Апел за помош на Никола Вулетиќ

closertb

Пластичен
Член од
23 октомври 2011
Мислења
893
Поени од реакции
1.049
Јас, Горан Вулетиќ со адреса на живеалиште: ул. Иго Тричковиќ бр. 19/9, Куманово, родител на Никола Вулетиќ, ги молам сите хумани и добронамерни луѓе да донираат парични средства за лекување на мојот тринаесетгодишен син кој е сместен во болницата АџиБадем во Истанбул, Турција.
Имено, на 09.01.2014 година му е дијагностициран тумор на мал мозок (medulloblastoma). Поради сериозноста на дијагнозата, бидејќи се работи за тип на агресивен тумор, како и високиот ризик од негово понатамошно ширење, под итно е извршена операција во истоимената болница во Истанбул од страна на детскиот неврохирург проф. д-р Мемет Озек каде е успешно отстранет. Трошоците за операцијата, вклучувајќи ги сите медицински услуги направени во болницата, како и нашиот престој на мене и сопругата Даниела Вулетиќ беа покриени со сопствени средства во висина од 40.000 евра. Сега за негово понатамошно лекување т.е. хемотерапија и радиотерапија неопходни се средства во висина од 100.000 евра кои ние како родители не сме во можност да ги обезбедиме. Затоа ги молам сите хумани граѓани да донираат парични средства на долунаведената жиро сметка со цел да помогнат во негово излекување.
Жиро сметката на која ќе може да ги уплатите средствата:
300097024332971
Комерцијална банка АД Скопје
на име Никола Вулетиќ
Полномошник: Горан Вулетиќ
Адреса на живеалиште: ул. Тричковиќ бр. 19/9 1300 Куманово
Мобилен телефон 070-424-023
Голема благодарност до сите.

Со почит,
Горан Вулетиќ
 

closertb

Пластичен
Член од
23 октомври 2011
Мислења
893
Поени од реакции
1.049
Сега за сега, не. Само преку банка.
Ако има некоја новост, ќе ве известам тука во истиот момент.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom