Апел за помош на Христина Николовска!

Член од
11 февруари 2009
Мислења
1.072
Поени од реакции
1.144
Наидов на една статија која многу ме погоди, па затоа сакам да ја споделам со вас.
Статијата е копирана од друштвената игра Ерепублик и авторот таму вели дека постапката за добивање телофонски броеви за донација е при крај.

Се работи за апел за помош за 21 годишната Христина Николовска, с.Куклица Кратово.
Нејзината сторија е објавена овде, а јас ќе ја пренесам во целост со надеж дека како е-заедница ќе сме хумани и ќе помогнеме.


Може ли трагичната приказна на кратовката Христина Николовска да има среќен крај?

Кога се раѓа човечко суштество, радоста на најблиските е огромна. Не помала е кога детето ќе прооди, ќе застане цврсто на нозе. Така некако, сосема нормално, течеле работите и во семејството Николовски од кратовското село Куклица, кога пред 21 година се родила малечката Христина Николовска. На девет месеци палавото девојче проодело и се било навидум супер до мигот кога кај неа се појавила болеста која и го претворила животот во ужас.
„Имав неполни 4 години, кога првпат паднав и скршив рака. Набргу потоа и при полесни падови почнав да кршам нозе. Родителите ме однесоа на лекар, каде беше констатирана болест на коските позната како „остеогенезис импрефект“. Лекарите тогаш ми забранија да газам по земја, за да не предизвикам нови скршеници. Две-три години родителите постојано ме носеа во раце, се до осмата година, кога социјалните служби ме одзедоа од семејството и ме однесоа во заводот за рехабилитација во „Банско“, Струмица. За тие 7-8 години, дел во Куклица, дел во Банско, заработив стотина скршеници, по што коските лошо ми зараснуваа и почнаа да ми се искривуваат екстремитетите“, го отвори своето срце за читателите на „Аберџија“ младата кратовка.

Но тука не завршуваат тажните мигови во животот на Христина. Кога имала само 12 години починала нејзината мајка.

„Се вратив од Банско на летен распуст во родната Куклица. Ја најдов мајка ми многу болна, ми умре пред очи без да знам дека била болна. Тоа беше уште еден суров удар на судбината, но морав да го издржам и да продолжам да живеам. Иако на почетокот имав проблеми да се адаптирам на новата средина во Баснко, сепак набргу сфатив дека еден млад човек мора да се школува. Иако во инвалидска количка, станав активна на многу полиња, пеев во музичкиот хор, научив да свирам на клавир, глумев во драмската секција, прекрасно сликав и цртав. Со радост се запишав во средно училиште во Струмица, насока правен-трговски техничар. Бев талентирана и благодарение на стипендијата, се запишав на правни студии на ФОН. На почетокот ме носеа на предавања и ме враќаа назад, но стана неподносливо за мене да чекам со часови на дожд, снег, ветер, сонце додека да стигне превозот, па се префрлив на вонредно студирање. Засега одлично ми оди, ги положив сите испити од прва година, а веќе започнав да полагам предмети од втора година. Имам огромна енергија да успеам во животот, да најдам убава работа и да им помогнам на моите сестрички Јована (16) и Катерина (12). И тие, исто како мене, пораснаа во интернатот во Кратово, само за викенд си одат дома“, ја продолжува приказната Христина.


Зрак надеж во целата приказна дава реномираната болница „Филип втори“ во Скопје, каде лекарите и ветиле дека за нејзината болест има лек.
„Лек има, но чини 10.000 евра. Јас немам пари, ниту моето сиромашно семејство. Во оваа наша држава верувам дека има хумани луѓе кои може да помогнат да ја победам болеста. Лекарот кој ја следи мојата болест ми рече дека ако успеам да соберам барем половина од сумата, ќе ми направи операција на подколениците, а кога ќе ја соберам целата сума, тогаш ќе ги оперирам и надколениците. Надеж ми дава една млада прилепчанка со иста дијагноза како мене, која по операцијата има сосема нормален живот. Живеам за денот кога повторно ќе застанам цврсто на нозе и ќе им надополнам на моите мили сестрички што толку малку време поминував со нив“, ја заврши приказната храбрата Христина.

Таа е во инвалидска количка веќе 17 години …

Потребен е оперативен зафат во Болницата “Филип Втори” во Скопје, за операцијата се потребни 10 000 евра

Христина Николовска, с.Куклица
Жиро сметка: 300037074604873
Комерцијална банка Скопје

 
Член од
21 септември 2010
Мислења
349
Поени од реакции
181
I jas ja procitav vcera statijava, se nadevam ke stavat brojcinja od operatorite....ako gi doznae nekoj neka gi objavi
 
Член од
27 мај 2014
Мислења
4
Поени од реакции
0
Navistina potresna prikazna i bi bilo dobro sekoj sto e vo moznost da donira.Bi bilo dobro da se objavat broevite na operatorite
 

Kajgana Shop

На врв Bottom