Апел за помош за Јана

Член од
17 ноември 2013
Мислења
18
Поени од реакции
10
Верувам дека на дел од вас познат ви е случајот за храбрата охриѓанка Јана Арсовска, да ја појаснам еве јас темава. Таа има 33 години и од 2015 година се бори со адултен неуробластом, премногу редка форма на канцер која се јавува кај возрасни. На Јана ѝ се потребни 200 000 евра за да продолжи со лекување, да се избори со опасниот канцер. Цел Охрид е мобилизиран за да помогнеме, а и цела Македонија.
Тука ќе ги постирам фб профилот каде може да се следи сѐ, инстаграм профилот и gofundme страната.
Верувам дека може да направиме нешто малку, кое за нашата Јана ќе биде многу. Да ја покажиме нашата хуманост ❤
Секакви идеи, начини како да се помогне се добредојдени.


https://www.facebook.com/donirajzajana/

https://instagram.com/nadez_za_jana?igshid=7zl8yql94sh9

https://www.gofundme.com/f/hopeforjana
 
Последно уредено:
Член од
22 јули 2010
Мислења
32.528
Поени од реакции
81.968
Во Скопје, по 9ти пат на Балканов (втор пат кај нас) ќе се организира регионален собир на навивачи на Ливерпул. Како Macedonian Reds се вклучивме во оваа хуманитарна акција. Настанот ќе се одржи на 27ми октомври во Бекјард (позади ЈБТ) во Скопје. На самиот настан ќе има кутија за донации, ќе има и лотарија со наш мерчендајз а за учествово во истата ќе треба да се купи талонче кое чини 50 денари. Исто така ќе има и ограничен број магнети и налепници од нашиот фан клуб кои ќе можат да се купат по цена која не е претходно одредена, него по принцип „кој колку сака и мисли дека треба“. Сите собрани пари, до денар, ќе бидат дадени за Јана. Ќе се потрудам кутија за Јана да биде оставена повеќе денови во локалот, така да, доколку некој е на поминување и сака, слободно нека остави, колку може се разбира.

jana.jpg
 
Последно уредено:

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.130
Поени од реакции
18.127
Почивај во мир Јана.И таму кај шо си сигурно не е полошо од овде.:( Screenshot_20191212_185033_com.android.chrome.jpg
 

Kajgana Shop

На врв Bottom