Аргентина - Швајцарија |01.07.2014| |Estadio Sao Paulo ||18:00| 1/8

  • Креатор на темата Џонтра Волта
  • Време на започнување
Џ

Џонтра Волта

Гостин

Вторник, 01.07 1/8 финале од Светското првенство во Бразил. На Сао Пауло арената копјата ќе ги вкрстат двократниот светски шампион Аргентина и репрезентацијата на Швајцарија.

Oвие две репрезентации до сега се имаат сретнато 6 пати. Аргентина има 4 победи и 2 нерешени натпревари. На големите натпреварувања се имаат сретнато еднаш, на Светското првенство во Англија 66`, тогаш Аргентина славела со 2-0.
Последен натпревар кој го одиграле овие две репрезентации беше пред 2 години на пријателски натпревар каде Аргентина славеше со резултат од 3-1.

Групна фаза на ова СП.

Гаучосите се најдоа во група со репрезентациите на Босна и Херцеговина, Иран и Нигерија. На првиот натпревар против БиХ славеа со 2-1 со голот на Меси и автогол на Сеад Колашинац.
На вториот натпревар против Иран славеа со 1-0 со гол во 90 минута од страна на капитенот Лионел Меси.
Последниот натпревар го одиграа против Нигерија и славеа со 3 спрема 2, одново Лионел Меси беше стрелец, овојпат на 2 гола додека 1 постигна Маркос Рохо.

Репрезентацијата на Швајцарија пак, се најде во група со Франција, Еквадор и Хондурас.
На првиот натпревар преку пресврт успеаја да го победат Еквадор 2-1 со головите на Мехмеди и Сеферовиќ во 90та минута.
На вториот натпревар беа декласирани од Галските петли со високи 5-2, Џемаили и Џака со два прекрасни гола беа стрелци за Швајцарците.
И на третиот натпревар, рутински го совладаа Хондурас со хет-трикот на Ѓердан Шаќири.

Играчи на коишто треба да се внимава.
Во тимот на Аргентина без сомнение тоа е Лионел Меси, капитенот на репрезентацијата имаше импресивен настап во групната фаза, практично сам играше и со 4 погодоци на 3те натпревари ја однесе репрезентацијата во 1/8 финален мегдан со Швајцарија.
Ѓердан Шаќири истотака прикажа извонредни настапи, постигна 3 погодоци, иако тоа беа на еден натпревар играчот на минхенски Баерн беше од круцијално значење на првиот натпревар каде со пресврт славеа над Еквадор и со тоа си го олеснија патот кон 1/8 финалето.

Судиска тројка.
Главен судија на натпреварот ќе биде швеѓанецот Јонас Ериксон, негови помошници Матијас Класениус и Даниел Варнмарк истотака од Шведска додека четврт арбитар ќе биде норвежанецот Свен Одвар Моен.

Можни состави на двете екипи.
Аргентина: Иако на првиот натпревар селекторот Сабеља излезе со 3-5-2 формација на следните два натпревари ја врати старата 4-3-3 односно 4-4-2 дијамант.
На голот е сигурен Серхио Ромеро, десно во одбраната Пабло Забалета, лево Маркос Рохо, на штоперските позиции Гарај и Фернандез. Веднаш пред нив како последен играч за врска ќе биде Хавиер Маскерано, покрај него во средината се очекува да настапат Фернандо Гаго и Анхел Ди Марија. Во нападот сигурни се Меси и Игуаин додека Кун Агуеро заработи повреда на натпреварот со Нигерија и се очекува да стартува од клупата, неговото место би требало да го завземе Езекиел Лавеци.

Ромеро​
Забалета - Фернандез - Гарај - Рохо
Маскерано​
Гаго - Ди Марија
Меси​
Лавеци - Игуаин​
Швајцарија: Селекторот Отмар Хицвелд не отстапува од својата 4-2-3-1 формација.
На голот е Бенаљо, во одбраната на бековските позиции ќе стартуваат Лиштајнер и Родригез, штоперскиот тандем е Џуру-Вон Берген. Во средината како деструктивци ќе се најде двоецот од Наполи Валон Бехрами и капитенот Ѓокхан Инлер, малце пред нив како организатор на играта ќе биде Гранит Џака. По крилните позиции ќе оперираат Ѓердан Шаќири и Адмир Мехмеди додека најистурен во нападот ќе биде Харис Сеферовиќ.

Бенаљо​
Лиштајнер - Џуру - Вон Берген - Родригез
Бехрами - Инлер​
Шаќири - Џака - Мехмеди
Сеферовиќ​
 
Последно уредено од модератор:
Член од
17 ноември 2012
Мислења
4.547
Поени од реакции
5.305
Овој Маркос Рохо ептен поливалентен еј, ем голман ем бек игра :icon_lol:
 

Ернесто ЧЕ Гевара

Hasta La Victoria Siempre
Член од
21 јуни 2010
Мислења
14.021
Поени од реакции
20.766
Искрено, стравувам. Аргентина има големи шанси да отпадне сега. Евентуално 1/4 финале полесно ќе го пројдат. Швајцарцве се опасни.

Битно, Аргентинците се подготвуваат. Забалета:
 

Ѓорче 1932

тој сум...
Член од
17 февруари 2009
Мислења
13.564
Поени од реакции
11.576
Искрено, стравувам. Аргентина има големи шанси да отпадне сега. Евентуално 1/4 финале полесно ќе го пројдат. Швајцарцве се опасни.
Опасни напред,а назад поточно централните бекови им се подвижни тутурутки.
Аргентинците од старт мора да тргнат на нив како најслаба алка во швицарската репрезентација.
 
Џ

Џонтра Волта

Гостин
Познавајќи го Лавеци, ова е класична намештаљка, не дека сакал да се слика со дрес. :D:D:D:pos:
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: Lu5
Член од
14 декември 2013
Мислења
4.157
Поени од реакции
10.994
Го спаси светсково Џонтра,ако не беше ти немаше да има тема за ваа утакмица :D
 
Член од
25 септември 2011
Мислења
6.448
Поени од реакции
18.280
@Џонтра Волта конечно ти текна тема да отвориш.:icon_mrgr:

Не смее да се потценува ниту еден противник, најмалку Швајцарија.
Сабела се надевам дека ги увиде грешките и проблемите до сега. Клучно е да ја стегне одбраната која на претходниот натпревар беше промаја. Растеретен сред ред кој редно е да почне да функционира во стилот на јужноамериканските атракции и течна игра.
Аргентина има добри поединци и еден D10S Меси кој и овој натпревар се надевам ќе биде клучен за трите бода и одење во следна рунда.

Швајцарија се одличен млад тим кој ќе биде ултра мотивиран за докажување против една Аргентина. Добри поединци со еден до моите омилени тренери маестро Хитцфелд, искусен стратег со фантастична дисциплина.
Очекувам интересeн натпревар со квалитетен фудбал и победа на Аргентина.

Por la gente, Por la gloria, Por la historia!
 
Џ

Џонтра Волта

Гостин
Moже слободно темава да ми ја избришете, мене да ми дадете казнени поени или да ме банирате перманентно а вие све што имате да лупнете у кладилница на Швајцарија хендикеп.

Сунгерот Боп ми коментираше на темата за Аргентина и предвиде победа од 2 разлика. :place:

Ajде со лајк може ќе го разбијам малерот.
 

Iceboy

Porque somos LOS MEJORES
Член од
23 октомври 2008
Мислења
17.278
Поени од реакции
17.958
Онака wild guest Швајцарија тепа 1-2.
Зависи Аргентина дали планира да игра фудбал налик оној против Иран/Босна или против Нигерија.
Ако биде како првиот пример тогаш шансите на Дино Мерлин се зголемуваат автоматски, ама ако играат како шо знаат и Игуаин конечно да сфати дека треба голови да дава, на западниов сосед му се пишува нова Франција.
И желба од мене, Меси да истрча повеќе од 6 километри утакмицава ако може.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom