Знам јас дека природното е подоборо се разбира. Со она "дали се штетни" целев на тоа заради хемискиот процес кој се користи при нивнaта обработка. Сепак поради начинот на живот кој не ни сервира, немаме доволно време нити опции да се храниме како што треба. Фармацијата се повеќе го завзема местото на уживањето во прекрасното овошје и зелечук. Од она што читав, дојдов до заклчок дека заради природата на начинот на создавање на овие суплементи треба да се зима двојна доза за да се задоволи потребата, бидејќи голем дел од нив телото неможе да го обработи и се исфрла. Така што ако пример, земете една таблета витамин ц од 500мг, всушност внесувате само 50/60% од неа, другиот дел телото го исфрла бидејќи витамините во концентрат не се еднакви со оние во природата нели. Што значи двојни дози за добар резултат. Доказ за ова е бојата на урината после користење на било каков вид на витамини во форма на таблети.
И да, немојте да ги купувате оние мултивитамини што ги има по пазарите, или продавниците по многу ниска цена. Купувајте само витамини од проверени брендови, па макар и да се двојно поскапи. Најдобро е да се зимаат посебни витамини, не мешани/мултивитамини дури и кога се работи за квалитетен производител.