Аронија - лековити својства

Ivica^

Confident Liar
Член од
14 август 2007
Мислења
11.142
Поени од реакции
15.886
Дечки, а дали може да се пие и парацетамол и да се консумира аронија?
 
Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.403
@Luki Junior
само тој може да ни организира една пратка од Ораовица,
за сите заинтересирани Кајганаџии,по најниска цена.
Ајде ние да направиме список (бар едно 100 кгр).
 
leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Зедов 200 грама за почеток. Ми рекоа 5-10 бобинки на ден (ги земав одеднаш) да не претерувам доволно биле. Инаку на вкус е интересна, како непрезреани дренки.
Овде на сајтот на продавницата пишува 3-5 трипати дневно
http://www.marvik.com.mk/content_article_show.asp?ID=22&Page=1&strPodredi=Redosled_Broj&strPoStrana=20&strIDArtikal=197&strThumb=2
Секаде различно пишува. Некој вика од 10/15 дневно, некој 7-10, некој од 3-5, некој до две на ден. Јас почнав со десет на ден, сега по четири на ден пијам со цеден сок од портокал ги ставам и нив со портокалите заедно. Некако ко гадни ми беа да ги јадам.

Некое подобрување немам забележано. Освен од кога почнав да јадам пред неколку месеци „здрава храна“ нали се зеленчуци, овошје и избегнувам свинско месо, некако полошо ми е на организмот. Немам сила, никаква енергија, почесто се разболувам. Ќе помислам дека ова со здравава храна е чиста глупост али ај.

Борании, моркови, аронии...златн свињетина али ајде сите трубат и ние да пробаме како е.
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.055
Поени од реакции
29.418
@leandra аронијата е само здрава храна, не очекувај чуда -посебно не во краток рок. Треба да се мисли и на други работи во исхраната ама и во начинот на живеење, повеќе движење итн.
Идејата е да се косумира овошје и цедени сокови наместо купечки „овошни„ сокови, кои се вода засладена со вештачки засладувачи и вештачки вкусови, и со „барем„ 5% овошје (заради законот).

@Luki Junior
само тој може да ни организира една пратка од Ораовица,
за сите заинтересирани Кајганаџии,по најниска цена.
Ајде ние да направиме список (бар едно 100 кгр).
Анчо, еве јас би земал некои десет кила... ако е цената добра.
Почињај го тоа списокот.

Пари директно на трансакциска сметка или...?
 
leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Купечки сок се немам напиено 7 месеци, а без чаша сок наутро неможам да замислам да ми почне денот. Почнав со свежи сокови и во нив и аронија ставам, за ручек јадам обавезно зеленчук (боранија, брокула, грав, ориз, леќа, пченка, салата свежа, риба, чорба од зеленчук, пилешко) и за вечера нешто слично од ова. Јас кажувам дека во овие месеци од кога практикувам здрава исхрана два пати се разболев и немам енергија, буквално можам да спијам цел ден и ноќ.

Можеби е до организмот, јас без месо неможам да живеам. Не дека сега целосно сум го отфрлила од исхрана (бог да чува) али далеку помалку го конзумирам. И кога го конзумирав се чувствував подобро одколку сега.
 
Gregor

Оbserver
Член од
6 февруари 2013
Мислења
1.021
Поени од реакции
1.935

Па јади си месо бе, ако е плашиш дека ќе се здебелиш од месо, јас би ти рекол дека попрво ќе се здебелиш од шеќери (компири, тестенини, ориз, леб) отколку од месо.
Кога викам месо не мислам на сувомеснати, пошо они се стварно штетни (внатре од нитрати до нитрити, додаден скроб, да не продолжувам), ама затоа ќе си земеш некоја кременадла, кртина, месце од бут, па и сланиница некад, пилешко ја у принцип не сакам многу оти го билдаат со хормони, али можеш и пилешко да конзумираш.

Месото не е штетно (тука не спаѓаат сувомеснати производи), поштетно од друга страна би ти било да јадеш овошје и зеленчук кои и прскаат по 10 пати за да дадат голем принос.

Затоа, пред да праиш сокови или било што, земи убаво измиј се, со едно сунгерче, ако пример имаш грозје, накисни го во вода едно 15тина минути, па после јади го, сачувај Боже стана работава со пестицидиве, никој ништо не контролира...
 
Тоа е она кое сега не претвори во фрикови. Не јади она има пестициди, не јади ова предизвикува рак, она другоно срцев удар и ќе станеме тревопасни животни. И на крај ќе цркнеме од преголема доза на витамини :D
 
bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.322
Поени од реакции
7.781
.

Некое подобрување немам забележано. Освен од кога почнав да јадам пред неколку месеци „здрава храна“ нали се зеленчуци, овошје и избегнувам свинско месо, некако полошо ми е на организмот. Немам сила, никаква енергија, почесто се разболувам. Ќе помислам дека ова со здравава храна е чиста глупост али ај.

Твоето тело ги исфрла отровите акумулирани во него, затоа се чувствуваш така дај време барем уште месец, е потоа :icon_lol: ...
 
Член од
28 август 2013
Мислења
3.919
Поени од реакции
11.597
Најдобро е да се јаде се, но умерено. А за тоа што е здраво, а што не е здраво според научните истражувања е релативна работа...
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.055
Поени од реакции
29.418
Можеби е до организмот, јас без месо неможам да живеам. Не дека сега целосно сум го отфрлила од исхрана (бог да чува) али далеку помалку го конзумирам. И кога го конзумирав се чувствував подобро одколку сега.
Moжеби не е до промената, можеби е некој проблем што сега испливува на површина. Немаш зијан (освен време и живци) ако отидеш до лекар.
Но едно е сигурно, без разлика колку и какво месо се јаде, никако не смета многу овошје и зеленчук.

Од твој аспект, можеби би те интересирало да прочиташ за палео исхраната. Сигурен сум дека на диск имам некои книги за конкретни упатства, кажи ако те заинтересира.
 
leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Moжеби не е до промената, можеби е некој проблем што сега испливува на површина. Немаш зијан (освен време и живци) ако отидеш до лекар.
Но едно е сигурно, без разлика колку и какво месо се јаде, никако не смета многу овошје и зеленчук.

Од твој аспект, можеби би те интересирало да прочиташ за палео исхраната. Сигурен сум дека на диск имам некои книги за конкретни упатства, кажи ако те заинтересира.
И на лекар резултатите ми се во граница на нормала.
Не е за диета работата, туку како да се храниме здраво и да ни премине во навика. Пример прво прочитав дека маргаринот е штетен - го исфрлив, после прочитав дека од свинското се добиваат болести - го намалив, после не јади сувомеснато - ќе добиеш рак, добро и тоа напоље. После не јади бел леб е штетен, јади црн, јадев. На крај кога ќе сумираш ти останува да јадеш само вакви ствари аронија, лимон, боранија, брокула, риба нели за да не фатиш некој рак, на сите ни се живее. И потоа сфаќаш дека поздрав си бил кога си јадел се од штетното, а сега не те бива.

Тоа е во мојот случај, еве други кои ги познавам и го менуваат начинот на исхрана се фалат дека им е подобро. Разликата меѓу нас е што они никад не биле месождерачи, туку секогаш јаделе повеќе салати. Јас во мојот живот никогаш не сум јадела ни зеленчук ни овошје. Мислам не сум некој љубител на таква храна. И сега може си го шокирав организмот си викам па да не ме стрефи нешто од кај да знам :)
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.055
Поени од реакции
29.418
...И потоа сфаќаш дека поздрав си бил кога си јадел се од штетното, а сега не те бива.
Не е баш веројатно, повеќе ќе да е дека сега те стигаат последиците. На крају краева пробај врати си се на повеќе месо (ама свежо месо, не сувомеснато и други преработени меса) па спореди...
Манџи со месо, и воопшто јадења каде се става зеленчук плус месо, се ем вкусни ем здрави. Салатата обавезно со ракија, и ќе имаш поттик за јадење зеленчук. ;)
Маргаринот иначе е хидригенизиран зејтин, кркај си путер (со усул) и не му ја мисли многу колку има маснотии во него.

Отидифне офф, АНЧОО го најде ли Луки?
 
Член од
10 август 2008
Мислења
744
Поени од реакции
266
На аронијава ќе почнам жртви да и' принесувам. :) Железото мене ми беше лом, пиев сирупи, апчиња, капсули и џабе. Ми беше 4 (минималната граница за женски била 6.6), а сега ми е 9.5 и можам дрва цел ден да цепам, а не ко порано, немав душа скали да искачам. Уште малку и селско руменило ќе имам.

Да не сум ко оној дедоно од рекламана за Саравита „тера точак 10 килОметри од село д'овде и назад...“, ама поубав иљач нема. Ја купувам од Зегин, малце е солена цената, ама попрактично е да имаш готов сок и на сабајле на гладно срце две-три голтки да се напиеш и да си го фатиш патот. Ко нова сум, свежната... :)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom