Атеистите и бракот

Член од
9 август 2009
Мислења
104
Поени од реакции
115
Нема везе дека и муслиманите склучуваат брак пред оџа (верски).

Како мислиш? Пред да склучиш граѓански брак МПЦ нема да те венчаат?
Во исламот е поинаку, прво оџа те венча. Можеш но не мораш да склучиш брак на матично/граѓански брак, за да те венча оџа.
Веројатно од тука започна целата твоја забуна околу браковите, граѓански и религиозен. Ете и јас незнаев дека во исламот е така. Се е тоа ок и за почит меѓутоа доколку те венча само оџата, се додека ти и твојата сопруга не се потпишете во матично, државата, од правен аспект не го уважува бракот (брачната заедница, како и да е)
 
Член од
5 август 2009
Мислења
1.295
Поени од реакции
484

Како нема, кога ќе го уважи како вонбрачна заедница, а со тоа ќе важат безмалку истите правни норми како и кај брачната. Е тек сега се поставува прашањето зошто :)
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.756
Поени од реакции
8.784
Како нема, кога ќе го уважи како вонбрачна заедница, а со тоа ќе важат безмалку истите правни норми како и кај брачната. Е тек сега се поставува прашањето зошто :)
Да, тоа е најголемиот проблем. Безмалку истите, а не истите.
Да имаше исти, верниците немаше да се венчаваат и во матично, всушност, никој немаше да се занимава. Ќе беше сеедно. Ама не е. Државата, како таква, го бара тоа од тебе, за да си ги оствариш правата.
 
Член од
5 август 2009
Мислења
1.295
Поени од реакции
484
Да, тоа е најголемиот проблем. Безмалку истите, а не истите.
Да имаше исти, верниците немаше да се венчаваат и во матично, всушност, никој немаше да се занимава. Ќе беше сеедно. Ама не е. Државата, како таква, го бара тоа од тебе, за да си ги оствариш правата.
Извини да бидам попрецизен ... истите, со таа разлика што малку потешко се докажуваат :)
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.756
Поени од реакции
8.784
Извини да бидам попрецизен ... истите, со таа разлика што малку потешко се докажуваат :)
И пак се враќаме на нашето атеистичко - а зошто би се замарала да докажувам нешто, што практично е докажано со потпис во матично, чија цел и намена е токму за ова?

Значи, да резимираме - сите до еден, и верници, и атеисти, и многубошци, склучуваат брак во матично од исти побуди - сигурност.
 
Член од
5 август 2009
Мислења
1.295
Поени од реакции
484
И пак се враќаме на нашето атеистичко - а зошто би се замарала да докажувам нешто, што практично е докажано со потпис во матично, чија цел и намена е токму за ова?

Значи, да резимираме - сите до еден, и верници, и атеисти, и многубошци, склучуваат брак во матично од исти побуди - сигурност.
Точно ... за утре ако има проблеми адвокатот да отвори закон за облигации а не како детектив да бара двајца сведоци :) Тезата дека атеистите се лошите падна во вода, барем по ова прашање. За другите прашања идат поубави денови :)
 
Член од
23 април 2011
Мислења
135
Поени од реакции
246
Значи имам една нелогичност која со години ме копка но никако да најдам интерес/време да го расчистам муабетов.
Прашањето ми е: зошто атеистите сакаат да стапат во брак?
Бракот нели е религиозна работа, нешто на кое сме обврзани поради религијата, и не разбирам зошто луѓето кои не веруваат на ниту една религија сакаат да стапат во брак.
Јас сум грешка во моето сфаќање или атеистите навистина имаат проблем?

Значи, на брак не обврзува религијата, и не разбирам како тоа двајца атеисти, луѓе со ВСС, сакаат да стапат во брак иако не се религиозни. Зарем едното со другото не се коси?
Ти си некако многу искомплексиран тип кога се работи за Атеистите и општо околу Атеизмот.
Имаш религиозно затупен мозок, гледано од фактот дека отвараш теми кои ниту еден атеист го интересираат како предмет на дискусија.

Многу е нискоинтелигентно тоа твое размислување дека атеистите не би требало да стапат во брак. А ако љубовта помеѓу две човечки суштества ја сфаќаш како религиозен поим тогаш ти си навистина несреќен човек.

" Јас сум грешка во моето сфаќање или атеистите навистина имаат проблем? "
Ова го сфаќам како подбивно смеење и велам дека твоето размислување е навистина многу сиромашно и ограничено.

Прочитај некоја книга наместо да пишуваш глупости
 
P

Princ

Гостин
Ви благодарам на Вашето културно и опширно објаснување за нејаснотиите кои ги имав околу оваа долгогодишна пракса. Зборови полни љубов и разбирање за мислите и чувствата на другиот.
 
Член од
9 август 2009
Мислења
104
Поени од реакции
115
Ти Принц, ми се чини дека ги поистоветуваш сатанистите и антихристите (или незнам веќе која категорија на верници и неверници) со атеисти (неколку пати повторуваш атеистичка религија)...Познавам атеисти кои се венчаваат во црква САМО затоа што им е симпатична церемонијата (посебно кога едниот партнер е верник), а не зошто веруваат и се плашат дека ќе бидат казнети од некое замислено божество ако тоа не го сторат. Атеистите не плукаат по ничија религија, едноставно, НЕ ВЕРУВААТ ВО БОГОВИ (ниту во еден). Дали грешам што мислам дека според тебе атеист не смее да влезе во верски објект? Еве јас на пример имам влезено во џамија затоа што ме воодушевува од аспект на архитектурата...исто така и црквите...влегов во руска црква затоа што ме привлече градбата на самиот објект. И ете ме, жива, здрава, а сеуште со истиот став околу религиите - ги почитувам сите но не верувам во ниеден бог. Пак ќе повторам, АТЕИСТИТЕ НЕ ПЛУКААТ ПО РЕЛИГИИТЕ, САМО НЕ ЖИВЕАТ ВО СТРАВ ДЕКА ЌЕ БИДАТ КАЗНЕТИ ИЛИ НАГРАДЕНИ ОД НЕКАКВИ БОГОВИ ЗА ИЗВЕСНИ ПОСТАПКИ.
 
Donald Sikert

Jane Vitington
Член од
28 ноември 2008
Мислења
8.283
Поени од реакции
5.614
Ви благодарам на Вашето културно и опширно објаснување за нејаснотиите кои ги имав околу оваа долгогодишна пракса. Зборови полни љубов и разбирање за мислите и чувствата на другиот.
Ја лично се сомневам дека ти се расчистиле нејаснотиите:rolleyes:

А зборови полни со љубов и разбирање за мислите и чувствата на другиот ќе ги препознаеш ако се оттргнеш од канџите на стереотипот на религијата;)
 
DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
Навистина би ценел АКО НЕКОЈ ВЕРНИК СЕ ОСМЕЛИ за момент го тргне на страна религиозниот брак и да ни објасни ЗОШТО ВЕРНИКОТ СТАПУВА ВО ГРАЃАНСКИ БРАК?

Едноставно е прашањето - не мешаме религии, богови, рај и пекол, него чисто збориме во контекст на темата: ГРАЃАНСКИ БРАК + ВЕРНИК -- ЗОШТО?
 
Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.921
Навистина би ценел АКО НЕКОЈ ВЕРНИК СЕ ОСМЕЛИ за момент го тргне на страна религиозниот брак и да ни објасни ЗОШТО ВЕРНИКОТ СТАПУВА ВО ГРАЃАНСКИ БРАК?

Едноставно е прашањето - не мешаме религии, богови, рај и пекол, него чисто збориме во контекст на темата: ГРАЃАНСКИ БРАК + ВЕРНИК -- ЗОШТО?
Интересно прашање, и јас би сакал да знам.....ама мислам дека немаат одговор
 
VoniVaraS

Искусен :)
Член од
20 април 2009
Мислења
543
Поени од реакции
328
Навистина би ценел АКО НЕКОЈ ВЕРНИК СЕ ОСМЕЛИ за момент го тргне на страна религиозниот брак и да ни објасни ЗОШТО ВЕРНИКОТ СТАПУВА ВО ГРАЃАНСКИ БРАК?

Едноставно е прашањето - не мешаме религии, богови, рај и пекол, него чисто збориме во контекст на темата: ГРАЃАНСКИ БРАК + ВЕРНИК -- ЗОШТО?
Не го поставуваш правилно прашањето.
Објасни ми ги ти мотивите за брак на некои од атеистите кои се одлучуваат на заеднички живот во некоја од варијантите различна од традиционално семејство.
Кај верниците мотивот за заеднички живот со партнерот секогаш вклучува и желба за пород, имање деца.
Кај атеистите не е секогаш тоа така. Пишував и во предходните постови за таквите појави но вие ги скокнавте и не дадовте објаснување.
Граѓанскиот брак е наметнат од државата за материјално, правно, регулирање на животот на едно семејство.

Познавам семејство МАЖ, ЖЕНА и две ДЕЦА кои повеќе од 20 години се заедно и живета во вонбрачна зедница.
Мажот има одбивност од институцијата брак и незнам колку други договории документи имаат потпишано и заверено за регулирање на старателство и сл. но тие сепак не се во официјален брак. Немаат документ „Извод од матична книга на венчани“
Познавам полно парови кои со години живеат заедно и или не сакаат деца или сеуште не се одлучиле дека треба да имаат деца и тие едноставно немаат потреба од „Извод од матична книга на венчани“.
Разликата е во МОТИВОТ за заедничко живеење, за тоа дали, или не треба, двајца да застанат пред државен орган матичар.
 
Prestani da mesas brak I semejstvo. Toa se dve razlicni institucii. Postojano si off-topic.
 
S

Sagan

Гостин
.
Познавам семејство МАЖ, ЖЕНА и две ДЕЦА кои повеќе од 20 години се заедно и живета во вонбрачна зедница.
Мажот има одбивност од институцијата брак и незнам колку други договории документи имаат потпишано и заверено за регулирање на старателство и сл...
Ако живеат заедно, чудно. Вакво семејство познавам и јас. Мажот и жената се заедно 18-19 години, имаат ќерка и син, сите имаат различно презиме. Ама никогаш немале законски проблеми за децата и потпишување документи. Едноставно, во изводот од матична на родени, си стои дека тој е татко, таа мајка.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom