Атлетика, Пекинг 2008

Дискусија во форумот 'Олимпијада, Пекинг 2008' започната од Ајсшутер, 3 август 2008.

  1. Ајсшутер

    Ајсшутер Гостин

    Во Атлетниот дел можеби и најинтересниот ке учествуваат 1100 мажи и 900 мажи,со вкупно 2000 атлетичари.
    Во Олимпијадата ке ги има следниве дисциплини од кои 23 се машки и 24 женски дисциплини.
    Видете ги дисциплините тука
     
  2. Nemiseverue

    Nemiseverue

    Член од:
    30 јануари 2005
    Мислења:
    7.404
    Допаѓања:
    1.296
    Некој да најде слика од Ивана Рожман сместа...
    Океј, посериозен да бидам... знам дека нема да бидеме успешни општо како делегација на оваа олимпијада, ама барем убави деца пративме (колку патетично е ова нели?)
     
  3. Ајсшутер

    Ајсшутер Гостин

    Ваа е Ивана Рожман ?
    [​IMG]
     
  4. Nemiseverue

    Nemiseverue

    Член од:
    30 јануари 2005
    Мислења:
    7.404
    Допаѓања:
    1.296
    Таа е, ама грда е сликава... девојката е :zver: има некој ѓаволски шарм кога е на стаза... Какви времиња има искрено не знам, и уште поискрено ме интересира. Повеќе би сакал да ја видам да трча јако, отколку да изгледа така.
     
  5. Ilumious

    Ilumious Патник, педер, поет, администратор, масон

    Член од:
    29 јануари 2007
    Мислења:
    66.683
    Допаѓања:
    124.951
    Болт ќе оди на двојно злато во Пекинг

    Јамајканскиот атлетичар Јусеин Болт, доби зелено светло од својот тренер да настапи на двете спринтерски трки, на 100 и 200 метри.
    Болт се прослави со 9 победи од 10 настапи на овие две трки во изминативе 365 дена. Во Њу Јорк во мај успеа да го собори светскиот рекорд на 100м, кој сега изнесува 9.72 секунди, а пред 3 недели во Атина, патеката од 200м ја истрча за неверојатни 19.57 секунди.
    Ако на Болт му успее овој подвиг, да направи двоен учинок, ќе се приклучи на групата спринтери на кои тоа им успеа, како што се: Валери Борзов(СССР, 1972), Перси Вилијамс(Канада, 1928), Боби Мороу(САД, 1956), Џеси Овенс(САД, 1936), Еди Толан(САД, 1932), Ралф Крег(САД, 1912) и Арчи Хан(САД, 1904).
    Последен атлетичар на кого ова му успеа пред точно 24 години во Лос Анџелес е Карл Луис.
     
  6. Ајсшутер

    Ајсшутер Гостин

    Опремата за Атлетика
    Дел од опремата која ке се користи во Атлетскиот дел.

    Штафетната палка
    Штафетната е метална гумена палка која се користи во трка со пренесување од еден до друг натпреварувач (од сопствен тим)
    [​IMG]
    Патики за трчање (100м)
    Специални патики кои имаат 11 крампони кои несмеат да бидат поголеми од 11мм.
    [​IMG]
    Патики за трчање (маратон)
    Специални светли патики кои ке се користат во маратоните.
    [​IMG]
    Дискус
    Дискус обложен со метал,што овозможува стрелачите да ја фрлат подалеку
    [​IMG]
    Пречки
    Пречки кои атлетичарите мораат да ги прескокуваат во трките
    [​IMG]
    Копје
    Метално и гумирано копје кое служи за фрлање во далечина.
    [​IMG]
    Ѓуле
    Тешка метална топка која е поврзана со кабел со кој се држи топката и се користи за фрлање во далечина
    [​IMG]
     
  7. SSS-Stolica

    SSS-Stolica Гостин

    Ивана Рожман на 16-ти август ќе трча во спринтот на 100 метри
     
  8. Hellz Guardian

    Hellz Guardian We do what we want

    Член од:
    2 февруари 2008
    Мислења:
    6.791
    Допаѓања:
    1.146
    Браво за ова ајс :smir:
     
  9. mujo

    mujo

    Член од:
    30 јуни 2007
    Мислења:
    1.775
    Допаѓања:
    23
    ivana rozman mi e koleska od atletika i dobra drugarka i legenda e. zakon :pipi:

    ne veruvam deka ke napravi koj znae sto. koga velam koj znae sto ne mislam na svetski rezultat, tuku ne veruvam deka ke istrca licen rekord, a uste pomalku drzaven rekord.
    sto se odnesuva do drugiot nas pretstavnik vo atletika, redzep selman, ke bide posleden sigurno zos site prijaveni ke ripaat nad 17m, a nasiot odvaj 15m ke ripne. kako poranesen atleticar dobro gi poznavam sostojbite vo makedonskata atletika i ke se zemam za pravo da ki iskomentiram nivnite postignuvanja, normalno posle natprevarite.
     
  10. mujo

    mujo

    Член од:
    30 јуни 2007
    Мислења:
    1.775
    Допаѓања:
    23
    [​IMG] Биографија на Селман Реџеп
    [​IMG]
    [​IMG] дисциплина: троскок
    личен рекорд и национален рекорд: 15,46 метри (22 јуни 2008, Банска Бистрица)
    датум на раѓање: 08/04/1986
    клуб: АК Охрид од Охрид
    тренер: проф. Влатко Димитров

    Селман за прв пат почнал да се занимава со атлетика во 2000 година, кога учествувал на општински натпревар во дисциплината скок во височина каде што го освоил првото место. Тогаш неговиот талент го забележува проф. Влатко Димитров и од 2001 година е член на АК Охрид, и истата година станува рекордер на Македонија за пионери со прескокнати 195 сантиметри. Во 2003 година Селман поставува два рекорди, во скок во височина прескокнува 210 сантиметри со што покрај младинскиот рекорд го соборува и сениорскиот рекорд кој е актуелен до ден денес, и во дисциплината трискок го соборува рекордот за јуниори до 17 години со прескокнати 14,47 метри. Во 2006 година како перспективен атлетичат во дисциплината скок во височина, Селман од ИААФ добива стипендија и заминува на 6 месечен прстој во еден од најголемите атлетски тренинг кампови во Европа, Келн, каде што работи со врвни тренери од Германија. Но бидејќи немаше забележителни резултати, Селман се реши да ја промени дисциплината од скок во височина се префрла на троскок, и од септември 2006 година повтроно престојува во тренинг кампот во Келн, но овој пат како стипендист на Македонскиот Олимписки Комитет, каде останува до август 2007 година. Бидејќи престојот во Германија не ги даде очекуваните резултати Селман се враќа во Македонија, каде што ги постигна најдобрите резултати со тренерот Влатко Димитров. Оваа година на 22 јуни на Европскиот Куп (2 лига, група Б) во Банска Бистрица со резултат од 15 метри и 46 сантиметри, Селман го собори мнакедонскиот рекорд кој беше стар 36 години
    Покрај во дисциплините троскок и скок во височина, Селман се натпреварува и во дисциплината скок во далечина и повремено зема учество и во трките на 100 метри.
    Досега има настапувано на голем број меѓународни натпревари, јуниорски и сениорски
    . Во дисциплината скок во височина има настапено на следниве меѓународни натпревари: СП за јуниори во 2004 во Гросето (Италија), ЕП за јуниори во 2005 во Каунас (Литванија), балканијади и други меѓународни натпревари. Во дисциплината троскок има настапено на следниве меѓународни натпревари: ЕП во сала во сениори во 2007 во Бирминген (Велика Британија), ЕП за сениори до 23 години во 2007 во Дебрецин (Унгарија), балканијади и други меѓународни натпревари.
    На Олимписките игри во Пекинг Селман заминува со вајлд карта која ИААФ и ја додели на АФМ.

    резултати во троскок во 2008
    14,36 – Скопје, Квалификации за сениорски Куп / 18 мај
    15,17 – Скопје, Финале на сениорски Куп / 31 мај
    15,12 - Букурешт, Меѓународен атлетски митинг / 6 јуни
    15,46 (македонски рекорд) - Банска Бистрица, Куп на Европа – 2 лига група Б / 22 јуни
    15,38 - Касторија (Грција), Балканијада за сениори / 20 јули

    “Олимпијадата е предизвик за секого па и за мене. Знам дека во мојата дисциплина ќе бидам во долниот на рангирањето со оглед на квалитетите на другите, но со овие услови кои ги имаме во моментов мислам дека сум постигнал и повеќе од она што се може. Во Пекинг ќе бидам задоволен доколку повторно го соборам македонскиот рекорд, кој го соборив оваа година а беше стар 32 години“, изјави Селман пред заминување во Пекинг.

    Биографија на Ивана Рожман
    [​IMG]
    [​IMG] дисциплина:100 метри
    личен рекорд: 12.45 секунди (04 мај 2008, Скопје)
    датум на раѓање: 14/07/1989
    клуб: ПАК 7-Мај од Скопје
    тренер: Ѓорѓи Вучков

    Рожман со атлетика се занимава од 12-годишна возраст откога е и членка на ПАК 7-Мај од Скопје. Покрај во дисциплината 100 метри, Рожман се натпреварува и во трките на 200 и 400 метри, во скок во далечина и скок во височина. Минатата година најдобар резултат на Рожман на 100 м. и беше 12.68 секунди, а оваа година успеа да го поправи за 23 стотинки.
    Рожман има учествувано на повеќе балканијади. Оваа година како единствен представник од Македонија настапи на Светското првенство за јуниори-ки, кое од 8 до 13 јули се одржа во Бидгошч (Полска).
    На Олимписките игри во Пекинг Рожман заминува со вајлд карта која ИААФ и ја додели на АФМ.

    резултати на 100 метри во 2008
    12.45 – Скопје, Митинг отварање на сезона / 4 мај
    13.99 – Скопје, Квалификации за сениорски Куп / 17 мај
    12.48 – Скопје, Финале на сениорски Куп / 30 мај
    12.62 – Букурешт, Меѓународен атлетски митинг / 6 јуни
    12.12 (со ветар од + 4.0 м/с) – Скопје, Сениорско првенство на Македонија / 14 јуни
    12.47 – Банска Бистрица, Куп на Европа – 2 лига група Б / 21 јуни
    12.96 (со ветар од – 3.3 м/с) – Бидгошч, Светско првенство за јуниори-ки / 9 јули
    12.63 – Бурса, Балканијада за јуниори-ки / 19 јули


    “Благодарение на мојот тренер Ѓорѓи Вучков оваа година го постигнав мојот личен резултат, со што си ја овозможив вајлд картата за Олимписките игри во Пекинг. Моите очекувања за олимпијадата не се многу големи, што значи најмногу очекувам да си го подобрам личниот резултат и да ја представам Македонија во најдобро светло“, изјави Ивана Рожман пред заминувањето за Пекинг.


    kratki biografii na makedonskite pretstavnici vo atletika na LOI
     
  11. mujo

    mujo

    Член од:
    30 јуни 2007
    Мислења:
    1.775
    Допаѓања:
    23
    [​IMG]

    nasiot pretstavnik vo atletika
     
  12. ZIKS

    ZIKS Ај за убо да е.

    Член од:
    26 јануари 2007
    Мислења:
    3.582
    Допаѓања:
    39
  13. Umbra

    Umbra

    Член од:
    18 септември 2007
    Мислења:
    2.547
    Допаѓања:
    33
    Првите медали се поделија во дисциплината фрлање ѓуле. Главните фаворите не освоија медал. Прв беше Томаш Мајевски од Полска. Постави негов личен рекорд и воедно го освои првото злато за Полска на Олимпијадата. Среброто го освои Американец, а бронзата Белорусин. Имаше и многу квалификации денес, е се очекува победникот во трката на 10 000 метри во женска конкуренција.
     
  14. mujo

    mujo

    Член од:
    30 јуни 2007
    Мислења:
    1.775
    Допаѓања:
    23
    utre na programata se kvalifikaciite za trkata na 100m vo zenska konkurencija. tamu ke nastapi i nasata pretstavnicka ivana rozman. taa ke trca vo 1 grupa, a eve kako ke izgleda taa:

    1. EDWARDS Torri [​IMG]United States
    2. EFTIMOVA Inna [​IMG]Bulgaria
    3. MANI Myriam Leonie [​IMG]Cameroon
    4. ROZHMAN Ivana [​IMG]Macedonia
    5. KHACHIKYAN Ani [​IMG]Armenia
    6. AL-YAQOUBI Buthaina [​IMG]Oman
    7. KOSHIBA Peoria [​IMG]Palau
    8. KWAKYE Jeanette [​IMG]Great Britain
    9. WANG Jing [​IMG]China

    spored prijavenite rezultati poslab rezultat od ivana rozman ima samo pretstavnickata na palau, a sevkupno ima 75 rezultat od 85 prijaveni, a ke vidime vo 4:50h kolku ke istrca i koe mesto ke go osvoi vo sevkupnoto plasiranje
     
  15. Nemiseverue

    Nemiseverue

    Член од:
    30 јануари 2005
    Мислења:
    7.404
    Допаѓања:
    1.296

Сподели преку: