Апсурдни модни трендови

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.810
Поени од реакции
25.397
Секоја сезона има нови модни трендови, нови работи, нови дизајни...
Секако дека не сите се привлечни за нашиот вкус.
Кој е модниот тренд кој највеќе ве нервира и никогаш не би го следеле или облекле такво парче облека?
 

Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.436
Поени од реакции
15.319
Пинк маичка...Бившата женска од инает ми поклони една и јас од инает ја носев.
И да Јасер Арафат шалови атер за Сусаро ги замразив.
 

RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.728
Хоте Кутур разбираш или што би рекле во модни кругови Висока мода. Кој ги носи тие глупости никогаш нема да ми биде јасно, што од што почудно.

И никогаш не би носела крзно. Помислата што им прават на животнине ме згрозува од глава до пети, не пак да носам такво нешто.
 
А

Анноун

Гостин
Не сакам да видам кај понежниот пол :
- Балетанки . :гомце: Ги измислиле за да можат со малце пари да имаат обувки во тон со тоа што ќе го облечат.

Не би носел :
- Ебачко сако ( ала Џеј Џеј енд Меќиќ )
- Крст , ланци , тракатанци
- Шпиц кондура :facepalm: Кога ќе ми текне на белите шпиц кондури. ЉОООООЉ !
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
83.510
Поени од реакции
192.073
Шпиц кондури кај машко нервираат и балетанки никогаш не би носела како што носи 95% од женската популација. Штикли/патики > балетанки.
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.627
Поени од реакции
38.523
Шпиц чевли, животински принт, сатен, неонски/дречливи бои, маички со гол стомак... Кога ќе се сетам на уште нешто, ќе дополнам.
Не се мачи речи бугарски стил и ќе објасниш се наеднаш.
 
Член од
6 јануари 2011
Мислења
1.056
Поени од реакции
2.678
Леле мене не ми се јасни девојчињата што ги носат летно време тие шалварите. Буквално како посрани ми се. Нема ли добра фармерка/панталони да се стегнеш, да истакнеш задник, нога... тие шалвари облекле... Како тие булите ми се што продаваат сирење/урда на пазар.
 

zee German

mpkfa
Член од
12 август 2009
Мислења
6.274
Поени од реакции
5.938
Тие тимберленд чизмите пола Скопје шо ги носит, разбирам различни модели али сите до еден ист ебан модел...исто таа шарпата шо ја спомна ебиветар никогаш не би ја ставил на мене , освен ако ограбвам некоја банка или почнам да се занимавам со тероризам.
 

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
7.839
Поени од реакции
14.638
Не сум видел,на ова до сега да се вратила модата,
Во почетокот на 70-тите години,некаде до 75 година,беа во мода машките чевли со високи потпетици.Сите југословенски производители на чевли се удрија на изработка на тој производ.И наша Газела,исто така,би рекол целото произвоство и беше на машки чевли со високи потпетици, а имаа и најповеќе модели на такви чевли,во својте големи за тоа време салони за чевли.Цела младеж беше на штикли.
ај еве и скопски - машки кондури со штикла.
Висина на штиклата беше над 6 смм-па и до 8 смм.
Јас како „кепец“- мислам купив од највисоките 10 смм.
Сега тоа е несватливо,кога би одел некој таков по улица сигурно ќе го загледуваат.Но ако имате некој стари грамафонски плочи,од тогашните странски рок-групи,ќе видите дека и тие ги носеле истите чевли,па од нив сигурно е и ова преземено,како и долгата коса и бакембардите.
Е бакембарди (добро ли ги напишав)носевме буквално сите,некој и по целата страна на образите,до вратот.А косата се разбира како Битлси-до очи.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom