Архитектура - Он лајн!

Член од
6 октомври 2012
Мислења
260
Поени од реакции
175
Edno prasanje . . . . Eden prijatel saka da pravi nastresnica , do kukata i da mu sluzi kako terasa , na prizemje se naoga mestoto i toj zaglavil vo nekoi pravni lavirinti , napravil plan , proekt skica i se drugo i sega . . . . . ., ,, od opstina Karpos go pratile da bara soglasnosst od komsiite . . . . . . .ja kako znam za takvi objekti ne treba nikakvi dozvoli resenia , neli se toa monatazni objekti ,,,
--- надополнето: 16 април 2013 во 21:37 ---
Вака, во фаза сум на градење куќа па се размислувам за кров од шиндра. Нешто ваква боја ми се допаѓа:


Или пак да одам со керамида со ваква боја:

Прегледај го приврзокот 42219
Фасадата ќе има иста боја како оваа, темносива:


Можеби е шиндрата поскапа, некако поубав лик има кровот. Кровот ќе ми е на 4 води, значи не е поткровје него лега на сите страни на плоча. Кои се предности на шиндра(а кои маани) и каква да изберам, мислам на квалитет, од каде, што како....

шиндрата си е квалитетен материјал и си има начин на користење ако се постави правилно ,
таа се кова ( на даски 25мм) и се слепува меѓу себе , и после нема гајле од ништо , гази по неа . . ..било сто , тоа е тоа ..
Проблеми настануваат ако не се намести правилно ,
значи си бара малко мака , а без мака нема наука. .
 

wot

њ
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.483
Поени од реакции
33.585
Mи треба програма за визуелно да се претстави куќа т.е фасада, ништо професионално, само за бои и димензии да се прикажат, нема потреба ниту од 3д, макар било и веб апликација. Anyone?
 
Член од
15 ноември 2011
Мислења
1.427
Поени од реакции
751
Едно време ролоакрил имаше на сајтот избор на куќи и си бираш од страна боја да видиш како ќе изгледа фасадата на ѕидови, симсови, столбови и сл. Или тебе ти треба баш таа куќа и на неа да тестираш фасади?
 
Член од
15 ноември 2011
Мислења
1.427
Поени од реакции
751
Ако може мала помош. Инсталирав CINEMA 4D R13 се комплет со крак и сл.
Проблемот е што кога ќе се стартува го нема овој изглед како овде перспектива:

Screenshot 1.png

Кај мене е вака црно(ако не е внесено ништо и ако не е изберено render view):

Untitled2.jpg

Ја нема воопшто подлогата за работа со xyz како погоре на сликата.

Како што е инсталиран така е, не сум подесувал ништо. Пробав инсталирав plugin за archicad план да го снимиш како c4d, го внесов планот, одам на render view, од далеку ја прикажува 3д сликата на проектот кој го правев во архикад(види слика погоре). Немам никаква опција за зум, па и кога ќе свртам скрол на маус ако е тоа воопшто зум, се губи сликата? Што е грешка? 2 пати го инсталирам, пак исто.


Измена, требало да го деселектирам Use OpenGL во preferences.:D
 

Attachments

Член од
15 ноември 2011
Мислења
1.427
Поени од реакции
751
Ми треба совет за малтерисување на внатрешни ѕидови ѕидани од итонг. Ми дадоа идеја од Ксема Инженеринг да ги малтерисувам со вар/песок во тенок слој. Како знам од старите мајстори се додава и усјемал/цемент, така? Каква е оваа варијанта само со вар/песок, дали е можно да држи на блок кој во својата структура има и гипс и вар? Дали е потребен претходен шприц?
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
472
Поени од реакции
292
Незнам дали е соодветна тема...
Планирам да правам куќа околу 80 м 2 и ако имате интересни планови предложете тука или во ПП. Значи пред се ми треба добар распоред.
 
Член од
30 октомври 2010
Мислења
919
Поени од реакции
907
Незнам дали е соодветна тема...
Планирам да правам куќа околу 80 м 2 и ако имате интересни планови предложете тука или во ПП. Значи пред се ми треба добар распоред.
Сериозно очекуваш некој да ти даде проект за куќа онака?
Најди си архитект, сигурен сум дека ќе ти направи добар распоред.
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
472
Поени од реакции
292
Еве ти некои планови, веројатно ќе најдеш нешто што ти се допаѓа:
http://www.ytong.rs/rs/content/ytong_kuce_1884.php
Фала Другар има интересни предлози овде.
Се мислам ама треба да правам моабет со мајстори што е поефтино:
приземје од 90 м 2 со плоча горе
или приземје 50 м 2 плус поткровје 40 м2
???
 
Член од
15 ноември 2011
Мислења
1.427
Поени од реакции
751
По мое попаметно е подрумче од барем 20тина квадрати и горе приземје и кров на 4 води. Наоколу мене што се куќите сите се со поткровје кое не го користат со децении, им зјае празно, џабе плаќаат порез за него. Ем дигаш високо, ем фрлаш пари за странично ѕидање, ем плус треба да мислиш греење/ладење горе, ем плус прозорци/врати горе, кога ќе одбиеш сето тоа за тие пари ќе си ставиш фасада на приземјето.
Си направиш саглам подрум, саглам ѕидови на приземјето, 90м2 е доста голема станбена просторија и уживаш. Јас направив подрум од некои 60м2 и приземје од 180м2 и во план ми е четвороводен кров. Не сакам поткровје бидејќи е глупост покрај толкаво приземје и поткровје да правам, џабе фрлање пари, ионака кога ќе се направи четвороводниот кров ќе има некои простории за складирање нешто, под билото ќе има 2,8м висина.
 
Член од
24 декември 2008
Мислења
1.375
Поени од реакции
1.566
Ај доколку некој сака нека го разгледа распоредов и би бил многу благодарен доколку дадете некои други сугестии, идеи и сл.
 
Член од
25 март 2012
Мислења
8.288
Поени од реакции
4.664
Ај доколку некој сака нека го разгледа распоредов и би бил многу благодарен доколку дадете некои други сугестии, идеи и сл.
Ако имаш ваква ситуација каде на две страни имаш залепен комшија тогаш ова е добро решение, терај. Конструкцијата е топ, распоредот ептен функсионален. Готов проект си нашол.
 
Член од
24 декември 2008
Мислења
1.375
Поени од реакции
1.566
Ако имаш ваква ситуација каде на две страни имаш залепен комшија тогаш ова е добро решение, терај. Конструкцијата е топ, распоредот ептен функсионален. Готов проект си нашол.
Проектот е мој, го платив, него ми беше да не слушнам некое различно мислење. :)
Како и да е, кој знае кога и дали ќе почнам да го градам, со оглед на заебанциите со ДУП-ови и слични административни глупости во државава..
 
Член од
11 јули 2011
Мислења
1.723
Поени од реакции
1.994
Колку пари би ми требале за да направам монте плоча... Големина на куќа 100м2 10х10... ?
Сакам да ставам сега монте плоча и да го оставам така па понатака кога ќе бидам во можност да си направам тавански соби и да си ги средам... На коровот имам керамиди, сакам и нив да ги сменам лим да ставам место керамидите... Ваш совет ?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom