Асертивност

Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.504
По некоја дефиниција асертивноста претставува однесување кое е карактеризирано со самоуверена комуникација која е свесна за своите права и вредности.

Карактеристиките на асертивната личност се тоа што ги искажува своите мисли, чувства и уверенија без да тежнее кон доминација, понижување или деградација на другите. Таа има самопочитување и почитување кон другите, по принципот - Јас сум личност која вреди, ти си личност која вреди. Асертивната личност има самозаштитно однесување, го чува своето достоинство во ситуациите кога постои опасност таа да биде изманипулирана, злоупотребена или искористена, па затоа и без проблем знае да го сослуша и испочитува мислењето и ставот на другите, но не мора да се согласува со нив.

Асертивната личност го изнесува своето мислење започнувајќи ја мислата со искажување на чувства и ставови за одредената состојба. На пример кога се наоѓа во друштво на човек кој постојано се жали и шири негативна енергија, му вика ,,Јас навистина се чувствувам лошо кога збориме за овие работи, не влијаат добро врз мене, да збориме за нешто позитивно", наместо да покаже пасивност, т.е. да продолжи да го слуша соговорникот за да остане фер и да биде трпител на негативното дејство или да покаже агресија и дрско да одговори.

Придобивките од асертивноста се: зголемена самодоверба, самопочит, зголемена позитивна енергија, знаење да се каже НЕ, поуспешно справување со стресот, подобра самоконтрола, поголема доверба во останатите, подобра комуникација со останатите, не бегаат од решавање на проблемот, не дозволуваат во себе да го потиснуваат она што им смета и друго.

Во суштина тоа се оние луѓе за кои често си викаме како можат секогаш да се насмеани, да се со сите добри, да бидат секогаш фер, да помагаат без да очекуваат возврат или пак со никој не се караат. Често ваквите луѓе се нарекувани и лицемерни или себични, што тоа е далеку од лицемерен или себичен.

Добро е да се научи да се биде асертивен. Тоа ќе ви помогне да го намалите стресот, да внесете позитивна енергија во животот и да сфатите дека никој не е одговорен за среќата и случувањата во вашиот живот, освен самите вие.

Па какво мислење имате за асертивноста? Ја применувате ли? Ви помогнала ли? Методи/техники за асертивност? Асертивност низ примери?:)
 
Член од
6 април 2010
Мислења
1.578
Поени од реакции
10.588
Све ова океј во теорија но во пракса незнам колку е изводливо, посебно во наши услови, со нашиов менталитет човек да биде асертивен звучи како многу осамен живот.

Во глобала нашиот менталитет е таков што секој сака да зборува а другите да го слушаат, кога ќе му дојде редот пак нему за слушање тогаш и баш не сме расположени да слушаме туѓи ставови и мислења. Не дај боже па да се различни од нашите. Јас во еден претходен пост, во една друга тема, начнав нешто за оддавањето признание и како тоа ние баш и не сме тип на нација која лесно ќе ви признае дека сте во право за она што го правите или зборувате.

Да не забегувам премногу, форумов ви е пример за тоа. Овде дискутираат најголемите мајстори за спин и секоја подолга дискусија не води никаде освен вртење во круг. Исто ви е и со контактните емисии на телевизија. Така да што се однесува до тоа колку ние како народ сме асертивни, би рекол многу малку. За лицемерни тоа да, меѓутоа во еден поинаков контекст кој нема врска со асертивноста.

За да човек се води по начелата на асертивност битна е и средината, опкружувањето во кое што живее. Кај нас владеат различни гледишта за тоа како треба една индивидуа да се однесува. Би рекол дека кај нас се форсира една реченица: "Прави како што прават другите". Личните ставови и не се почитуваат премногу ако истите не соодвестуваат со предходно воспоставените начела и норми на групата или општоприфатените ставови.

И која е поентата да се биде асертивен ако еве да речеме соговорникот не го има истиот пристап во разговорот? Секоја ситуација налага различен пристап а асертивноста е само еден од многуте.
Пре би рекол дека најбитно е човек да знае да ја процени ситуацијата и да одбере пристап кој е најсоодветен во дадениот момент, да знае да се прилагоди кон соговорникот и да ја процени неговата реакција, т.е да располага со алтернативи за различни ситуации.

Асертивниот пристап наметнува теза за тоа како треба да изгледа една меѓучовечка интеракција и е добра појдовна точка ако соговорниците се роботи програмирани да комуницираат на таков начин. Се занемарува делот за несовршеноста на човекот, емоционалниот аспект. Секој реагира различно во различни ситуации. Она што за мене е правило не мора да значи дека е правило и за другите.
Овој пристап ве става вас на прво место, затоа и во еден дел е оквалификуван како себичен.
Секоја личност налага различен пристап при разговорот, асертивниот нуди универзален со вас во средината. Не може со сите да одржувате добри односи и не може сите да ве сакаат. И тоа е во ред, е дел од човековата природа.
Во дадени ситуации е корисен но не секогаш и мое мислење е дека во пракса е тешко применлив. Одредени сегменти да, се согласувам но не во целост.
 
До некаде си сфатил што е асертивност, ама до некаде не. Асертивната личност не е онаа која има осамен живот, туку онаа која има многу пријателства и тоа не е личност која функционира по одредена шема, т.е. како робот, па да не ги искажува своите несовршености и она што навистина е. Асертивната личност знае и да каже не и да биде добра, но и силно да се одбрани, само тоа го прави на таков начин кој нема да предизвика дополнителни конфликти.

За менталитетот на народот потполно те сфаќам, ако ти на некој му кажеш ,,Не се чувствувам добро кога збориме на оваа тема, да збориме за нешто друго" тој ќе ти рече па што ми е гајле или ти си себичен што не сакаш да ме сослушаш. Но што е себично, тоа што ти бараш да биде позитивна атмосферата или тоа што тој те полни со небитни негативни информации и ако не те прашал дали сакаш да зборите на таа тема и ти како се чувствуваш? Асертивната личност во својот круг на пријатели не држи личности кои и го спуштаат нејзиното расположение.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom