Архитектура - Он лајн!

Serpico

Сковинистратор / I'm Batman
Член од
25 јануари 2007
Мислења
11.164
Поени од реакции
687
Ако веќе сте се одлучиле да побарате помош од (колку-толку) стручно лице, еден wannabe архитект ви стои на располагање.

Допрва ќе средувам туторијал за цртање на проект - основно, базично; сега за сега, сите кои го знаат тоа, и сакаат сугестија за нов ентериерен распоред во просторот нека постираат шема на веќе уреден/а соба/стан - таканаречена ситуација, или постојна состојба. Дали ќе е тоа направено во Аутокад, Корел, Пеинт или на рака, не е битно.

Јас ќе се обидам да им помогнам во освежувањето и подобрувањето на квалитетот на живеењето или на македонски кажано би им дал еден ум повеќе за средување, редефинирање на просторот.

Па, дами и господа.... повелете!
 

Serpico

Сковинистратор / I'm Batman
Член од
25 јануари 2007
Мислења
11.164
Поени од реакции
687
Значи, вака... Наједноставно кажано, архитектонскиот проект, е хоризонтален пресек на објектот (или на дел од некој објект) кој се црта- станбена зграда, хотел, куќа, болница... По некои стандарди, пресекот се прави на висина од 110 см над меѓукатната конструкција од делот од објектот кој се црта, и притоа со него се опфатени само конструктивните делови на објектот, а не и мебелот.

Премногу нејасни поими? Ок...

Конструктивни делови на објект
Секој објект поради својата сопствена тежина и товарите кои подоцна се поставуваат во него, како мебел, луѓе итн, има за цел истите да ги пренесе на тлото (земјата). Затоа се воспоставува систем на носива конструкција која може да биде од масивен систем на градба (носиви ѕидови), скелетен систем (столбови и греди) или комбинација на двата стила. Поради ова, постојат различни дебелини и висини на столбови/греди/ѕидови/серклажи кои се дефинираат со пресметки на СТАТИЧАР (Статиката е научна дисциплина која се занимава со оваа проблематика). Пренесувачи на товари се и меѓукатната конструкција и вертикалните комуникации (скалите). Крајно, тие се пренесуваат до темелите на објектот, а преку нив и до тлото.

Сумирано и за наши потреби, треба да се знае дека меѓу конструктивните делови на објектот спаѓаат и столбовите и ѕидовите. Доволно јасно, нели? На сликата со зелена стрелка е прикажан товарот врз меѓукатната конструкција, а со црвени стрелки пренесувањето на товарот по столбовите-кое продолжува до темелите, па се до.... така е; Тлото.



Меѓукатна конструкција
Меѓу-катна конструкција народски речено е плочата (најчесто изведена од армиран бетон) е поставена хоризонтално врз ѕидовите / столбовите и ги одделува катовите по вертикала (односно се наоѓа меѓу нив). Составена е од 3 слоеви: 1. Носив дел 2. Подна обработка 3. Плафонска обработка. За да биде појасно, вие во моментов седите на столче кое се наоѓа на висина од 40-тина сантиметри над меѓукатната конструкција на вашиот кат. Толку.

Пресек
Веќе споменав дека се прави на висина од 110 см над меѓукатната конструкција од делот од објектот кој се црта. Замислете ја просторијата која ја сечете како коцка, чии страни се ѕидовите и меѓукатната конструкција на собата. Кога би ја пресекле на определената висина, всушност би ја виделе ”утробата” односно внатрешноста на коцката. Покрај фактот дека со пресекот се опфатени само конструктивните делови на објектот, а не и мебелот, треба да се спомене дека со него се прикажува и сечење на скалишниот простор (на посебен начин) како и отворите на ѕидовите, како вратите и прозорите.

Мебел
Прикажувањето на диспозицијата (разместеноста) на мебелот во една објект е многу едноставно, и прилично шематски. Постојат стандардизирани описи на најразлични делови од мебелот кој треба да се прикаже на цртежот. На сликата подолу имате некои од нив.



Како и да е, тука креацијата не е лимитирана... Треба да се има во предвид само точното прикажување на димензиите и формата на објектот кој се црта. Не значи дека доколку на пример работната масичка не е во форма на гореприкажаната, треба слепо да се прати споменатиот пример. Тоа на крај, сепак е само пример, нели? Мислам дека полека ја сваќаме филозофијата на Архитектонското техничко цртање.

Како тоа го прават професионалци
За оние кои не виделе никогаш, еве како тоа го направиле проектантите на Хотел Карпош. Тука е прикажана основата на приземјето, без диспозиција на мебелот.



После се, во неколку кратки чекори следат и последните совети пред да се одлучите основата на својата соба да ја прикажете на некое аматерско техничко ниво. Земете го метрото во рака, подгответе лист хартија на кој ќе го бележите измереното и набљудуваното... и почнуваме!

Прво, направете ја рамката на просторијата- границите; Oдносно, нацртајте ги ѕидовите. На сликата која следи, прикажана е една соба со 4-аголна основа и димензии 400х400 см. Заради поточно прикажување на вратите и прозорите, пожелно е да се измери и нацрта и дебелината на ѕидовите.




Време е да ги поставиме вратите и прозорите. Веќе свативме дека клучно е прецизно да се прикаже местоположбата на она што се црта. Тоа не значи дека мора да се црта во определен размер или којзнае колку прецизно... За целта која ја имаме, доволно е да со определена прецизност да се прикаже местоположбата, а со голема растојанието од еден до друг прикажан дел на цртежот. Предлагам усвојување на една референтна точка од каде би почнале со мерење, и каде би го затвориле процесот. На пример, доколку прозорот се наоѓа на 120 см од аголот од кој мериме, така и го бележиме на цртежот. Лесно, нели? Воедно, на сликата може да се забележи и начинот на прикажување на врати и прозори :)





На крај, останува прикажувањето на мебелот, по истите принципи како и погоре. Одберете референтна точка (на сликата нагласена со црвен круг), мерете и бележете ги растојанијата на основата која ја цртате. Ако креветот ви е долг два метра а широк едно, нацртајте правоаголник со димензии 200 х 100 см, па ако сакате, прикажете ја перницата и ќебето, како на цртежот погоре. И така натаму...за секој поединечен дел од мебелот.



И.... та-даааам! Ете нешто што се вика (каква-таква) основа на одбраната соба. За почеток, мислам дека ќе користи. За секаква асистенција при цртање, слободно обратете се кај мене на некои од можните средства за комуникација.


п.с. Значи, кога ќе се одлучите да побарате совет и ќе пратите основа на вашата соба, осигурајте се да ги внесете сите растојанија / да ги искотирате сите димензии. :smir:
[FONT=&quot]
[/FONT]
 

Jukka

chili
Член од
16 мај 2007
Мислења
537
Поени од реакции
2
serpico procitav sve nagore, nesto poznato od opsta kultura a nesto novo, no posle ova uste poveke se zainteresirav, nesto potsetuva na tehnickoto crtnaje vo osnovno po OTP crtavme taka vrati, prozorci, sobi ..... ako ne gresam . fala za informaciite navistina mi pomogna ako ima novo nesto kazi ..... pozz kolega
 

Serpico

Сковинистратор / I'm Batman
Член од
25 јануари 2007
Мислења
11.164
Поени од реакции
687
Многу ново од октомври на факс :)

Ова е само обид за основно запознавање со техничкото цртање. Се читаме и понатака.
 

асфалт

UNCENSORED
Член од
8 август 2005
Мислења
804
Поени од реакции
23
може прашањево е оф топик, ама сакав да прашам во врска со дворот мој, - сакам да си посадам трева, која е најдобра, предлог, каде можам да набавам
- и сакам да ставам од тие бели, како шатори за сенка, шо се монтираат, сигурно ви се познати, не знам кај можам да најдам такви и колку би коштале...
 
Член од
28 февруари 2007
Мислења
82
Поени од реакции
0
abe kaj da najdam AutoCAD?
i Na fax crtate racno ili na pc zasto sega site veke crtaat na pc pa ne mi e jasno zasto da se zamarate so racno crtanje.
 

Serpico

Сковинистратор / I'm Batman
Член од
25 јануари 2007
Мислења
11.164
Поени од реакции
687
Се црта и така и така. На почеток имаш повеќе рачно цртање, подоцна процесот се компјутеризира,

За Ауто Кадот, веќе ти пишав на темата Софтвер за арх. цртање. Биди креативен :smir:
 
Член од
28 февруари 2007
Мислења
82
Поени од реакции
0
Moze li neoj da mi objasni kako da pocnam da rabotam so AutoCAD nekoj osnovni raboti.
 

КиреМали 1911

Модератор Неимар
Член од
23 јуни 2007
Мислења
1.313
Поени од реакции
222
Moze li neoj da mi objasni kako da pocnam da rabotam so AutoCAD nekoj osnovni raboti.
почни да црташ со двете главни менија. Таму ти се основните алатки за цртање и за изменување на цртежот. Почни со цртање на некоја попроста основа (ако не можеш да најдеш, пробај со овие погоре од Serpico). Цртај со помош на обична линија, и користи кругови за вратите, кои подоцна ќе ги исечеш со помош на командата trim од менито за модифицирање.

А, да...името на менијата е draw i modify. Најчесто кога ќе го вклучиш AutoCAD-от веќе се поставени на интерфејсот, и тоа најчесто се лево, или едното е лево, а другото десно. Уосталом, ќе си ги наместиш како сакаш.

crx147Figure2.jpg

http://we-r-here.com/cad_05/tutorials/index.htm

ова е корисно за почеток
 
Член од
14 февруари 2008
Мислења
41
Поени од реакции
3
Бидејќи гледма дека доста од студентите по архитектура се ограничуваат на работење во само 1 или 2 програми (претежно AutoCAD, ретко кој и ArchiCAD и 3DMAx), топло би ви препорачал да ги поднаучите, колку повеќе програми знаеш толку повеќе и вредиш на пазарот. Глупостите ко 3D Home Architect (кога ќе се сетам колку Косто давеше со ова) и Sketch Up баталете ги (последново може да ви користи само за време на студии и никад више).
Доколку некој има проблем со горенаведеите програми ви стојам на располагање, just ask away...
 
Член од
26 јануари 2008
Мислења
70
Поени од реакции
1
daj ako moze veb strana za fasadi na kuki me interesiraat idei od poveke stilovi i sliki da se vidat do sega ne vidov ni eden takov predlog
 

Magde.

Модератор
Член од
13 септември 2007
Мислења
5.668
Поени од реакции
3.781
epa ne znam kaj da pobaram sovet pa aj na ovaa tema...znaci mebelot vo sobata mi e plav so violetovo i sega sakam da gi bojam dzidovite pa me interesira koja boja najveke ke odgovara...mislev da stavam svetlo zelena...
na krevetot ke imam prekrivac(seuste ne znam koja boja) i mnogu pernici vo tie tri boi(plava violetova i bojata na dzidot znaci zeleni) i violetova zavesa....pa sega moze nekoj da mi kaze dali ovie idei se ok,da mi dadete nekoi idei...dali boite si odgovaraat...znaci HELP...:)
p.s. ako treba nekoj crtez na sobata no problem...i da krevetot ke mi bide pod prozorot:)
 
Член од
18 март 2008
Мислења
153
Поени од реакции
0
a kako mozam jas da nabavam programa da probam sam da si proektiram kuka
ima li moznost ili..... i kako mozam da go izvedam ova

ako ima nekoj neka pomaga so instrukcii
pozdrav do site
 
Член од
15 април 2008
Мислења
20
Поени од реакции
2
Бидејќи гледма дека доста од студентите по архитектура се ограничуваат на работење во само 1 или 2 програми (претежно AutoCAD, ретко кој и ArchiCAD и 3DMAx), топло би ви препорачал да ги поднаучите, колку повеќе програми знаеш толку повеќе и вредиш на пазарот. Глупостите ко 3D Home Architect (кога ќе се сетам колку Косто давеше со ова) и Sketch Up баталете ги (последново може да ви користи само за време на студии и никад више).
Доколку некој има проблем со горенаведеите програми ви стојам на располагање, just ask away...

Јас работам во autoCAD,archiCAD...и нешто помалце 3Dmax...Кој програм би ми го препорачал друг? Од тие што ги имаш другите спомнато, ги имам ама многу многу не ги ни сакам, па така не ги ни работам нешто посебно...Имам исто и комплетно Chief architect ама уште му немам влезено во финтата :nesvest: стварно ме интересира мислење, кој е добар програм зашто од такви наивни како Sketch Up-от немам ни желба да разглобам некој програм онака саглам да го научам....
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.306
Јас имам поинакво прашање... каде се наоѓа форумот за... не знам точно... за Кензо Танге и “изложбата“ на негови и слики како и оригиналната макета? Знае некој?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom