Human
Explorer
- Член од
- 10 октомври 2009
- Мислења
- 12.544
- Поени од реакции
- 5.220
Кога американската армија, во борбата против талибанците, ќе преземе крајни мерки, тогаш се случува Тарок Колаш, село кое е претворено во прав со бомбардирање. Претворањето на цело село во американска стратегија во борба против бунтовниците, го опишала Пола Броудвел, дипломец од воената академија Вест Поинт, која ја изработува биографијата на американскиот генерал Дејвид Петреус, објавува “Wired“, пренесува Нетпрес.
Еден од неговите подредени офицери, полковникот, Дејвид Флин, на шести октомври, лани, наводно наредил буквално “бришење од лицето на земјата“ на селото во Авганистан, и тоа со ракети и со бомби. Генералот Петреус, кого Американците го претставуваат како икона во борбата против талибанците, проблемите ги решава со зачудувачки размер на насилство, се вели во текстот на “Wired“.
Одлуката за срамнување со земја на селото Тарок Колаш дошла бидејќи единиците на полковникот Флин, долго време биле под континуирани напади на талибанците. Се верувало дека бунтовниците рачно изработуваат бомби во куќите во тоа село.
“No civcas“
Претпоставките на американската армија биле дека талибанската политика на заплашување ги протерала од селото сите цивили, па полковникот Флин наредил масовно бомбардирање. Претходно американските војници на два пати неуспешно се обидувале да влезат во селото, чија околина е целосно минирана. Броудвел наведува како војниците, кои се обидувале да влезат во селото, обидите ги нарекувале “сигурно заминување во смрт“, пишува “Wired“.
Во нападот врз селото армијата на САД користела ракети земја-земја, и авиони од типот А-10 и Б-1. Вкупно биле употребени 25 тони ракети и бомби, а крајниот резултат, според службеното известување на американската војска, бил “no civcas“ (без цивилни жртви).
“Според проценките на офицерите, напуштеното село не беше вредно за освојување. И самите да загубите неколу војници, можеби исто би размислувале“, напишала Броудвел во порака на социјалната мрежа Фејсбук.
Извор
Е, вака треба со Талибанците. Треба да мавнат уште пожестоко.