Заврши и атлетикава, секогаш кога се пренесува некое атлетско првенство, дали е тоа светско, европско или Олимписки игри окапувам пред тв и по цели денови гледам поготово кога преносите се на пладне, нема боље, сред лето надвор 50 степени ти си глеаш атлетика, уште Калински коментатор, порно.
Увек коа ќе завршат тие 10тина дена пренос, ми фали после, што не случај со европско и светско првенство у фудбал.
Летово видовме некои нови лица, нови шампиони, нови рекорди.
Aмериканците имаа највеќе медали, 31 од кои 13 злата, па следува Јамајка со 11/6 и Кенија 12/5.
Не памтам кога последен пат Етиопија завршила само со 1 злато.
Хрватска има 2 злата од вкупно 3 медали, ист учинок има и Германија и заедно со Велика Британија која собра 7 медали од кои 2 злата ги прави најдобри 3 европски земји.
Србија има 1 бронза.
Атлетиката заврши со вкупно 8 нови рекорди од кои 5 олимписки и 3 светски.
Нови олимписки рекордери се:
Тијаго Браз да Силва во скок со стап, 6.03 е височината која ја прескокна новата бразилска надеж и можеби нов владетел на оваа дисциплина.
Консеслус Кипруто од Кенија за 8:03,28 минути ја заврши трката на 3.000м стиплчес.
Рајан Краузер од САД во фрлање ѓуле, 22.52 метри.
Ештон Итон од САД со вкупно 8893 поени го заврши десетобојот.
Вивијан Шерио од Кенија за 14:26,17 минути истрча 5.000 метри.
Светски рекордери:
Алмаз Ајана од Етиопија на трката на 10.000 метри, 29:17,45 мин.
Вејд Ван Никерд од ЈАР за 43:03 секунди истрча 400 метри.
Анита Влодарчук од Полска во фрлање кладиво, 82.29 метри.
За мене најголемо изненадување на Олимпијадава е Елејн Томпсон златната на 100 и 200 метри кај жените, Тијаго Браз да Силва во скокот со стап и Сандра Колак во фрлање копје.
Еј да, и да не се заборави златниот медал на Шона Милер на трката на 400 метри кај жените кој го заработи со голманска парада, ко Ноер на утакмицата Интер-Шалке коа Деки Станковиќ му дае гол од центар.
Се глеаме следното лето во Лондон на Светско првенство бајовци.