Апел за помош на 8-годишната Ели – да ја покажеме хуманоста на дело!

Член од
24 април 2008
Мислења
10.483
Поени од реакции
11.539
http://kurir.mk/makedonija/vesti/iten-apel-za-pomosh-na-8-godishnata-eli-da-ja-pokazheme-humanosta-na-delo/

ИТЕН апел за помош на 8-годишната Ели – да ја покажеме хуманоста на дело!

Ели е родена со многу ретка болест, тотален аганглионарен мега колон (нејзините црева не работат) што резултира со исклучително сериозни компликации и животозагрозувачка состојба.

25 јануари 2016 | 09:44

Како резултат на нејзината состојба, Ели седум години од детството ги минува живеејќи во болница одделена од своето семејство во придружба само на книгите кои ги обожава.

Се појави надеж во САД каде докторите гарантираат дека можат да и помогнат на малата Ели да почне нормално да живее како своите врсници. Операцијата е на товар на фондот за здравствено осигурување , но по извршената операцијата се појавија компликации и потреба да се продолжи нејзиниот престој во болница за повеќе од две недели до денес.

Ели се наоѓа во болница во Америка. Живеe во страв дека лекувањето нема да се продолжи и сите напори ќе бидат залудни.

Дополнителниот престој итно мора да се плати, а нејзиното семејство нема финансиски средства.

Еден болнички ден ги чини 3.400 евра . Износот кој во моментов им е потребен е 57.800 евра и со секој следен ден расте.

Ели е во Америка со семејството без никакви средства, буквално ни за основни потреби за живот бидејќи престојот непланирано е пролонгиран.

Дополнително по напуштање на болницата мора да престојува уште неколку месеци во САД за потполно да се опорави.

Средствата не ги покрива фондот, а семејството истрошено од долгогодишната борба нема средства за да го продолжи лекувањето, кое доколку се прекине може сериозно да ја искомплицира состојбата на Ели.

После многу операции и 7 години во болница Ели ќе има можност да зачекори со своите другарчиња доколку ние ја покажеме хуманоста!

Да спасиме еден живот. Да и помогнеме на Ели да има детство какво што заслужува.

Да донираме на:

070/143-111 – Телеком
077/143-775 – ВИП
075/143-114 – ОНЕ


http://kurir.mk/makedonija/vesti/iten-apel-za-pomosh-na-8-godishnata-eli-da-ja-pokazheme-humanosta-na-delo/
 
Член од
8 октомври 2007
Мислења
4.680
Поени од реакции
8.511
Донирано и проследено. Се надеваме на се најдобро
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.483
Поени од реакции
11.539
Ima nekoj ziro smetka kade da se pustat pari...se izvinuvam za latinica od tel e
Досега не сум нашол трансакциска сметка за донации.

Доколку некој најде трансакциска сметка за донации за девојчето, нека ја објави - со линк за да знаеме извор на информацијата.
 

Miss.Independent

Me,Myself & I
Член од
26 јуни 2013
Мислења
1.362
Поени од реакции
3.345
Досега не сум нашол трансакциска сметка за донации.

Доколку некој најде трансакциска сметка за донации за девојчето, нека ја објави - со линк за да знаеме извор на информацијата.
Сметка за Ели:
-Денарска
300001000024155
Комерцијална банка
Елена Додевска

-Девизна
Dodevska Elena
IBAN: MK07300307063080823
BIC/SWIFT CODE: KOBSMK2X
KOMERCIJALNA BANKA
 

Kajgana Shop

На врв Bottom