Економска политика на Македонија

INDIJANEC123

Женкар, Илуватар
Член од
17 март 2014
Мислења
3.815
Поени од реакции
6.373
Роберт Киосаки е авторот на најголемиот бестселер за финансиско управување, да поткажит нешто за даноците.

го гледав цело и се се сведува на тоа што верглав погоре дека средна и ниска класа ќе го јадат со новите мерки
 
bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.322
Поени од реакции
7.781
го гледав цело и се се сведува на тоа што верглав погоре дека средна и ниска класа ќе го јадат со новите мерки
Па тоа е тој чист глобализам, се спроведува и тука се субвенционираат странски инвеститори со ветувања да даваат плата од 200 евра. Покрај сите потрошени пари за промоции, шетања, реклами само 15 000 вработени се има од тоа.
 
B

Bafra

Гостин
Реално, мерки како легализација на дивоградби и рамен данок во време на експлоативен капитализам, може да им текне само на екстремни корумпирани кумyњари ко овие што ги испратија у историјата.
Никогаш не сум спомнал дека мерките што ги спровеле дпмне во последниве 6-7години се добри за народ или дека се капиталистички. И нормално дека се социјалистички кога 95% од први два ешалони во дпмне се комунисти и деца на УДБА.

Но ако споредиш рамен данок и прогресивен сепак рамниот е порамноправен.
Како и да е ќе го спроведат и ќе видиме резултати. Ама од претходни искустава тешко.

Народ никако да сфати дека се додека не владее ПРАВОТО за сите се е џабе. Додека СУД,УЈП,ЈО и останати се корумпирани и работат по наредба а не по закон се е џабе.
Ти барем знаеш имаме милион закони ама дали се почитуваат и спроведуваат рамноправно..[DOUBLEPOST=1511364871][/DOUBLEPOST]
Оној што зема плата 1000-1500 евра во старт дава уште 500-800 евра за давачки, а отпосле уште пола од тие 1000-1500 евра ќе му ги земат на име даноци. Зарем малку е тоа?
Не е работата дали е малку многу, туку " тие" да одредат колку да ти останат. Другото се нивно е :P
 
T

Terroir

Гостин
Па тоа е тој чист глобализам, се спроведува и тука се субвенционираат странски инвеститори со ветувања да даваат плата од 200 евра. Покрај сите потрошени пари за промоции, шетања, реклами само 15 000 вработени се има од тоа.
Сериозно само 15.000 вработени има во инвестициите ? Не сум сретнал таква информација ама ако е точно тогаш тоа е катастрофа

Па пред некој ден читав за во Египет направиле најголема рибарска фарма таму, инвестиција околу 150 милиона евра
- 5000 нови вработувања
- намалување на увозот за 30%
Е тоа е вистинска инвестиција која вреди и да ја помогнеш/субвенционираш
 
Toma

Корона стронг
Член од
22 април 2014
Мислења
4.066
Поени од реакции
3.212
Сериозно само 15.000 вработени има во инвестициите ? Не сум сретнал таква информација ама ако е точно тогаш тоа е катастрофа

Па пред некој ден читав за во Египет направиле најголема рибарска фарма таму, инвестиција околу 150 милиона евра
- 5000 нови вработувања
- намалување на увозот за 30%
Е тоа е вистинска инвестиција која вреди и да ја помогнеш/субвенционираш
Египет има над 80 милиони жители со тоа и потрошувачи, не е баш за споредување, ние можеме да се мериме само со овие што не опкружуваат.
 
Овде вика 13000 ама од 2015 е веста.

http://sitel.com.mk/kontinuirano-raste-brojot-na-rabotnici-vo-fabrikite-vo-industriskite-zoni
 
T

Terroir

Гостин
Египет има над 80 милиони жители со тоа и потрошувачи, не е баш за споредување, ние можеме да се мериме само со овие што не опкружуваат.
Чисто како пример го дадов тоа. Да не заборавиме дека во Македонија увезуваме млеко, месо, јајца и слични производи наместо сами да ги произведуваме
 
Член од
15 мај 2016
Мислења
142
Поени од реакции
60
Тесла ќе произведувала батерии во македонија???:eek::D:tapp:
Абе овој тотално скренал
 
B

Bafra

Гостин
Чисто како пример го дадов тоа. Да не заборавиме дека во Македонија увезуваме млеко, месо, јајца и слични производи наместо сами да ги произведуваме
Многу убав пример за подржувачите на прогресивен данок.
Државата собира од едни парите, после тоа вика ќе помогнам земјоделците, троши 100ци милиони на субвенции а резултатот:
- намалено домашно производство
- зголемен увоз на храна

Уште еден типичен начин како Буџетот се краде, а вие верувајте дека праведно ќе се распределат парите и плаќајте поголем данок.
 
Имам пишувано за ова веќе ама ај пак да се повторам. Државата што ги дава субвенциите за земјоделците секако ги враќа преку семиња, препарати, нафта, ѓубрива итн

Проблемот е што кај нас субвенциите во голема мера се даваат како социјална мерка, значи не само на регистрирани земјоделци (кои враќаат огромен дел од парите преку работите што ги напоменав предходно) плус си плаќаат сами придонеси и сл ама проблем е што ваквите се само 30% а другите не им е тоа основан дејност и ги трошат тие пари повеќе или помалце за непродуктивни работи односно не ги реинвестираат. Државата купува социјален мир со субвенциите оти не е способна да им помогне со системи за наводнување, откупни центри и отварање на нови пазари каде што би го пласирале својот род за соодветна цена па затоа фрли субвенции и нека се снаоѓаат..

И во многу поразвиени земји се даваат субвенции и тоа многу поголеми суми, ете Словенија за млад земјоделец даваат 40к а овие нашиве 10к со кои ништо неможеш да почнеш. Ама Словенците имаат план и знаат како (ќе) треба да изгледа земјоделството за 10-15 години а нашиве гледаат само моментално да купат мир некаков
 
За државата да даде, мора да ЗЕМЕ од негде.
Дали при земањето мене ме прашале дали се согласувам каде и на кого ќе дадат. Кој контролира на кого даваат и колку и зашто...

Врска Словенија и ЕУ, напишав претходно за кризата со Путер во Франција. Така да и Словенците не се поарни, допрва ќе ги гледаме кај нив резултатите. Среќа вредни се па побрзо ќе се оправат.

Тоа со купувањето мир и попат да украдат за нив, ми е јасно. На луѓето кои сакаат рамноправност некако не им е сфатливо дека можеле да крадат :D
 
Точно дека мора да земе, затоа и ти ги пишав работите погоре што државата ги зима од земјоделците (се тоа оди во буџетот) па им враќа во вид на субвенции

Е сега тоа што тие на власт се неспособни да им понудат реални проекти за развој (пак повторувам тука - системи за наводнување, окрупнување на земјиште да бидат конкуренти, отварање на пазари, откупни центри, кредити со мали каматни стапки итн) да им помогнат и наместо тоа фрлаат само пари во бунар е сосема друга работа..

Инаку Словенците не се глупи верувај, они знаат каде инвестираат и дека по X години тие земјоделци ќе можат и без нивна помош.
 
Член од
14 ноември 2013
Мислења
6.309
Поени од реакции
19.663
Ако живееш без помош од буџетот, тогаш ќе живееш без водовод, канализација, патишта, здравство, образование ... Приватно работам за просечна плата и не ми смета данокот од мојата плата да оди за буџетот, зошто сите треба да придонесеме за општеството во кое живееме.
Данок е кражба, треба да се укине. Водовод, струја, здраство итн јас користам услуги и плаќам за нив. Се друго е рекетарење од страна на владата.
 
B

Bafra

Гостин
Данок е кражба, треба да се укине. Водовод, струја, здраство итн јас користам услуги и плаќам за нив. Се друго е рекетарење од страна на владата.
Епа Господине со ваква изјава станавте државен непријател бр. 1 :popce:
Спремај се за посета на некој од 180.000 војници на владата.

Сега имаше твит :
Вработените твитерџии во куртон владата кои тераат очаен монтипајтонски пиар трошат скоро 700 000 евра годишно од буџетот. Тоа е нешто повеќе од Мерцедесот "на Грујо" или во граџанска еденица мерка 35 Тамари.

Ете каде иде данокот собран, НЕ иде за здравство туку за плата на некои кои не се продуктивни за општеството.... ама јбг едните ќе си лежат (Монако,Бахами) со украдените милиони а другите ќе крадат нови милиони за и тие да си лежат. Сложни попови и во петок мрсат :oleee:
 
bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.322
Поени од реакции
7.781
ММФ препорачува - Помалку субвенции, повисоки даноци за Македонија

Објавено во: Економија 23 Ноември, 2017

inShare

Меѓународниот монетарен фонд во анализата за Македонија препорачува да се зголеми старосната граница за пензионирање со цел да се олесни притисокот врз Фондот за пензиско и инвалидско осигурување кој се пополнува со буџетски средства, да се зголемат одредени даноци, како и да се ограничи растот на минималната плата кој треба да соодвествува со продуктивноста.

ММФ, во извештајот за Македонија објавен вчера, сугерира веднаш да се почне со консолидација на фискалната политика со мерки на страната на приходите, но и на страната на расходите, како и да се зголемат даноците на горива и на имот за сметка на високите државни субвенции.

Покрај зголемените даноци, ММФ препорачува поефикасна наплата на данокот на додадена вредност, за која што ММФ вели дека е пониска од земјите во регионот на Западен Балкан, како и намалување на нетаргетираните субвенции, посебно во земјоделскиот сектор.

„Фискалната експанзија во изминативе години беше придружувана со повисоки пензии и субвенции. Консолидацијата треба да почне без одлагање, преку поефикасно собирање на ДДВ, рационализација на субвенциите, пензиски реформи и повисоки даноци на горива и имот. Овие мерки ќе осигураат фискална одржливост и ќе помогнат да се обезбедат големите инвестициски потреби во инфраструктура и човечки капитал“, се вели во извештајот на ММФ.

За монетарната политика, ММФ вели дека засега е соодветна, но ќе биде потребно затегнување ако инфлацијата почне да расте рапидно. Финансискиот сектор, според ММФ, е добро капитализиран, ликвиден и профитабилен.

ММФ предвидува раст на БДП од 1,9 отсто за 2017 година, 3,2 отсто за следната година и 3,8 отсто на среден рок.

http://faktor.mk/mmf-preporachuva---pomalku-subvencii-povisoki-danoci-za-makedonija
 
Kajgana Shop

На врв Bottom