Атеистите и бракот

S

Sagan

Гостин
Темава иде у несакан правец.
Секој човек има исконска потреба да биде опкружен со други луѓе, а со некои од нив и да споделува интимност, среќа, тага, да расте наследници... На религиозните им треба виш авторитет за да им каже дека тоа така треба, атеистите од искуство знаат дека така е добро. Секако, и кај првите и кај вторите постојат такви кои мислат поинаку, и тоа е нивно легитимно размислување.

Атеистите својот морал го базираат на рационалното расудување, тие не прават зло затоа што се плашат од нечија казна, туку затоа што се доволно свесни да расудат што не чини.

Друго, атеизмот не е религија. Има доволно објаснето и на форум, и по нетов.
Кој го интересира нека чита, кој сака да контра од инат, нека си трола.
 
Nonteizam

Полихистор
Член од
13 декември 2008
Мислења
1.129
Поени од реакции
790
43 офтопик/тупаџиски мислења се избришани. Ќе го повторам raziel, ова не е подфорумот Религија. Не ме интересира што кажува поединечна религија за бракот, или за жената, или за адетите. За тие муабети отворете си посебни теми (или има веќе такви). Тука дискутираме зошто атеистите стапуваат во брачна институција, институција во која не веруваат. Еден атеист рече дека ќе стапи во брак кога ќе одлучи со некој да прави дете, но тоа се коси со принципите на атеистичката религија, односно почитуваш религиозно правило (стапи во брак пред да имаш дете) а не си религиозен. Нема никаква смисла.
Некои други дадоа интересни/издржани мислења.
И не мислам да се конфронтирам на темава, ја отворив чисто од интерес да се расчисти нешто што мене лично ме буни. Значи не можам да ја разберам потребата на нерелигиозно лице да стапи во брак, иако бракот како заедница ја наложува религијата, и само религијата.

Xak, ова е јавна опомена пред бан од форум. Уште еден кикс и нема да не дружиш некое време.
Стварно не ми е јасно што те мачи во врска со „атеизмот“ и институцијата „брак“.
Бракот е создавање заедница, а заедницата нема никаква врска со религијата...
Ако сме атеисти не значи и дека сме анархисти - односно не значи дека не признаваме ништо што е поврзано со традицијата, културата и општествените норми. А истовремено не значи дека треба да живееме во „диво“ семејство надвор од законските рамки кои ги осигурнува бракот.
Е сега тоа што кога ние помислуваме на брак - истовремено пред очи ни излегува голема свадба со попови, со крстови, со круни на главата и со пукање со пиштоли - тоа е веќе друг проблем. Свадбата и бракот се две сосема различни работи - барем на овие простори...;)
 
P

Princ

Гостин
Темава е можеби отворена во филозофија, али како си ја поставил од неа вришти исклучиво религија.
Точно, религијата и бракот во темава се тесно сврзани и не може да се дискутира на едното без да се земе во предвид другото. Но, не ме интересира зошто муслиманките носеле бел фустан или кои се 10те Божји заповеди и дали некој одреден член ги почитувал нив. Ме интересира психологијата под очајната желба (која гледам дека и кај тебе ја има) на едно нерелигиозно лице (меѓу народот и во народните песни опеан како атеист) да стапи во брак.

Прво поставуваш прашање, а во истата реченица лепиш субјективно тврдење кое е апсолутно погрешно. Од кај к*р атеистите не веруваат во брак!?!? Кај си го прочитал тоа? Кој ти го кажал? Како си се прелажал?
Јас веќе имав некакво мислење околу оваа проблематика и уште неколку издржани мисли и идеи прибрав на темава.
Според мене, денешниве атеисти се религиозни луѓе (христијани/муслимани/whatever) кои ги "мрзи" да ги почитуваат целосно и секојдневно религијата на која припаѓаат туку црпат само одредени правила, оние кои им одговараат. Не знам зошто си 11 години во БРАК кога БРАКОТ како БРАК е религиозна карактеристика. Ти можеш да стапиш во цивилна/граѓанска унија, можеш да склучиш и предбрачен договор за во случај на развод кој што ќе собере, но не разбирам зошто мораш да речеш дека си во брак. Тоа се коси со моето разбирање.
Значи, или атеистите се верници кои ги "мрзи" да бидат потпуни верници, па филтрираат нешто и приспособуваат;
или пак сакаат да звучар религиозни во средината за полесно да се вклопат во неа или појма немам од кои други можни причини.
Ова се мои теории, не ни очекувам на темава да постигнеме некој консензус (не знаат ни самите атеисти зошто сакаат да стапат во брак), чисто си правам фискултура со умот што е тоа во луѓево тажно.

Од каде ти тебе право да одлучуваш кој како интимно доживува некоја институција? Како модератор, кој треба да биде највнимателниот овде, мислам дека си, на оваа тема - тапа.
Чекај, дали ти тоа успеа да го измешаш моето модераторство со нешто што јас го мислам? Ако сум модератор не сум робот ебаго, и јас имам мисли и чувства. Значи ако не ми штима неверници да стапат во света институција за религиозните како што е бракот, имам право да го искажам тоа јавно.

Историски, очигледно е дека за тебе светото почнува со алах, и тоа во не така далечното минато.
бла бла бла
Оттаму и не е изненадувачки што не ти е јасно дека бракот постоел далеку пред религиите, а атеистите пред верниците.
Тотално погрешно. Значи пред религиите постоел чисто заеднички живот, во 21ви век нешто познато како цивилна унија. Не постоел бракот. И точно тука настанува конфликтот што неверници зимаат религиозни обележја, а мене апсолутно ми е неразбирливо зошто го прават тоа.

Бракот е социјална институција. Постои кај сите народи и култури без оглед на нивната вероисповест, економски или културен развој.
Постои а не би требало да постои. Не знам зошто ти или некој како ти би стапил во БРАК (нешто свето за верниците) а истовремено не е верник. Зошто не стапивте во цивилна унија кога решивте да живеете заедно со жена ти? Или сакавте да им го ебете меракот на верниците? :))))
 
S

Sagan

Гостин
А што правиме со анархистите,од една страна повеќето се против религиите но и против државата,интересно.
Ако мажот и жената се доволно свесни и искрени при стапувањето во брак, мислам дека не им треба ни поп, ни матичар, ни кумови, ни свадба.

Битен е мојот однос со таа со која живеам, и не осеќам потреба да се потпишам некаде за да ѝ покажам нејзе и на нејзините дека стварно ја сакам и дека ќе се грижам за неа додека можам.
--- надополнето: Oct 23, 2011 6:47 PM ---
Не знам зошто си 11 години во БРАК кога БРАКОТ како БРАК е религиозна карактеристика.
Што бараат тогаш во Законот за семејство тие неколку члена за брак, ако е религиозен поим? Нели би требало да ги бараме по Куранот и Библијата?
--- надополнето: Oct 23, 2011 6:51 PM ---
Не знам зошто ти или некој како ти би стапил во БРАК (нешто свето за верниците) а истовремено не е верник. Зошто не стапивте во цивилна унија кога решивте да живеете заедно со жена ти?
Па, нешто као... наследство, имотно-правни односи, осигурување, пензии... Полесно е сѐ да се уреди со брак, отколку да се трча по адвокати за секоја ситница, која во бракот се добива по автоматизам. А цивилни унии се добра идеја, ама кај нас не постојат.
 
Nonteizam

Полихистор
Член од
13 декември 2008
Мислења
1.129
Поени од реакции
790
Постои а не би требало да постои. Не знам зошто ти или некој како ти би стапил во БРАК (нешто свето за верниците) а истовремено не е верник. Зошто не стапивте во цивилна унија кога решивте да живеете заедно со жена ти? Или сакавте да им го ебете меракот на верниците? :))))
Ако нешто е „свето“ (не во религиозна смисла) за верниците, незначи дека по дефиниција атеистите се антипод на тоа. Тоа е смешно и навредливо, а истовремено покажува колку верниците се незапознати со основните работи на атеизмот.
За религиозните „свети“ се и родителите, „свет“ е и животот... И ние атеистите си ги сакаме родителите и го цениме животот...
Во нашиот закон заедница на маж и жена е брак. За да оствариш многу права (кои спаѓаат во делот на семејното право) мора да бидеш во брачна заедница.Ние можеби сме им трн во око на религиозните, ама не сме криминалци :).
 
P

Princ

Гостин
Што бараат тогаш во Законот за семејство тие неколку члена за брак, ако е религиозен поим? Нели би требало да ги бараме по Куранот и Библијата?
За во друга тема е веројатно ова, но нашиот и многу други устави иако земјите декларираат дека не се мешаат во религиите, не е навистина така. Законите се носат според потребите на мнозинството граѓани, во времето кога се донеле кај нас биле религиозни мнозинството граѓани -> затоа и имаме брак. Во Америка зборот брак е заменет или оди паралелно со зборот унија. Имаат тие хомосексуалци, атеисти, ово-оно.

Па, нешто као... наследство, имотно-правни односи, осигурување, пензии... Полесно е сѐ да се уреди со брак, отколку да се трча по адвокати за секоја ситница, која во бракот се добива по автоматизам. А цивилни унии се добра идеја, ама кај нас не постојат.
Значи користољубие, односно прифаќање на нешто само бидејќи ти го олеснува животот, иако вистински не веруваш во тоа.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199

И ти цела тема отвори затоа што имаш терминолошки проблем? Демек, ако заедницата е наречена брак, има религиозна конотација, ако е наречена унија има атеистича конотација???

Дубоко, признавам...
 
P

Princ

Гостин
Всушност, јас немам проблем терминолошки. Јас ќе стапам во брак, нешто што религијата ми го дозволува.
Терминолошки проблем имаат атеистите бидејќи стапуваат во брак планирано, значи прават нешто што религијата го наложува, истовремено не почитуваат религија.
Сепак доби лајк на постот, делумно во право си.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
Всушност, јас немам проблем терминолошки. Јас ќе стапам во брак, нешто што религијата ми го дозволува.
Терминолошки проблем имаат атеистите бидејќи стапуваат во брак планирано, значи прават нешто што религијата го наложува, истовремено не почитуваат религија.
Сепак доби лајк на постот, делумно во право си.
ОК, јас ќе стапам во унија со некоја девојка, нема да се венчам во црква за да не го финансирам Стефан, ќе потпишам во матично, и сите среќни и радосни ќе живееме до крајот на животот...

Happy Еnd на темата...

;)
 
I

Iblis

Гостин
Шо правиме со фактот дека има граѓански и религиозен вид на брак
Абе види и да се земеш пред поп(или било кое свештено лице), тоа пред државата(било која) не ти важи, колку да ти биде малце од малце појасно, само граѓанскиот брак создава легално правни односи, тоа пак значи дека брачниот партнер има право на наследство и на истото нема да плати данок од 100%(колку за почеток). Она религиозните бракови се за народ да се забавува, да си каже дека ја следи традицијата, верник е и да си лупа во гради и така, а ќјар некој од тоа нема ни на овој ни ако го има и оној свет, никаде не е запишано дека ако не го земеш партнерот(пази го нема ни полот :D) ќе гориш во пекол или ќе одиш во рај или па твоите деца/родители/пријатели/партнер(и) ќе имаат таква судба.
П.С.
Насловот ти е добар, ама воведот ти е провокотаивен и прилично пристран.
Може пред години е бил бракот религиозна појава, ама денес има поинакво значење.
 
S

Sagan

Гостин
Значи користољубие, односно прифаќање на нешто само бидејќи ти го олеснува животот, иако вистински не веруваш во тоа.
Па не е користољубие да оствариш право кое ти припаѓа како човек, а државата како таква за предуслов го ставила бракот. Државата ги дала правата за да го олесни животот, не за да го отежни.

Ако некој не верува во бракот, како заедница официјализирана со попови, оџи, матичари, не значи дека не верува во заеднички живот на еден маж и една жена (без попови, оџи и матичари).
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.023
Поени од реакции
83.447
Измислени термини се бог, тројство, „наш образ“. Овие измислени термини се, ирационални и непроверливи.
Целата твоја игнорантска надменост се темели на овие погрешни постаменти.

Јас ги разбирам твоите ставови околу бракот (тоа што не разликуваш брак и заедничко живеење - кое ти го викаш брак, како и се друго), тие потекнуваат од атеистичките позиции на кои си.

Ама да ми тврдиш дека модераторот чим е толку време модератор требало да има исти сфаќања ко тебе, по било која основа, е само мала небулоза (но една од могуте твои), која е потврда на болдот по горе.
--- надополнето: Oct 23, 2011 7:24 PM ---
Ако некој не верува во бракот, како заедница официјализирана со попови, оџи, матичари, не значи дека не верува во заеднички живот на еден маж и една жена (без попови, оџи и матичари).
Така е.
 
Vespertine

The Ugly Duckling
Член од
22 септември 2009
Мислења
2.932
Поени од реакции
3.387
За мене брак не представува ништо религиозно, ништо законски и атеистички, него човечки даден збор, ветување дека ке бидете заедно во добро и лошо.
Мажот и ветува на жената дека ке ја сака и заштитува до крајот на негов живот, жената ветува дека ке го сака и чува до крајот на нејзиниот живот... зборовите не се напишани никаде за да се кажат правилно него тоа е во нас, се кажува од срце. И тоа е толку просто, само што некои тоа ветување го прават пред поп, некои пред матичар, па сведоци кум, побратим, а сето тоа не е потребно. Секој си прави како што мисли дека е правилно.
 
Филозофка

Amelie Poulain
Член од
21 јануари 2009
Мислења
1.680
Поени од реакции
525
Па, нешто као... наследство, имотно-правни односи, осигурување, пензии... Полесно е сѐ да се уреди со брак, отколку да се трча по адвокати за секоја ситница, која во бракот се добива по автоматизам. А цивилни унии се добра идеја, ама кај нас не постојат.
Не знам што толку сите сте се фатиле за тоа наследство, јас сум приправник кај адвокат значи се разбирам во овие работи, и знам дека при развод брачните партнери го делат само и единствено оној имот што заеднички го стекнале во текот на бракот, тоа значи дека ако некој имот си имаат тие посебно наследено од родители и роднини тој имот си е само нивни и не се дели, значи во нашава држава едвај може да се најде ебана работа за да се прехраниш а камоли да ствараш имоти па да делиш и триста тракатанци, оние имотни господа што заработуваат многу пред да стапат во брак прават предбрачни договори зашто се паметни, кај нас во Македонија претежно живеат голтари што немаат потреба од оваков тип на договор, е сега не знам што сте запнале бракот зборам нели за граѓанскиот брак бил многу значаен за атеистите, тој брак не е воопшто значаен зашто тоа е само едно бело парче хартија што тоталка нема никакво значење, при развод како што реков секој си заминува во истата состојба и како што влегол во тој брак, така да не знам стварно не гледам резон во граѓанскиот брак, читам атеистиве викаат бил за цел живот, дали вие тоа го правите еден вид на свет граѓански брак? првпат слушам за овакво нешто, каква е таа светост, што е тоа што ве држи во тој граѓански хартиен брак? Ете сега знаете дека неможете да се ослоните ниту на користољубивите придобивки од тој брак, единствено добра причина даде само една членка погоре, кога рече дека кога ќе се одлучела да направи дете со некој човек тогаш ќе стапела во брак, да тоа е добра причина, да го заштитиш детето од омаловажување и едно зборче што почнува на буквата К. ама тоа јас го гледам и како единствена причина засега за тој граѓански брак.
 
Xak

Член од
23 декември 2007
Мислења
2.610
Поени од реакции
464
Всушност, јас немам проблем терминолошки. Јас ќе стапам во брак, нешто што религијата ми го дозволува.
Терминолошки проблем имаат атеистите бидејќи стапуваат во брак планирано, значи прават нешто што религијата го наложува, истовремено не почитуваат религија.
Сепак доби лајк на постот, делумно во право си.
Тоа што религијата го наложува не значи дека религијата го има измислено. Тоа што ти го викаш брак постои подолго од монотеистичките религии во кои веруваат повеќето луѓе сега.

За во друга тема е веројатно ова, но нашиот и многу други устави иако земјите декларираат дека не се мешаат во религиите, не е навистина така. Законите се носат според потребите на мнозинството граѓани, во времето кога се донеле кај нас биле религиозни мнозинството граѓани -> затоа и имаме брак. Во Америка зборот брак е заменет или оди паралелно со зборот унија. Имаат тие хомосексуалци, атеисти, ово-оно.

Значи користољубие, односно прифаќање на нешто само бидејќи ти го олеснува животот, иако вистински не веруваш во тоа.
Кога ќе решиш да имаш брак делиш СЕ со партнерот, од болести и проблеми до имот и финансии или ти кога би влегувал во брак би си ги ставил твоите имовини на страна од партнерот/партнерката.

Точно, религијата и бракот во темава се тесно сврзани и не може да се дискутира на едното без да се земе во предвид другото. Но, не ме интересира зошто муслиманките носеле бел фустан или кои се 10те Божји заповеди и дали некој одреден член ги почитувал нив. Ме интересира психологијата под очајната желба (која гледам дека и кај тебе ја има) на едно нерелигиозно лице (меѓу народот и во народните песни опеан како атеист) да стапи во брак.

Јас веќе имав некакво мислење околу оваа проблематика и уште неколку издржани мисли и идеи прибрав на темава.
Според мене, денешниве атеисти се религиозни луѓе (христијани/муслимани/whatever) кои ги "мрзи" да ги почитуваат целосно и секојдневно религијата на која припаѓаат туку црпат само одредени правила, оние кои им одговараат. Не знам зошто си 11 години во БРАК кога БРАКОТ како БРАК е религиозна карактеристика. Ти можеш да стапиш во цивилна/граѓанска унија, можеш да склучиш и предбрачен договор за во случај на развод кој што ќе собере, но не разбирам зошто мораш да речеш дека си во брак. Тоа се коси со моето разбирање.
Значи, или атеистите се верници кои ги "мрзи" да бидат потпуни верници, па филтрираат нешто и приспособуваат;
или пак сакаат да звучар религиозни во средината за полесно да се вклопат во неа или појма немам од кои други можни причини.
Ова се мои теории, не ни очекувам на темава да постигнеме некој консензус (не знаат ни самите атеисти зошто сакаат да стапат во брак), чисто си правам фискултура со умот што е тоа во луѓево тажно.

Чекај, дали ти тоа успеа да го измешаш моето модераторство со нешто што јас го мислам? Ако сум модератор не сум робот ебаго, и јас имам мисли и чувства. Значи ако не ми штима неверници да стапат во света институција за религиозните како што е бракот, имам право да го искажам тоа јавно.

бла бла бла

Тотално погрешно. Значи пред религиите постоел чисто заеднички живот, во 21ви век нешто познато како цивилна унија. Не постоел бракот. И точно тука настанува конфликтот што неверници зимаат религиозни обележја, а мене апсолутно ми е неразбирливо зошто го прават тоа.

Постои а не би требало да постои. Не знам зошто ти или некој како ти би стапил во БРАК (нешто свето за верниците) а истовремено не е верник. Зошто не стапивте во цивилна унија кога решивте да живеете заедно со жена ти? Или сакавте да им го ебете меракот на верниците? :))))
Прв болд. Значи на темава не треба да се дискутира целосно околу темата туку конкретно само тоа што тебе те интересира?
Втор болд. Само ти имаш право или сите имаме право, зошто работите кои ги пишував денес цел ден беа избришани од твоја страна?
Трет болд. Да ти помогнам малце брак == marriage
mar·riage/ˈmarij/

Noun:

  1. The formal union of a man and a woman, typically recognized by law, by which they become husband and wife.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom