Норлево, 1,5 мг таблети, levonorgestrel
прашање, ако оплодената јајце-клетка не се вгнезди во матката поради дејство на хормонот на Норлево, што со вгнездување на друго место? можно е вонматерична вгнездување-бременост што ќе биде уште полоша ситуација?
... или од каде знаете точно дека не дошло до оплодување на јајце-клетката, после еден час на пример од сексуалниот однос, а Норлево ќе се испие после два часа од тој однос? кога доаѓа до бременост Норлево веќе не помага, дури препорачливо е да се знае точно дека се нема дојдено до бременост, па да се пие Норлево за да би се спречило да не дојде покасно до бременост! според тоа прво се прави тест за бременост, па да се исклучи во моментот бременоста, па потоа се пие Норлево за да не би се ослободила јаје клетката од јајниците или да не би се вгнездила во матка веќе оплодена јајце-клетка!
дали Норлево е безбеден лек ?
дали Норлево кај нас може да се купи и без лекарски рецепт?
според препораката на самиот лек потврдена од министерство за здравство лекот се издава само на рецепт!
а од друга страна при регистрација на овој лек, самото министерство за здравство покрај другите податоци, укажува на начин на издавање да може и без лекарски рецепт!
... кај нас на жалост, секогаш едно правило е со две страни, кој како ќе го следи , така да Норлево некои инсистираат на посета на гинеколог и негово препишување на рецепт, а други слободна препорака као една таблета не може нешто да штети, па може да се земе и без рецепт !
...и самиот факт дека се постира во подфорум „секс и љубов“ прашања за лек, како да се зборува за вибратор или дилдо, а не за лек кој може да биде отров, ете колку сме загрижени за нашето здравје!