Економска политика на Македонија

INDIJANEC123

Женкар, Илуватар
Член од
17 март 2014
Мислења
3.815
Поени од реакции
6.373
ММФ препорачува - Помалку субвенции, повисоки даноци за Македонија

Објавено во: Економија 23 Ноември, 2017




inShare

Меѓународниот монетарен фонд во анализата за Македонија препорачува да се зголеми старосната граница за пензионирање со цел да се олесни притисокот врз Фондот за пензиско и инвалидско осигурување кој се пополнува со буџетски средства, да се зголемат одредени даноци, како и да се ограничи растот на минималната плата кој треба да соодвествува со продуктивноста.

ММФ, во извештајот за Македонија објавен вчера, сугерира веднаш да се почне со консолидација на фискалната политика со мерки на страната на приходите, но и на страната на расходите, како и да се зголемат даноците на горива и на имот за сметка на високите државни субвенции.

Покрај зголемените даноци, ММФ препорачува поефикасна наплата на данокот на додадена вредност, за која што ММФ вели дека е пониска од земјите во регионот на Западен Балкан, како и намалување на нетаргетираните субвенции, посебно во земјоделскиот сектор.

„Фискалната експанзија во изминативе години беше придружувана со повисоки пензии и субвенции. Консолидацијата треба да почне без одлагање, преку поефикасно собирање на ДДВ, рационализација на субвенциите, пензиски реформи и повисоки даноци на горива и имот. Овие мерки ќе осигураат фискална одржливост и ќе помогнат да се обезбедат големите инвестициски потреби во инфраструктура и човечки капитал“, се вели во извештајот на ММФ.

За монетарната политика, ММФ вели дека засега е соодветна, но ќе биде потребно затегнување ако инфлацијата почне да расте рапидно. Финансискиот сектор, според ММФ, е добро капитализиран, ликвиден и профитабилен.

ММФ предвидува раст на БДП од 1,9 отсто за 2017 година, 3,2 отсто за следната година и 3,8 отсто на среден рок.

http://faktor.mk/mmf-preporachuva---pomalku-subvencii-povisoki-danoci-za-makedonija
Со други зборови инквизиција.
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.322
Поени од реакции
7.781
Значи данок на се, ако имаш приход над 1000 евра те фаќа параграфот :icon_lol:. Ако имаш убава и голема куќа која си ја наследил или од лебот си крател па си задолжен до гуша со лихваро-банкарски крдедити да ја изградиш ти си богат човек тебе има убаво да те оданочат, а посебно дуќаните на прв спрат кои што не можеш да ги издадеш. Случајно ако земјоделие работиш, бавча нешто минимална колку за дома органско здраво, немој да си продал нешто килограм по килограм има да те даночат. А и водата, храната и дизелот поскапуваат после Нова Година. Дојде животот на здравје :icon_lol:.
 
Последно уредено:
B

Bafra

Гостин
Значи данок на се, ако имаш приход над 1000 евра те фаќа параграфот :icon_lol:. Ако имаш убава и голема куќа која си ја наследил или од лебот си крател па си задолжен до гуша со лихваро-банкарски крдедити да ја изградиш ти си богат човек тебе има убаво да те оданочат, а посебно дуќаните на прв спрат кои што не можеш да ги издадеш. Случајно ако земјоделие работиш, бавча нешто минимална колку за дома органско здраво, немој да си продал нешто килограм по килограм има да те даночат. А и водата, храната и дизелот поскапуваат после нове година. Дојде животот на здравје :icon_lol:.
Се тоа се решава ако се сака. Единственото решение е НАМАЛИ БУЏЕТ избркај пијавиците во администрација и ете ти.
Некои плачат како така, ќе болело ова она. Епа ако си дозволил Пијавица да ти се закачи за да ја откачиш треба некоја мерка да примениш. Малку ќе прокрвариш но ништо страшно. Но ако ја оставиш ќе си умре домаќинот а и пијавицата со него.
Па сега бирај народе ....

Знаете како живи се фаќаат диви свињи без оружје:

Со наоѓање соодветно место во шумата и ставање пченка на земја. Свињите ја наоѓаат и почнуваат да доаѓаат секој ден да јадат бесплатната пченка. Кога ќе се навикнат да доаѓаат секој ден, ставате ограда на едната страна од местото каде што се навикнати да доаѓаат. Кога ќе се навикнат на оградата, повторно почнуваат да јадат пченката, па поставувате од друга страна ограда. Тие се навикнуваат на тоа и почнуваат да јадат повторно. Ќе продолжите додека не ги имате сите четири страни заградени со ограда и со порта на последната страна. Свињите, кои се навикнати на бесплатната пченка, почнуваат да доаѓаат преку портата за повторно да јадат таа пченка. Штом влезат затворете ја вратата. Одеднаш дивите свињи ја изгубиле својата слобода. Тие трчаат околу и околу внатре во оградата, но тие се фатени. По некое време си се враќаат да јадат од бесплатната пченка. Тие се навикнуваат и забораваат како самите да се прехранат во шумата, па затоа го прифаќаат нивното заробеништво.

Владата продолжува да нѐ турка кон комунизам / социјализам и продолжува да ја шири бесплатната пченка во вид на разни програми/субвенции/ додатоци додека ние постепено малку по малку губиме нашите слободи и способности.

Е ама по некое време свињата ја посетува Касапот :P
Се што е бесплатно ќе дојде сметката за тоа подоцна ама и со камата.
 
Член од
6 април 2010
Мислења
1.578
Поени од реакции
10.588
ММФ препорачува - Помалку субвенции, повисоки даноци за Македонија

Објавено во: Економија 23 Ноември, 2017




inShare

Меѓународниот монетарен фонд во анализата за Македонија препорачува да се зголеми старосната граница за пензионирање со цел да се олесни притисокот врз Фондот за пензиско и инвалидско осигурување кој се пополнува со буџетски средства, да се зголемат одредени даноци, како и да се ограничи растот на минималната плата кој треба да соодвествува со продуктивноста.

ММФ, во извештајот за Македонија објавен вчера, сугерира веднаш да се почне со консолидација на фискалната политика со мерки на страната на приходите, но и на страната на расходите, како и да се зголемат даноците на горива и на имот за сметка на високите државни субвенции.

Покрај зголемените даноци, ММФ препорачува поефикасна наплата на данокот на додадена вредност, за која што ММФ вели дека е пониска од земјите во регионот на Западен Балкан, како и намалување на нетаргетираните субвенции, посебно во земјоделскиот сектор.

„Фискалната експанзија во изминативе години беше придружувана со повисоки пензии и субвенции. Консолидацијата треба да почне без одлагање, преку поефикасно собирање на ДДВ, рационализација на субвенциите, пензиски реформи и повисоки даноци на горива и имот. Овие мерки ќе осигураат фискална одржливост и ќе помогнат да се обезбедат големите инвестициски потреби во инфраструктура и човечки капитал“, се вели во извештајот на ММФ.

За монетарната политика, ММФ вели дека засега е соодветна, но ќе биде потребно затегнување ако инфлацијата почне да расте рапидно. Финансискиот сектор, според ММФ, е добро капитализиран, ликвиден и профитабилен.

ММФ предвидува раст на БДП од 1,9 отсто за 2017 година, 3,2 отсто за следната година и 3,8 отсто на среден рок.

http://faktor.mk/mmf-preporachuva---pomalku-subvencii-povisoki-danoci-za-makedonija
Препоракиве звучат како упатство за држави пред банкрот :D
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.692
Поени од реакции
12.089
Ако владата повторно се раководи од "препораките" на ММФ или СБ ко братче и сестриче, нема далеку да стигнеме. "Успешни аранжмани". Последиците од минатото, за кои веројатно сите сме слушнале или се сеќаваме повеќе помалку, треба да не опоменат. Потсетување на ФЕСАЛ (financial and enterprise sector adjustment loan project)аранжманите, кој ги заборавил. Пошто во суштина праиш реформи кои утре ќе ти се удрат од глава. И ќе заборавиме дека кумови ни биле токму овие институции.
Имаше и фесал 1 и 2 и санации на банкарски сектор и десетици вакви аранжмани
http://documents.worldbank.org/curated/en/469471468773092740/Macedonia-Second-Financial-and-Enterprise-Sector-Adjustment-Loan-Project

Македонските работници ја принудија владата на отстапки
од Фред Вестон

Работниците од Македонија уште еднаш покажаа дека до суштинска победа се стигнува само со борба. Штрајкот на 80 000 работници од јавниот сектор кој започна минатата недела ја принуди владата на отстапки.

Вчера, премиерот Љупчо Георгиевски и лидерот на ССМ, Ванчо Муратовски, потпишаа договор за најниска плата. Така, најниската плата во јавниот сектор ќе биде 5060 денари (околу 83 евра). Првичното барање на ССМ беше 120 евра. Владата нудеше само 50 евра. Постигната е делумна победа за работниците. А тоа немаше да биде можно без големиот штрајк, кој ја парализираше работата во јавните установи повеќе од седмица.

Георгиевски се фали дека тоа било постигнато затоа што владата можела да ги зголеми фондовите, благодарејќи на воздржливата програма и нејзините „прочуени финансиски сметки“. Да беше така зошто беа потребни десет години да се склучи ваков договор? Вистината е дека владата намерно ги развлекува овие проблеми, се додека трпеливоста на работниците не зоврие. Работниците сега ја научија драгоцената лекција. Не може да и веруваш на владата. Само кога работниците дејствуваат одлучно, тие можат да постигнат се.

Факт е дека владта ги направи овие отстапки за да добие на време. Тие се под постојан притисок на ММФ да го држат буџетот стегнат. Како дел од „планот за економска обнова“ владата ги прифати стриктните одредби, дадени од ММФ.

И покрај хвалоспевот на Георгиевски, предвидувањата за 2002 се дека повторно ќе има буџетски дефицит. Се обидува, владата, да добие 173 милиони долари од ММФ да го покрие овој дефицит.

Под притисок на работниците, владата мораше да ја одбие имплементцијата на барањата на ММФ. ММФ бараше да нема отстапки кога се во прашање платите. Но класната борба е помоќна од било кој меѓународен банкар! Доколку Георгиевски не ги направеше отстапките, движењето најверојатно ќе се пренесеше и во целото стопанство и тогаш ќе требаше да се соочи со крајно опасната ситуација за него и неговата влада. Тој го одбра „помалото зло“. Но, токму заради ова мора да разбереме дека ова се мерки да се вратат работниците на работа. Владата, подоцна, ќе се обиде да го земе она што го дала.

ММФ веќе одлучи да суспендира дел од отплатата на помошта за Македонија. Тоа е нивен начин да је притиснат владата да се врати во офанзивата против работниците.

Постојат и други проблеми за работничката класа. Посебно се истакнува прашањето на 40 „загубари“ кои вработуваат 37 илјади работници. ММФ договорил со владата за секоја од фирмите кога се затвора, да се добие одредена сума на пари. Тоа е она што го нудат: мизерна исплата за отпуштање на работници.

ФЕСАЛ аранжманот е склучен за затворање на 24 вакви „загубари“. Ама, сите аранжмани слични на ФЕСАЛ до сега пропаднаа. Претходниот за исплата на 75 милиони долари во замена за затворање на 12 најголеми „загубари“ пропадна.

Тоа што ММФ и владата не постигнаа договор за оваа финанскиска година, покажува дека спогодбата за најниска плата не е довршена. Работниците повторно ќе мораат да се борат за постигнување на нивните цели. Просечната плата во Македонија е 8 400 денари (околу 120 долари). Тоа не е доволно работниците да имаат пристоен животен стандард. Проблемот на работниците во таканаречените загубари не е решен. Исто така работниците од приватниот сектор немаат постигнато минималец.

Така, влада е под притисок од две страни. На едната се македонските работници кои притискаат за подобрување на нивните животни услови, а на другата страна капиталистите, банкарите и империјалистите притискајќи кон подлабоки резови во здравството, работата, платите и пензиите. Тоа е рецепт за нови бранови на работничка борба во иднината. Фактот што работниците овој пат ја принудија владата на отстапки, им ја покажа нивната сопствена сила. Врз основа на новата доверба, работниците ќе постават нови барања.

И на крајот работниците од Македонија ќе научат, со горчливо искуство, дека „пазарната економија“, те капитализмот, не нуди ништо освен ниски плати, невработеност, рушење на нивната благосостојба и општа мизерија. Тие, сепак, ќе извлечат заклучок дека она што не чини е економскиот систем. Со животното искуство на стариот тнр. „социјалистички“ систем, нивната претпазливост нема да дозволи да се врати бирократијата. Но, тие ќе бидат принудени да заклучат дека планската економија контролирана од државата е единствениот вистински излез. Секако дека ова стопанство мора да биде ставено под цврста контрола на самите работници, преку демократско-избрани тела.

Доколку ова не се постигне, кризата со која е соочена македонската економија може да ги врати ужасните страшила на етнички конфликти, кои се сеуште присутни, клокотејќи под површина. Дали си Албанец или Македонец, ако си невработен ти си невработен. На основа на заедничките економски и социјални проблеми, работниците можат да се обединат во едно движење. Доколку, проблемиве не се решат, тогаш чудовиштето на етничко секташтво ќе се вратат. Господата од ММФ и нивните локални слуги, како Георгиевски, само се во потрага кон зголемување на профитот за привилегирната елита. Работниците мораат да им покажат дека постои и друг пат.

30 мај 2002
 
Последно уредено:

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.322
Поени од реакции
7.781
Препоракиве звучат како упатство за држави пред банкрот :D
Цел свет е пред банкрот не само ние, само и кај банкротот ние ќе бидиме меѓу последните изгледа :icon_lol:.[DOUBLEPOST=1511517054][/DOUBLEPOST]Саудиска Арабија која што е пустина место да земи пари од обичниот човек реши малку да ги затегни принцовите и шеиците. Им треба нафтата да биде 100 долари за да излезат некако на крај. Се плаши тоа кралот нов од арапска пролет. А кај нас мирен е народот земи му го лебот и опинците ќе ти ги даде. Мал поглед во најскапиот затвор во светот.

 
Последно уредено:
S

silmarillion

Гостин
Чекај како тоа фискална консолидација на најбрзо растечката економија во светот и во галаксијата општо? Сакам Цветин Чилиманов да постира на форумов графици од дуинг бизнис каде јасно се гледа на дело дека сме земја во која најбрзо се отвара фирма! That has to count for something...

Не бе со СК2014 мрдна градежништвото ко ќе ми каже некој ми иде у бетономешалка да си влезам со подзината уста. Мрдна мрдна, оние на скелињата и багеристите оќореа од камен, неможат да се сакупат. Кретени.
 
Член од
25 ноември 2017
Мислења
234
Поени од реакции
241
Цел свет е пред банкрот не само ние, само и кај банкротот ние ќе бидиме меѓу последните изгледа :icon_lol:.[DOUBLEPOST=1511517054][/DOUBLEPOST]Саудиска Арабија која што е пустина место да земи пари од обичниот човек реши малку да ги затегни принцовите и шеиците. Им треба нафтата да биде 100 долари за да излезат некако на крај. Се плаши тоа кралот нов од арапска пролет. А кај нас мирен е народот земи му го лебот и опинците ќе ти ги даде. Мал поглед во најскапиот затвор во светот.

Нафтата ќе биде и 150 и 200 долари истиот момент кога ќе се затепаат Саудиска Арабија и Иран. Ставањето на принцовите на бел леб е со цел да им се конфискуваат скоро 800 милијарди долари кои американците мораат да си ги повлечат за да можат да емитираат нови. Колку тоа ќе ги спаси уште не е јасно , бидејќи на масата за разлика од времето кога ги заматија работите со така наречените петрол-долари, седат и други респектабилни играчи кои тогаш не беа присутни. А дефинитивно им гори под газот. Затоа е и толку извесна спомнатата војна. Како на тоа ќе реагираат Кина и Русија, што и да се зборува наоколу , никој незнае. Но читам Путин бара од секоја компанија планови за брз премин на режим за потреби на војна. Тоа е колку и да е политички маркетинг сепак некој знак. Кај сме ние во се тоа??...нема таков што може да каже, а да не излаже.
 

Con Artist

the man with the key
Член од
1 мај 2012
Мислења
5.069
Поени од реакции
19.836
Чекај како тоа фискална консолидација на најбрзо растечката економија во светот и во галаксијата општо? Сакам Цветин Чилиманов да постира на форумов графици од дуинг бизнис каде јасно се гледа на дело дека сме земја во која најбрзо се отвара фирма! That has to count for something...
А графици од Бранимир се важат? :D

 
B

Bafra

Гостин
А графици од Бранимир се важат? :D

НАЈМАЛКУ регулирана :lolzz::lolzz::lolzz::lolzz::lolzz:
Прво Бранкица трубеше: преголема администрација, многу давачки, државата навлезена во секоја пора од општеството и економијата.
Сега дојде на власт и СЕ ОБРАТНО :facepalm:
Господ да ми прости ама поодвратно суштество не сум сретнал од Бранкица.

Тоа е резултат, кога никогаш не си работел во реален сектор.
Абе малку ни ееееееее, покрај клецање дајте и ќотек
 

INDIJANEC123

Женкар, Илуватар
Член од
17 март 2014
Мислења
3.815
Поени од реакции
6.373
А графици од Бранимир се важат? :D

Дебил - Македонија била една од најмалку регулираните економии, Македонија нема економија бе цреп што ќе регулираш.
 

INDIJANEC123

Женкар, Илуватар
Член од
17 март 2014
Мислења
3.815
Поени од реакции
6.373
Над 500 работници даваат отказ од штипска фирма – странски ивеститор

треба да увеземе или мигранти или роботи, најдобро и едно и друго
Е тоа ти е. Мислам дека никој не ги обврза да мораат да останат тука барем 10 год. Требаше договор ако си оди пред 10-20 год да ги врати сите пари од повластиците. Вака јас и за него се изнаплаќав даноци тој си го собра медот и ќе си оди сега. Кога ќе видам инспектор ми доаѓа да го врзам за ракета ама тоа е тоа.
 
Член од
25 ноември 2017
Мислења
234
Поени од реакции
241
А јас мислам дека, ако претпоставиме дека е точна забелешката дека денот по утрото се познава, тогаш има големи шанси повторно,ако добро се сеќавам по трет пат, сдсм да направи пичвајз со нашата и онака никаква економија.Не навлегувам во општо политичкиот дел каде се такви какви што се и за тоа , ако некој таков преостане ќе суди и пресудува на избори, туку само во она што се вика економија, концепт, планови за реализација на истите итн. Очигледно е немаат никаква идеа , а уште пострашно изгледа дека појма немаат дека е тоа така. Пак ќе се шлепаат на ММФ и СБ и разноразни меѓународни чиновници,пак ќе замајаваат народ ширејќи ја заблудата дека ЕУ само што не не примила, а кога ќе не прими ќе потече мед и млеко, а НАТО па ќе не не спаси од сите опасности, кои реално гледано само од него доаѓаат до нас , ако претпоставиме дека сме тотално опкружени со нато земји ,освен строго контролрираното Косово и Србија на која верувам не и паѓа ни на крај памет вакви какви сме , да не анектира.

Иако во хор 24/7 само се повторуваат некаквите злостори на минатата влада , ниту до сега , ниту во некакви проекции е дадено нешто повеќе во економски смисол од неуко препишување на нејзините планови и пакување во поразлична амбалажа. Задолжувањата кои беа крунски доказ за некакво расипништво, злостор и незнам што на претходните ќе продолжат со исто темпо , ако не и со драстично забрзување. Не заради нешто друго, туку затоа што тоа друго не ни може да постои, ако со отворени очи и без илузии се гледа реалноста. Кажаново заради тоа што реално гледано многу контрапродуктивно е да се губи време во секојдневно откривање на злостори кои ги нема, или и ако постојат да се решаваат без влијанија на баби и тетки во рамките на системот и без некоја помпа која би имала за цел да прикрие дека всушност ништо не се менува или евентуално оди на полошо.

Господинот Професор досега практично во животот покажа дека го бива. Навистина ќе биде штета , ако се испрофаниса следејќи свои лични себични интереси или економски решенија на дилетанти кои во својот живот ниеднаш не заработиле на пазарот ништо со свој труд и знаење и плус тоа гарантирано немаат појма за деликатната меѓузависност на сите такви решенија и потези кои се преземаат и турболенциите кои можат да ги предизвикаат. Зошто после , еден што ќе растури иљадници неможат да го поправат. Нашата 20-30 годишна историја практично од вчера , која сите ја паметат е најдобар жив пример за тоа.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom