Атлетика, Пекинг 2008

  • Креатор на темата Ајсшутер
  • Време на започнување

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Калински изгледа ја свиѓа, онакво дерење немаше Кометал шампионки кога станаа:pos:
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
12.406
Поени од реакции
543
А иначе на трката на 400 метри со пречки у машка конкуренција победи ветеранот Енџело Тејлор, втор беше Клемент, а трет Џексон, значи тројна победа на Американците.
Саладино скокна 8.34 метри за златен медал...
 
^Exotic^

Wanderstruck
Член од
25 ноември 2007
Мислења
5.969
Поени од реакции
1.059
Калински изгледа ја свиѓа, онакво дерење немаше Кометал шампионки кога станаа:pos:
Човеков е ненормален.Се дере ептен.Не е за коментатор овој.

"И дали ќе може?Ќе може, Исинбаева скокна.Нов светски рекорд, ете на сите монитори пишува нов светски рекорд!Сега ќе рипа, ќе скока ќе позира, ете го знамето, руското знаме!"

Не е нормален:pos:
 
Член од
8 август 2007
Мислења
1.541
Поени од реакции
48
Мислам дека најмногу викаше кога победи Усеин Болт. Мислев дека ќе го стрефи инфаркт во еден момент. :pos2:
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
12.406
Поени од реакции
543
Ех.. Калински, посебна приказна. Не е тој за коментатор, башка колку само неточно ги чита некои имиња и презимиња кои првпат ги чита...
 
Madrid

Timeless
Член од
23 март 2008
Мислења
3.899
Поени од реакции
154
Калински гарант сврши на Исинбаева :pos2:

А неа, секоја и чест, има фора да оди уште 5-6 цм.
 
RIZTETO

Somebody stop me
Член од
3 јуни 2007
Мислења
2.508
Поени од реакции
75
Усеин Болт.....

Да не ги отпоздравуваше фановите во последните 10 метра и да не правеше шоу, можеше и многу повеке да го подобро светскиот рекорд:tapp:
 
Член од
18 септември 2007
Мислења
2.547
Поени од реакции
33
Денес кога ги даваа медалите за скок во височина Исинбаева се утепа од плачење. Најмногу почна да липа кога ги креваа знамињата. Никогаш не сум ја видела толку расплакана. Одвај се смири.

Британка со Нигериско потекло победи на 400 метри во женска конкуренција, во дисциплината фрлање диск победи Естонец, во скок во височина Русин со прескокнати 2 метри и 36 сантиметри (сите висини ги скокна од прва, а откако си го обезбеди златото одеше на нов Европски рекорд - да прескокне 2.42, но не успеа), Американка го освои златото на 100 метри со пречки и на 1500 метри во машка конкуренција победи Рамзи Рашид од Бахреин (ги проверив за секој случај пред да пишам).

Зарем никој не гледаше атлетика денес на кабловска или на сателитска? Јас гледав комбинирано атлетика на Раи Спорт и фудбал на МТВ.
 
Ја гледав на Еуроспорт, пошто фудбал даваа на МТВ. Тој Естонец беше Кантер што победи у фрлање диск, Охуругу за Велика Британија освои злато.
Рашид Рамзи според мене сосема очекувано победи на трката на 1500 метри.
Иначе Усеин Болт се пласираше во финале, повторно победи во својата полуфинална група у 200 метри за мажи. Ќе победи и во финалето.
Интересен ден.
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Инаку, читав на јаху спортс, уморна сум сега да ја преведам статијата, тренерот на Исинбаева рече дека таа на тренинг скокала 5,30:nesvest:
Ви велам јас може таа и повеќе, само во нејзина полза е почесто да го руши, потешка станува за милиони долари:)
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
12.406
Поени од реакции
543
Исинбаева ќе ќари уште многу милиони за светски рекорди што ќе ги постигне. Почесто ќе го руши, тоа е подобро и за неа и за гледачите.

Иначе утре од 16:20 е финалето у 200 метри за мажи, ќе го гледаме Болт со уште една победа.
После 15 минути е финалето у 400 метри со пречки за жени.
 
Член од
8 август 2007
Мислења
1.541
Поени од реакции
48
Американциве се луди значи! :pos2:
Почнале да испитуваат што е тоа што ги прави Јамајканците толку брзи. И утврдиле дека во Јамајка јадат некој зеленчук што влијае на мускулите и им овозможува така брзо да трчаат.
 
Apokalipto

Tredici
Член од
4 март 2007
Мислења
15.576
Поени од реакции
2.585
Американциве се луди значи! :pos2:
Почнале да испитуваат што е тоа што ги прави Јамајканците толку брзи. И утврдиле дека во Јамајка јадат некој зеленчук што влијае на мускулите и им овозможува така брзо да трчаат.
Сигурно не е некоја трева? :wink:
 
Kajgana Shop

На врв Bottom