Судбината на Џулиен Асанж е најречитиот симбол на западното лицемерие околу вредностите за кои номинално се залага: слобода на говор, транспарентност на политиката, одговорност на актерите.... Токму во име на тие вредности Асанж и Викиликс обелоденуваa ужаси од западните војни по светот. Имаме пакетче од Ирак. Брутални работи, сериозно може да ви се слоши. Ама па, можеби некогаш на човек и треба да му се слоши.
Американски борбен хеликоптер отвора оган и потепува ирачки цивили. Пукаат и на оние кои доаѓаат да им помогнат на ранетите. Сето тоа е смешно за некои од американските војници.
Американски Апачи хеликоптер отвора оган во резиденцијален кварт на група ирачки цивили кои бараат засоилниште.
Група британски војници претепуваат ирачки деца. Колегите што ја снимаат сцената, се ситат и церекаат.
„Сите се криви, секој што носи турбан е крив“. Американски војник раскажува како сексале млади девојчиња, девици. На едно 15 годишно девојче ѝ се наредиле десеторица по што се обесила. „Изгледа не беше среќна.“