со книга.
Се слагам со тебе дека медиумот не е битен ако инфото е пренесено во оригинална презервирана форма. Кога слушам предавање или аудиобук сакам само да слушам. Активен труд на обзервација и ништо повеќе. Не анализирам не маштам не праам ништо, само впивам in real time. Од друга страна, кога читам, пошо таква литература читам, фактички учам. Застанувам, повторувам, размислувам, асоцирам, споредувам, судам и тако даље. Така да аудиобукот за мене тука има одредени пропусти.

So.. yeah..
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.312
Поени од реакции
29.779
Нема најдобар медиум, има само најсоодветен медиум за разни ситуации.
На пример, не ви се случило некако да почне да ви се лоши кога подолго време читате книга во автобус или во кола?

Проблемот со визуелното читање во превозни средства е морската болест, или по енглески motion sicknes. Тоа практично е пренатрупување на мозокот со информации за процесирање. Во исто време периферната визија постојано регистрира движење (од сите страни окулу книгата или ебук ридерот), увото регистрира звуци но и физичко поместување (внатрешното уво), движење и потскокнувања и вибрации на возилото.
Сето ова мозокот го процесира и се јавува overload од сензорните влезови. Резултатот е лошење, во поекстремните форми дури и вртоглавици и повраќања.

Затоа аудио книгите за мене се совршени за во автобус, автомобил, воз и слични превозни средства. Седуваш удобно, затвараш очи и ставаш слушалки на уши (и тоа од оние слушалки кои влегуваат во уво и со тоа делумно го изолираат/намалуваат звуците од околината (екстра корисно кога до вас има зборливи жени)). Jас моментално најмногу ги корисам овие слушалки.
Најчесто така и ги слушам аудио книгите, во автобус, многу поретко слушам кога сум дома. Но аудио книгите се згодни и во ситуации кога не сум во состојба да го носам ебук ридерот со себе (на пример: некогаш на плажа, инциденти ситуации кога мора да чекам нешто, и слично).
Инаку би сакал да најдам соодветни слушалки за слушање додека возам точак. Тоа би била совршена занимација додека се вози точак. Неколку спортски модели од слушалки што ги пробав сите имаат слични проблеми, движењето на ветерот покрај каблите многу се пренесува како звук во слушалките и заради тоа слабо се разбираат аудио книгите иако јачината на звукот е прилично голема.

Тука идеме и до еден здравствен проблем кој треба да се знае. Долги периоди слушање од слушалки го ослабуваат слухот. Додатен проблем од тој аспект е и потребата од поголема децибелажа за да се разбере и да се следи зборувањето (за разлика од потребната јачина за нормално слушање музика). Оштетувањето на слухот од премногу слушање од слушалки е најизвесно кога е голема јачината на звукот што се слуша.


За крај нешто за разликата во доживувањето. Ретки се тие наратори кои прават совршено добра работа во внесувањето во атмосферата на книгата. Тие наратори кои не успеваат во тоа, ја расипуваат атмосферата. Лошо реплицирани дијалози знаат да ги направат банални и одличните текстови.
Додатен проблем е и достапноста на одредени книги во аудио формат. Популарните наслови скоро сите ги има, но тоа не е случајот и со другите книги.

Затоа јас лично, прво гледам каква достапност има на аудио книги кои би сакал да ги читам. Потоа барам мислења за квалитетот на работата што ја завршил нараторот. Тие аудио книги што го исполнуваат критериумот за интерес и добра нарација, тие книги не ги читам на ебук ридер и ги оставам во „резерва„ за слушање.
 
Последно уредено:

Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.720
Поени од реакции
18.457
Самата книга е најдобар медиум, киндл миндл - аудио книги, ништо не доаѓа ни блиску.
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.312
Поени од реакции
29.779
Бах, уште еден од љубителите на книги од мртви дрва. Полоши од вас се само тие што упорно одбиваат да инсталираат биде дома. ;)
 

Srcee

Unforgettable
Член од
29 април 2008
Мислења
5.275
Поени од реакции
3.496
Самата книга е најдобар медиум, киндл миндл - аудио книги, ништо не доаѓа ни блиску.
Треба да му дадете шанса на киндлот, навистина по ништо не заостанува над книжните книги.
 

Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.720
Поени од реакции
18.457
Перцепцијата е сосема различна...
 

ficdogg

221b
Член од
29 септември 2008
Мислења
1.105
Поени од реакции
699
Самата книга е најдобар медиум, киндл миндл - аудио книги, ништо не доаѓа ни блиску.
Ај сега и ти како да имаш фетиш за хартија :)

Јас секогаш викам важни се зборовите и идеите позади нив, не медиумот преку кој се пренесуваат.
Иако читање и слушање се когнитивно практично идентични, читањето е активен процес што те тера фокусот да ти биде врз тоа што го читаш, додека слушање аудио книги, ти ги остава очите слободни да шетаат со што се зголемува шансата да не внимаваш на тоа што го слушаш затоа што скоро секогаш даваме предност на тоа што ни е во фокус пред очите.
Тука имаат направено тест и е добро објаснето.
http://www.fastcodesign.com/3026224/evidence/your-brain-on-audio-books-distracted-forgetful-and-bored

Јас лично од аудио книги слушам само стручна литераура, стилот на пишување е поконверзационален и во прво лице, така да имаш чувство како некој да ти зборува/објаснува на тебе. Од друга страна пак пробав да ја слушам Хери Потер со нарација од генијалниот Стивен Фрај, но не е тоа тоа.

ПС
Kindle FTW :D
 

Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.720
Поени од реакции
18.457
Не е за фетиш, книгите поинаку се доживуваат (перцепција) кога се читаат во нивниот примитивен формат.
 

Tegla

Interista
Член од
20 февруари 2012
Мислења
5.094
Поени од реакции
9.015
И јас сум на исто мислење со Psyside. Станува збор чисто за вкус и навика, но највеќе можам да се внесам во класична книга. Сакам книги со тврди корици, да осетиш дека нешто држиш во рака и кога ќе ја отвориш мирисот на хартија... милина. :)

Свесен сум за предностите кои ги нудат другите 2 формати и не ги отпишувам. Не сум против читање на ebook на таблети и сл, ниту пак сум против аудио формат, но едноставно не се за мене.

Еднаш ја симнав The Sillmarillion во аудио формат за да ми помогне со изговорот на имињата и локациите на хартиената копија која веќе ја поседував, но неможеше да ми го задржи внимание па премотував назад многу често. Некогаш се навраќам и пречитувам пасуси или реченици па хартиениот формат ми е попрактичен.

И што знам некако ми е по кул со полици исполнети со книги него таблет/walkman на биро.:)
 
Член од
5 јануари 2008
Мислења
2.801
Поени од реакции
3.053
И читањето и слушањето си имаат предности и недостатоци. Кога би имал повеќе слободно време би читал. Но кога пополнувам дупки додека одам или се враќам од негде аудио книги се супер.

И многу е битен нараторот има некои книги само поради него не сум можел да ги слушам. Мразам монотон механички глас ќе ме успие одма.
 
Член од
19 јуни 2012
Мислења
404
Поени од реакции
417
Некоја web-страница, за спуштање аудио-книги ? Пробав со Audible.com , ама не можев да слезам ?! :(
 

Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.612
Поени од реакции
31.819
Баш пред неколку месеци ми накурчи да заспивам со музика, па испосимнав од интернетов, Авантурите на Шерлок, LOTR и Хари Потер. Со добра нарација, барав шуркав. И кога си легнував ги пуштав и слушав дури сонот не ме надваса. Онака убав филинг. Наредниот ден до кај шо ме држеше меморија дека сум слушал, продолжував.
 

Srcee

Unforgettable
Член од
29 април 2008
Мислења
5.275
Поени од реакции
3.496
Некоја web-страница, за спуштање аудио-книги ? Пробав со Audible.com , ама не можев да слезам ?! :(
На торенти баеѓи се наоѓаат.

Јас кога ја читав од Тина Феј Bossypants, читав после тоа во коментарите, појшемина од луѓето кои ги следам ја слушале наместо да ја читаат и имаа искоментирано дека е боље така и дека кој не ја слушал нарацијата многу пропуштил. Ми беше криво кога го прочитав тоа, се покајав што не сум ја симнала во аудио верзија.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom