Асанж

Kadaif

M.D.
Член од
21 јануари 2008
Мислења
6.230
Поени од реакции
7.039
Абе зарем мислите дека една банана држава како Еквадор може да биде самоуверена и да пружи отпор на Британците и Америка?

Кој верува во циркусов?

Па Еквадор неофицијално е колонија на САД, од Еквадор потекнува поимот "banana republic" плус кажете ми ја официјалната парична валута на Еквадор...
 

Tоni

ILLYRIAN
Член од
26 февруари 2009
Мислења
13.639
Поени од реакции
10.237
А зошто баш Еквадор го штити Асанж, да појасни некој ако знае?
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.125
Поени од реакции
25.516
А зошто баш Еквадор го штити Асанж, да појасни некој ако знае?
Затоа што е колонија на САД, а Викиликс ја покрена арапската пролет и останатите промени во тој дел од светот. :)
 
Член од
25 декември 2008
Мислења
1.877
Поени од реакции
1.089

Извесно е дека следува период на нагодување меѓу двете земји, односно колку предавањето на Асанж е значајно за да се дозволи нарушување на односите меѓу двете земји, оценуваат домашните експерти



Продолжува борбата на основачот на Викиликс
Иднината на основачот на Викиликс, Џулијан Асанж ќе зависи од политичкото нагодување помеѓу Британија и Еквадор, кој му додели политички азил поради стравувањето од можна екстрадиција на САД, каде што би се соочил со судење за оддавање државни тајни. Двете земји во моментов се во пат-позиција, бидејќи ниту Британија, доколку доследно ја почитува Виенската конвенција за дипломатски односи, може да влезе во еквадорската амбасада да го уапси Асанж, ниту, пак, Еквадор може да биде сигурен дека безбедно, односно без да биде уапсен, ќе може да го изнесе од британска територија. Имунитетот на еквадорската амбасада е апсолутен, и Лондон не може да си дозволи да го наруши, без притоа да ризикува реципроцитетен одговор, доведувајќи ги во слична ситуација своите дипломати во Еквадор, но и во други земји низ светот. Тоа што е извесно е дека следува период на нагодување меѓу двете земји, односно колку предавањето на Асанж е значајно за да се дозволи нарушување на односите меѓу двете земји, оценуваат домашните експерти.

Британија и Еквадор долго ќе преговараат

Познавачите сметаат дека самото доделување азил на Асанж е дискутабилно, бидејќи против него формално не е поднесено обвинение ниту во Шведска, ниту во САД, а тешко е да се докаже дека би бил предмет на политички прогон. Шведските власти го бараат за испрашување за случајот со наводното силување на две девојки, но некои стравуваат дека Шведска би го испорачала на САД. Професорот по меѓународно право Тони Десковски, за „Нова Македонија“ вели дека Еквадор и Велика Британија ќе мора политички да го решат случајот.

- Еквадор не е должен да го испорача Асанж. Истовремено, Британија нема право да го наруши апсолутниот суверенитет на еквадорската амбасада - истакнува Дескоски.

Сепак, според него, Еквадор не може да го изнесе Асанж од Британија, бидејќи во моментот кога ќе излезе од амбасадата ќе биде уапсен од британската полиција.

- Тоа што следува е долго преговарање меѓу Британија и Еквадор - додава професорот.

Десковски посочува дека слично прашање беше разгледувано во 1950-те години од страна на Меѓународниот суд на правдата (МКП). Станува збор за случајот на перуанскиот дисидент Виктор Раул Хаја де ла Торе, кому колумбиската влада му додели азил, а владата на Перу, пак, не му дозволуваше безбеден излез од земјата. Двете земји се најдоа пред судот во Хаг, кој, пак, пресуди дека азилот на Хаја де ла Торе не бил доделен во согласност со Хаванската конвенција за азил. Воедно, Судот пресуди дека Колумбија нема никаква обврска да го предаде Хаја де ла Торе на перуанските власти. Хаја де ла Торе помина 5 години во колумбиската амбасада, по што перуанските власти му дозволија да ја напушти и подоцна дури и се кандидираше за претседател на Перу.

Во однос на политички прогонуваните, конвенцијата предвидува да им се обезбеди безбедно напуштање на земјата, кое може да се побара само во случај доколку азилот бил правилно доделен и доколку земјата во која се наоѓа бегалецот бара да биде протеран од нејзината територија.

Асанж тешко да го напушти Лондон

Како и да е, на Асанж во моментов му остануваат неколку опции. Тој може да се обиде да побегне до аеродром, но лондонската полиција може да го уапси штом ја ќе напушти еквадорската амбасада, а пред да влезе во дипломатското возило. Тука Асанж би имал проблем од практична природа, бидејќи еквадорската амбасада се наоѓа во зграда и нема двор, поради што тој би можел да биде уапсен во моментот кога ќе ја напушти зградата за да влезе во возилото. Се разбира, станува збор за конкретна ситуација. Што ако, на пример, одејќи до возилото биде обиколен со еквадорски дипломати? Од друга страна, проблем е и како од возилото да влезе во авион, односно како да ја напушти границата на Велика Британија. Друга опција е Еквадор да го назначи Асанж како дипломат, во обид да му обезбеди дипломатски имунитет. Но и тука се појавуваат проблеми. Прво, британската влада може да се реши на скандал, кој ќе има сериозни последици апсејќи го како дипломат, нешто од што стравуваат и САД, бидејќи тоа би ја отворило Пандорината кутија за лов на нивни дипломати низ разни земји во светот. Второ, уште поважно, британското МНР треба да го прифати назначувањето на Асанж за извршување на дипломатската функција. Следна можност е тој да биде изнесен од амбасадата доколку биде „спакуван“ во пакет со дипломатска пошта, познат како „дипломатска торба“ наменета за транспортирање документи и други добра надвор од просториите на амбасадата. Таквата опција е можна, но Виенската конвенција пропишува дека дипломатските торби „може да содржат само дипломатски документи или предмети за официјална употреба“, па затоа не е јасно дали британските власти нема да посегнат и да го проверат пакетот за кој ќе се сомневаат дека во него се наоѓа Асанж.

Последна можност е Асанж да остане во еквадорската амбасада на неодредено време. Еквадорската влада претходно соопшти дека е подготвена да му обезбеди престој на неодредено време во амбасадата во Лондон, според одредбата што ѝ дозволува да обезбедува хуманитарна заштита. Во таква ситуација Асанж ќе мора да остане затворен во просториите на амбасадата, на неодреден период или пак сѐ додека не се сменат условите околу неговиот случај. Тој веќе помина повеќе од два месеца во амбасадата. Сепак и оваа опција не му е цврста гаранција, бидејќи Лондон најави можност да се повика на законот од 1987 година, според кој полицијата може да упадне во амбасадата и да го уапси Асанж. Но неизвесно е дали Британија навистина би се одлучила на таков чекор, поради стравувањето од негативни меѓународни реакции, како и поради опасноста нејзината амбасада во Еквадор да добие ист третман од еквадорските власти.
Случајот со Асанж уште еден во низата дипломатски инциденти

1956 година
Католичкиот кардинал и противник на комунизмот Јозеф Миндзенти побара политички азил во американската амбасада во Будимпешта. Тој помина 15 години во амбасадата, пред да се согласи на егзил во Виена

1984 година
Нигериската влада се обиде да киднапира поранешен нигериски функционер, кој живеел во егзил во Британија, и да го скрие во дипломатска торба. Британските власти го осуетија обидот и ја проверија дипломатската пратка врз основа на тоа што не била означена во согласност со меѓународното право

1989 година
Панамскиот диктатор Мануел Нориега се скри во амбасадата на Ватикан во Панама, откако американската војска изврши инвазија на земјата. Американските сили ја опколија амбасадата и десет дена водеа психолошка војна против Нориега, пуштајќи му гласна музика, за на крајот тој да се предаде

2012 година
Кинескиот активист за човекови права Чен Гуангченг избега од домашен притвор и се засолни во американската амбасада во Пекинг. По преговорите со кинеската влада, САД им одобрија виза на Чен и семејството и им беше дозволено да отпатуваат за Њујорк
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=8181275325&id=9&prilog=0&setIzdanie=22659
 

Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.062
Поени од реакции
11.411
Член од
17 август 2011
Мислења
9.715
Поени од реакции
17.377
Затоа што е колонија на САД, а Викиликс ја покрена арапската пролет и останатите промени во тој дел од светот. :)
Ако идеме на теорија на заговор е ова,иначе колку што читав Претседателот на државава најпрво бил против објавувањево на документите,но поради некој информации на викиликс од амбасадата на Сад во еквадор имало инцидент со амбасадорот на сад(се мешал во внатрешните работи на Еквадор) при што бил протеран,истото го направила и Америка со нивниот.После ова претседателот дава изјава дека треба да му се даде азил,во тој контекс нешто и ете по неколку месеци Асанж е таму.
А зошто баш Еквадор го штити Асанж, да појасни некој ако знае?
Инаку веројатно Сад прават притисок врз власта во Еквадор окулу човекови права,па ова е можност да им плукнат во лице.Инаку државата го менува правецот последните години,иако доларот е официјална валута тој е донесен во 2000 та мислам за да се смири инфлацијата или така нешто,а последниве години Еквадор е насочен кон кина,поточно таму сака да ја продава нафтата за да не биде зависен од Сад(бидејки 60% од извозот на еквадор бил од нафтата).Ова не е истата банана држава,иако може све да е глумење само:)
 

RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
Асанж, ќе го памтам имево на човеков дури сум жива. Не верувам дека некој ќе покаже повеќе заби од него на сета политичка фарса која се случува во моментов. Ајде што објави еден тон документи кои дискредитираат, туку видете што прави сега.

Мислите дека не знаеше дека ќе му се случи ова? Ама знаеше и дека цел свет ќе гледа кон таа амбасада, па човекот вчера отворено кажа дека полицијата пробала да влезе во еквадорската амбасада, но биле повлечени заради наредба најмногу заради тоа што цел свет гледа. Ние сме навикнати цел политички циркус да го читаме така што е напишан од тој што победил ака западна „демократија“, па во весник си читаме рафинирани приказни. Асанж прави пренос во живо за цел свет да види како се решаваат работите денес. Ако случајно на некој не му е јасно како стојата работите повелете.

Човекот е свесен што се може да му се случи. Од тоа некој од амбасада да го турне по скали, до тоа да му се втурнат внатре и да го апсат. Во моментов Асанж е најхрабрата јавна фигура на светот. Знае дека може да умре секој момент и пак не им дава да изгледа како да го победиле.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.445
Поени од реакции
11.450
Основачот на Викиликс, Џулијан Асанж, минатиот четврток, 16 август 2012 доби азил во јужноамериканската држава Еквадор.

Вчера, недела, 19 август 2012, отворено и јавно од балконот на амбасадата на Еквадор во Лондон, Асанж им се заблагодари на повеќе јужноамерикански држави кои изразија поддршка кон него и кон неговото барање за азил во Еквадор, меѓу кои ги спомна и Венецуела и Боливија.


Заедничко за овие 3 јужноамерикански држави, освен употребата на шпанскиот јазик како службен јазик во секоја од нив, е и тоа што во сите тие држави на власт се социјалистички, или подобро кажано, демократско-социјалистички или како што некои преферираат да ги нарекуваат, неосоцијалистички влади предводени од страна на претседателите Хуго Чавез во Венецуела, Ево Моралес во Боливија, како и Рафаел Кореа во Еквадор.

Уште една заедничка карактеристика на овие 3 јужноамерикански држави е корупцијата која ја има во изобилие, како на пример во Венецуела, каде што во јули 2012, Хуго Чавез за заменик министер за внатрешни работи го постави Хуго Карвахал, поранешен венецуелски воен разузнавач, а на почетокот на годинава, во јануари 2012, Чавез го постави генералот Хенри Ранхел Силва за министер за одбрана, а заедничко за овие новопечени службени лица во венецуелската влада е тоа што нивните имоти и банкарски сметки во САД се замрзнати поради сомнение дека соработувале со и ги потпомагале бунтовниците од колумбиското левичарско социјалистичко паравоено движење ФАРК во нивните операции за шверцување и продажба на наркотици.

Не треба да се игнорира и фактот дека Чавез е во добри односи со иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад, а според чаршиските муабети во ЦИА и ФБИ објавени неодамна од страна на американските медиуми, ирански исламисти поминуваат низ процес на обука во воени кампови во Венецуела.

Сите кои некогаш гледале или сеуште гледаат латиноамерикански теленовели, на Балканот популарно познати како шпански серии, би требало да знаат дека токму Чавез намерно не и ја обнови истечената лиценца за емитување на терестријален телевизиски сигнал во Венецуела на RCTV (Radio Caracas Television), телевизиската куќа која ги сними легендарната Касандра и ред други познати латиноамерикански теленовели. RCTV сеуште постои и сеуште работи, но својот телевизиски сигнал го емитува исклучиво преку сателитските и дигиталните оператори во Јужна Америка, додека терестријална лиценца не може да извади бидејќи венецуелската влада предводена од страна на Хуго Чавез одбива да и издаде лиценца во знак на одмазда поради активното учество на RCTV во неуспешниот обид за државен удар во Венецуела против Чавез во 2002 година.

Во Боливија, легализирањето на коката од страна на боливиската влада предводена од страна на Ево Моралес, со себеси отвори нови канали за криумчарење на наркотици, а почнувајќи од 21 декември 2012, во Боливија ќе бидат забранети производството, продажбата и консумирањето на Кока Кола. Според Моралес, целта на ваквата забрана е оттргнување на Боливија од западниот модел на капиталистичка демократија и преминување кон комунитаријанизам.

А за Еквадор, каде што Асанж доби азил, како и за еквадорската влада предводена од страна на Рафаел Кореа, повеќе ќе се информирате од денешната статија на Офф.нет:

Читал ли Асанж Викиликс?

Освен ако нема фетиш на банани, Андите или желките од Галапагос, нејасно е зошто Џулијан Асанж го одбра токму Еквадор за свое царство на слободата. Според документите од Викиликс, таа држава е полна со корупција, заплашување и репресија.



Првиот човек на еквадорската полиција ги злоупотребува јавните фондови, ја користи својата моќ за изнудување пари, ја штити трговијата со луѓе и ги спречува сите обиди за процесирање на корупцијата меѓу полицајците. Овие наводи се дел од документите кои Викиликс ги објави а се однесуваат на земјата во која Асанж сака да избега плашејќи се дека шведските обвиненија против него се само дел од приказната во која тој ќе заврши во САД, обвинет за велепредавство и соочен дури и со смртна казна.

Објавувањето на овие наводи резултираа со ескпресно протерување од земјата на американскиот амбасадор во Еквадор.

"На претседателот Кореа не му е важен Асанж. Важно му е само да да им се спротивстави на Американците користејќи ја својата левичарсака демагогија," вели еден од најпознатите истражувачки новинари во Еквадор. 46 годишниот Фабијан Лоза паднал во немилост на властите заради своите стории за корупцијата. Вкупно 6 телевизиски станици се затворени откако на чело на државата доаѓа Рафаел Кореа. Колега на Лоза морал да избега во Мајами за да не служи затворска казна од 3 години заради обвиненија против претседателот а двајца новинари кои објавиле книга против братот на Кореа добиле судска казна од неверојатни 8 милиони евра.

Викиликс понуди и други наводи за немоќта на еквадорските медиуми да им се спротивстават на притисоците на државните органи.

"Парадоксално е што Асанж сака да избега во земја која нејзините новинари се принудени да ја напуштаат бидејќи не можат да ја обавуваат својата работа," вели Лоза.

Протестите на домородечките Индијанци против бескрупулозното ограбување на нивната земја заради експлоатација на нафта беа угушени со брутална акција на полицијата, корупцијата е доминантен принцип во судството, владата и полицијата а 20 проценти од населението живеат под прагот на сиромаштијата.

Другото, убаво.



Еквадор е најголем светски извозник на банани (патем, во нивното производство масовно се користи детски труд), а обилни приходи носи и извозот на кокос, цвеќе, масло и шкампи. Земјата е татковина на преку 1.600 различни видови птици, 16.000 различни растенија и над 6.000 видови пеперутки.

Рај на земјата, освен за хомосексуалците за кои се наменети 200 клиника кои служат за нивно "лечење", со крајно деградирачки третмани и услови.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
А ова за женски е тема или за Асанж? Прекинете ајде.
 
Член од
25 септември 2011
Мислења
6.448
Поени од реакции
18.280
Асанж и Рафаел Кореа имаат заеднички интереси. И двајцата се против империјализмот на Америка. Асанж објави многу преписки поврзани со Америка, поради тоа наиде на подршка од Кореа, Чавез и Моралес, затоа што тие се антиамерикански настроени и пробуваат да му докажат на светот дека Америте не се цвеќе за мирисање. Едните го подржуваат тоа што тој според нив ја "разобличува" лажната демократија на Америка, а он за сметка на тоа ги користи за да се спаси од хајката која се води против него.

Еве што изјавува Кореа за Асанж
"Your WikiLeaks has made us stronger!" Correa told Assange.
Свесен е Асанж и за дрогата во јужна Америка и за проблемите со човековите права и ниското ниво на демократијата. Тоа му е единствената шанса да не го снема. Интерес пред се.
 

Беркут

Мрчатор
Член од
12 април 2010
Мислења
10.027
Поени од реакции
14.947
Свесен е кај оди. Кај пријатели
 
Член од
20 август 2007
Мислења
2.252
Поени од реакции
312
Не бе,чекаше ти да му јавиш да му кажиш дека иде во амбис ;)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom