Антонов Ан-225 - Рускиот џин

Член од
4 април 2006
Мислења
9.179
Поени од реакции
3.072
[media]http://www.youtube.com/watch?v=SO-YLIj_xwo[/media]Ан-225 Мрија (украински: Ан-225 Мріја, НАТО назив: Козак) е стратешко транспортно
летало кое било конструирано од Антонов, и претставува најголем досега конструиран
авион, според најприфатливата и најприфатената мерка [1], максимална вкупна тежина
при полетување. Дизајнот, наменет за транспорт на вселенскиот орбитер Буран,
претставува зголемена верзија на Ан-124 Руслан. Мрија (Мріја) значи „сон“
(инспирација) на украински.
Со максимална вкупна тежина од 640 тони, Ан-225 е најтешкото и најголемото летало во
светот. Хјуз Х-4 Херкулес, попознат како „Spruce Goose“, имал поголем распон на
крилата и поголема просечна височина, но е значително покус, а и полесен поради тоа
што бил конструиран од полесни материјали. Покрај тоа, Херкулес летал само еднаш, и
не многу високо, со што Ан-225 е најголемото летало во светот кое полетало повеќе
пати.[2] Ан-225 е исто така поголем отколку патничкиот авион Ербас А380, и значително
поголем отколку Антонов Ан-124, 747-400ЕРФ, Ц-5 Галакси, најблиските еквивалентни
тешки товарни авиони.
Во ноември 2004, FAI го сместила Ан-225 во Гинисовата Книга на Рекорди поради своите
240 рекорди.

Ан-225 бил дизајниран за Советската вселенска програма како замена за Мјасишчев ВМ-Т.
Способен да ги подигне деловите на ракетата Енергиа и шатлот Буран, неговата мисија и
цели биле скоро идентични на оние на Ербас Белуга и американскиот авион носач на
шатл.
Ан-225 е продолжение на неговиот претходник Ан-124. За да се справи со потребите на
неговата нова улога, биле додадени додатоци во вид на буре на трупот погоре и подолу
од крилата, кои исто така биле продолжени во внатрешноста на трупот. Уште два Лотарев
Д-18 мотори биле додадени на новите основи на крилата, со што авионот имал шест, и
бил дизајниран систем на опрема за слетување со зголемен капацитет со 32 тркала.
Задната товарна врата и рампа на Ан-124 биле отстранети за да се заштеди на тежина, и
опашката била променета од единечен вертикален стабилизатор во двојна опашка со
прекумерен хоризонтален стабилизатор. Двојната опашка станала потребна со оглед на
тоа што било потребно да се пренесуваат многу големи и тешки надворешни товари, кои
би ја нарушиле аеродинамиката на нормална опашка. За разлика од Ан-124, Ан-225 не бил
наменет за тактичко пренесување на товар.
Ан-225 летал за прв пат на 21 декември 1988. Биле нарачани две летала, но само еден
Ан-225 (број на опашка UR-82060) е моментално во употреба. Авионот е комерцијално
достапен за употреба при пренесување на ултра-тежок и прекумерен товар, до 250.000 kg
внатрешно или 200.000 kg на горниот дел од трупот. Товарот на горниот дел од трупот
може да достигне должина до 70 m. Втор Aн-225 бил делумно конструиран за време на
доцните 1980-ти за употреба од страна на Советската вселенска програма. По распадот
на Советскиот Сојуз во 1990 и откажувањето на вселенската програма Буран,
единствениот Ан-225 бил затворен во хангар. Шесте мотори од марката „Лотарев“ биле
отстранети за употреба на авиони Ан-124, и рамката на вториот Ан-225 (блиску до
комплетирање, без мотори) била исто така расклопена.


 

filipmakedonski

Македонец
Член од
25 ноември 2007
Мислења
1.278
Поени од реакции
31
одличен авион , сега од него германците бизнис прават со транспорт на огромни порачки на се и сешто.
 
R

RAYTHEON23

Гостин
SEKOJA CEST ZA OVA CUDO...STETA E STO NE SE PROIZVELE POVEKE OTI PRI TRANSPORT NA STOKI BI BIL MNOOOGUU ISPLATLIV DALI MOZE DA SE NARACA IMA LI NEKOJ INFORMACIJA:vozbud:
 
R

RAYTHEON23

Гостин
eve nekolku sliki od an-225 bogami e cudo a vnatre kako sto se gleda moze slobodno da se napravi kosarkarski street ball u avion:vozbud::pos2:
 

.Sky.

Заменик министер без титула
Член од
15 февруари 2013
Мислења
6.857
Поени од реакции
7.241
Антонов Ан-225, единствениот таков авион на светот го придвижуваат шест мотори. Тој во Загреб пристигнал празен, тежок 260 тони, а во него ќе биде натоварен трансформатор произведен во фабриката Кончар – енергетски трансформатори, тежок 210 тони. Вкупната тежина на авионот со товар ќе биде 640 тони.
Сместувањето на трансформаторот, кој треба да му биде испорачан на купец од Филипините, ќе трае цел ден утре. Трансформаторот вреден 1,7 милиони евра од Загреб до Филипините ќе го пренесе најголемиот авион на светот, бидејќи филипинскиот купец се решил на поскапиот, но и побрз авионски транспорт, бидејќи поради дефект на постојниот трансформатор трпи загуби.

Според достапните податоци превозот со авионот познат како Мрија, што на украински значи сон, ќе трае два дена, а ќе чини цели три милиони долари.

Мрија е долг нешто помалку од фудбалско игралиште и висок колку шесткатница

Проектното биро Антонов го направила единствениот летачки џин со зголемување на транспортниот авион Ан-124 Руслан, транспортер со четири мотори за стратегиски воени операции. Проектантите го продолжиле трупот на авионот, додале два мотори и ги измениле управувачките површини на опашката за да може полесно да се контролира кога носи товар на грбот – за што всушност и бил направен.

Имено, на тогашниот СССР му требал авион кој на грбот ќе може да го носи рускиот шатл Буран и ракетните носачи Атлант кон космодромот Бајконур во Казахстан, исто како што САД имале два Боинга 747 со кој го превезувале својот Спејс шатл.

Бил завршен само еден примерок на Мрија, кој според номенклатурата на НАТО го има кодното име Козак (Cossack), додека за вториот биле произведени околу 60 отсто од трупот. Првиот лет бил изведен во декември 1988. Михаил Хараченко, главниот пилот на пробниот лет, изјавил дека при првата средба со Ан-225, додека сѐ уште траела изградбата во хангарот, си помислил: „Овој авион никогаш нема да летне“. Во следните две години Мрија настапил на најпознатите светски авионски изложби во Париз и Лондон.

Втор живот


По распаѓањето на СССР и источниот блок и откажувањето на вселенската програма, авионот за малку ќе завршел како старо железо. Во 1994 година го ставиле во хангар и му ги демонтирале моторите. Сепак, во меѓувреме била основана фирмата Антонов ерлајнз на која, покрај „помалите“ авиони Ан-124 им притребал и авион за превоз на исклучително тешки товари, па почнало повторното приспособување на Мрија за летови.

Првиот лет со авион што го извеле браќата Рајт во 1903 година, долг 37 метри, за 43 метри е пократок од товарниот простор на Ан-225, во кој може да се смести размонтиран труп на Боинг 737. Шесте мотори Прогрес Д-18 претставуваат најголема авионска погонска група на светот. Сите поважни системи во авионот имаат по неколку резервни копии за евентуален дефект да не биде фатален за шестчлениот екипаж.

Поранешните противници од Студената војна исто така го користат Ан-225, па така со Мрија се превезувала храна за канадските и американските војници за време на војната во Ирак.
 

Zoran MKD

Мијак на квадрат.
Член од
11 септември 2010
Мислења
2.021
Поени од реакции
1.019
ДЕНЕС БИЛ ВО ЗАГРЕБ,
Импресивно чудо.

Кодно име по Руски Мрја = СОН.
 

Zoran MKD

Мијак на квадрат.
Член од
11 септември 2010
Мислења
2.021
Поени од реакции
1.019
Чудесија еден мотор има 60 тона потисок.
Страшно.
Висок као 5 катна зграда.
 

Zoran MKD

Мијак на квадрат.
Член од
11 септември 2010
Мислења
2.021
Поени од реакции
1.019

Zoran MKD

Мијак на квадрат.
Член од
11 септември 2010
Мислења
2.021
Поени од реакции
1.019
Ne bi se slozhl pogonskata grupa e cisto Ruska.
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.131
Поени од реакции
18.128
Ne bi se slozhl pogonskata grupa e cisto Ruska.
По таа логика добар дел Боинзи и Ембраер се англиски, Ербас 330/340 и CRJ се американски, а Сухој 100-95 е француски ;)
 

Zoran MKD

Мијак на квадрат.
Член од
11 септември 2010
Мислења
2.021
Поени од реакции
1.019
Aj da ne terame na gon a kade konstruiran. Vo Moskva!.
i red drugi raboti .
Za volja na vistinata cisto sovetski proekt.
Za zhal ne go povtorija.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom