- Член од
- 7 јануари 2008
- Мислења
- 5.366
- Поени од реакции
- 804
Петар Николов има 6 месеци и сеуште не почувствувал ниту еден миг на нормален живот. Имено веднаш по раѓањето му е диагностицирана езофагеална атрезија (вродена малформација скратување на хранопроводот, односно слеп завршеток на хранопроводот). Извршен е итен оперативен зафат во Државниот Клинички Центар во Скопје, со надеж дека Петар потоа ќе има нормален живот. Но голготата за Петар и неговата фамилија почнува тука, по операција, неговата состојба се влошува, односно на хранопроводот му се јавуваат стеснувања низ кои не може да помине храна, како и фистула (комуникација помеѓу хранопроводот и душникот). Петар се храни преку сонда, а млекото што го прима, често завршува во белите дробови, каде што дополнително прави проблем.
Шест месечно безуспешно талкање низ државните и приватните болници во Македонија, за многу скромната фамилија од Кочани. Надежта и трпението се повеќе се тенчат, но избор нема, борбата за најмилите мора да продолжи. А најголемиот борец е Петар, кој секојдневно се бори за својот живот.
Апел до сите хумани луѓе да одвојат трошка време за да помогнат на оваа скромна фамилија во борбата за Петар. За жал трошоците за неговото лекување се огромни за оваа фамилија. Финансии веќе воопшто немаат, а допрва ќе следува лекување во странство. Друг начин нема, освен да ја покажеме нашата солидарност и заедно да го спасиме малиот Петар .
Име : Николов Петар
Банка : Тутунска Банка
Сметка : 210501670680616