Антикампања за Охрид?

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Некаде прочитав дека градоначалникот на Охрид е задоволен од туристичкава сезона годинава. Ене погоре изјавил дека слабиот број на гости се должи на долгата економска криза. Само за потсетување, економска криза во Европа нема веќе трета година. Годинава самите охриѓани изјавуваат дека послабо никогаш не било. Плус Илинден се паѓа во сабота, а околу Илинден има најмногу народ така да не се очекува ни шпиц. Барем 5 дена.

Море Охриѓани што му напрајвте на човеков што лупета вакви глупости, шо арен беше додека молчеше :)
 
Член од
8 јануари 2012
Мислења
9.906
Поени од реакции
14.598
јас наидов на спротивна информација за задоволноста на градоначалникот од туристичката сезона.некои од опишаните случки и мене ми се имаат лично случено, и како полуохриѓанец по потекло целосно го подржувам мислењето на новинарот од мкд.мк


Еве зошто на охриѓани не им оди со туризмот: 9 епизоди од охридското летно секојдневие

Градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески, вчера свикал вонредна седница на Локалниот економски совет, тема: слабата туристичка сезона. Се собрале сите – и хотелиери и угостители и концесионери на плажи и новинари и политичари... и заклучиле дека слабата туристичка сезона е последица на „необјективните“ медиумски написи за превисоките цени и за недостатоците во туристичката понуда, кои го нарушиле имиџот на градот.



Тие дури и се согласиле дека цените на услугите во Охрид се прифатливи за секој џеб, и за домашните, и за странските гости.

Дали е баш така?

Редакцијата на МКД.МК досега не влегуваше во натпреварот на медиумите кој ќе објави поскандалозна фискална сметка од охридското крајбрежје. Ама по состанокот на вака високи претставници одговорни за туризмот во Охрид, сега ќе претставиме неколку епизоди од туристичкото секојдневие, раскажани во прво лице. Не е лошо на наредните состаноци на оваа групација високите охридски туристички функционери да го разгледаат и ова.

Епизода бр. 1

Сопственик на мало кафуле, кој со години работи во Охрид, а е од Скопје, решил да не менува ништо во однос на цените. Со години сум во Охрид, имам веќе редовни муштерии, нема зошто, е нормалната логика на секој нормален угостител. Недела-две по почетокот на сезоната бил посетен од група угостители од Охрид, оние со подебелите вратови, и бил предупреден да се придржува кон нивниот договор за цените...

Епизода бр. 2

Гостин од Скопје само што се паркира под една од куќите во Лагадин во која планира да престојува, во првиот ред, најблиску до езерото. Уште нераспакуван, му се приближува човек и му бара 150 денари. Зошто? Па за паркинг и „гратис“ лежалка. Ни фискална каса, ни обележано паркинг-место, ни рампа, ни средена плажа...

Епизода бр. 3

Уште некаде во април, група млади бизнисмени од Скопје одат во Охрид за да ги разгледаат можностите годинава да земат под концесија некоја од плажите. Разгледуваат така по крајбрежјето и пак, еден од оние со подебелите вратови, само поминува покрај нив, онака незаинтересирано и ги прашува:

-Шо прајте?

-Еве, разгледуваме да земеме плажа.

-Ааа, немојте.

-Зошто?

-Ќе имате проблеми со Климе.

-Кој е тој Климе?

-Јас сум.

Епизода бр. 4

Убаво друштво, на ручек кај Свети Наум, прекрасна атмосфера, вкусна храна, ама старо лепче.

-Келнер, ај те молам ова лепчево само фрли го малку на скара...

-Аааа, не можам, гужва е...

Епизода бр. 5

Охрид, средина на јануари. Семинар во хотел. Единствени гости само учесниците на семинарот. Два дена без греење. Еве ја цистерната со мазут само што не дошла, нè лажеа со денови.

Епизода бр. 6

Ресторан во Охрид. Вечер за натпревари од Лигата на шампиони. Празен ресторан, само на една маса седат двајца. Еден од нив посегнува по далечинскиот за да пушти фудбал на телевизорот. Келнерот, кој претходно немал ни погледнато во телевизорот, се развикува, си го грабнува далечинскиот и враќа на претходниот канал.

Епизода бр. 7

Јуни во Охрид. Полн со Холанѓани. Топло време, убаво, време е за пивце. Завршува уживанцијата, еден домашен гостин бара сметка. Домашниот гостин фрапиран од бројките на фискалната сметка – а келнерот мртов-ладен му одговара: Ќе ги вратиме нормалните цени кога ќе си замине групата од Холандија.

Епизода бр. 8

Три шанка еден до друг. На првиот шанк една пијачка чини 100 денари, на вториот шанк истата пијачка се продава за 200 денари, на третиот шанк за 250 денари. Утредента, наеднаш сите ги израмнуваат цените. На 250 денари.

Епизода бр. 9

Кај снабдувач на големо со пиво, кауција за 4 празни гајби чини 9.000 денари.

Епизода бр.... Треба уште?


Е и тоа е Охрид. На Охрид не му треба негативна кампања за да не им доаѓа никој. Доволни се самите охриѓани.

А.Д
http://www.mkd.mk/makedonija/politika/eve-zoshto-na-ohrigjani-ne-im-odi-so-turizmot-9-epizodi-od-ohridskoto-letno
 
Член од
17 декември 2008
Мислења
4.232
Поени од реакции
3.868
Па ако сакаш добри односи, па имаш и ваква желба, што ти пречи?!
Добри односи подразбираш само пријателски односи?Јас му плаќам,а во работната етика со тој што ти ја плаќа услугата треба да се понашаш како што треба,нема потреба да се носат комуникациите на некое друго ниво.
 

fmi

Член од
1 февруари 2007
Мислења
13.039
Поени од реакции
2.270
Добри односи подразбираш само пријателски односи?Јас му плаќам,а во работната етика со тој што ти ја плаќа услугата треба да се понашаш како што треба,нема потреба да се носат комуникациите на некое друго ниво.
Тогава бараj договор,колко време мора да си во купатилото или колко време ке имаш топла вода и така натаму... :)[DOUBLEPOST=1406408159][/DOUBLEPOST]Еве пореднава антикампаниja.
http://kanal5.com.mk/vesti_detail.asp?ID=44994
 
Член од
8 јануари 2012
Мислења
9.906
Поени од реакции
14.598
точно е,пошто и мене ми се случи и тоа со мало дете.ресторанот беше Летница
 
M

Mario Gómez

Гостин
Интересен феномен е ова што се дешава у Охрид. Би кажал неколку работи:

1. Охрид е убав град, посебно повеќе ги импресионира на странците. Но генерално никогаш ниту сум бил ниту планирам да одам на одмор таму, секако тоа е само до мојот вкус.
2. Секаде каде сум бил, или исто ви се фаќа, каде сите сте биле, иако е преубаво може да се деси момент да ви го уништи патувањето. Мене ми се деси на скорашно патување, на ресторан на tripadvisor што беше препорачан како ефтин и добар да платам дупло повеќе од очекувањето, т.е ме одраа. Но сепак тоа не ми го уништи расположението.
3. Оваа антикампањава за Охрид е чист пример за македонскиот менталитет и јадењето гомна на интернет како примарна карактеристика, и секако негирањето на се што е наше.
4. Работата е едноставна, не ти се допаѓа Охрид, не иди таму. Не за џабе така викаат. Ако мислите дека секаде каде ќе одите е ефтино, секаде ќе ве пречекаат со отворени раце, дека сите келнери на светов се културни и расположени и дека у секој ресторан у светов ќе ве пуштат да мочате без да седнете, најубаво седете дома и одмарајте у гумен базен, у лежалка за која нема да плаќате ебаго.

Just my 0,02 $.
 
Член од
8 јануари 2012
Мислења
9.906
Поени од реакции
14.598
не би се согласил.точно е дека нељубезност има секаде,ама процентот е битен.не е исто 10 и 90% од случаевите.

Штом јас како полуохриѓанец што имам фамилијарна куќа во Охрид неодам тамо на одмор,има голема причина за тоа
 

STEALTH

God is a DJ
Член од
25 ноември 2011
Мислења
10.620
Поени од реакции
14.357
Не се слагам со Боби пошто не може у Бугарија, Грција, Албанија да бидеш третиран како турист и тоа во енормен број од случаите, без разлика дали е келнер, газда, пиљар, рецепционер, а во Охрид ептен ретко да ти се погоди така, а да те третираат како да си дошол да им го преместиш езерото кај тебе дома...
 
Член од
26 септември 2012
Мислења
8.035
Поени од реакции
6.633
Интересен феномен е ова што се дешава у Охрид. Би кажал неколку работи:

1. Охрид е убав град, посебно повеќе ги импресионира на странците. Но генерално никогаш ниту сум бил ниту планирам да одам на одмор таму, секако тоа е само до мојот вкус.
2. Секаде каде сум бил, или исто ви се фаќа, каде сите сте биле, иако е преубаво може да се деси момент да ви го уништи патувањето. Мене ми се деси на скорашно патување, на ресторан на tripadvisor што беше препорачан како ефтин и добар да платам дупло повеќе од очекувањето, т.е ме одраа. Но сепак тоа не ми го уништи расположението.
3. Оваа антикампањава за Охрид е чист пример за македонскиот менталитет и јадењето гомна на интернет како примарна карактеристика, и секако негирањето на се што е наше.
4. Работата е едноставна, не ти се допаѓа Охрид, не иди таму. Не за џабе така викаат. Ако мислите дека секаде каде ќе одите е ефтино, секаде ќе ве пречекаат со отворени раце, дека сите келнери на светов се културни и расположени и дека у секој ресторан у светов ќе ве пуштат да мочате без да седнете, најубаво седете дома и одмарајте у гумен базен, у лежалка за која нема да плаќате ебаго.

Just my 0,02 $.
ок,неоЈме.
 

M-1

Добро утро Махачкала!
Член од
6 септември 2010
Мислења
4.243
Поени од реакции
7.363
Ево зашто на потомците од цара Самоила не им оди со туризмо, сезона фтора, епизода:
Еден: Сакам да посетелам пешкир на то плажата славија мислам дека беше и од нигде никаде ми доаџа еден чичко со бркови и ми вика "Дечко, шо прајш бе? Знајш дека се плаќат 70денари за постиљање пешкир?". Извини чичко ама незнам и немам пари. А онаму на она клупана можи да седам? "И таму се плаштат, таму ти е 20денари". Ама чичко јас немам пари му викам, и тој така изнервирано ми вика "Eпа ак не ти чинит не идај да се капиш"
Да се немало милост значи ме избрка од на плажа 37степени УВ индекс 9, абе ради него сончаница фатив, е.ати чоеко.
Два: Седам јас така и закрепнав од то сончаницата и си велам ај ќе одам пак на плажа, ама на друго место. И си појдов мислам дека беше Трпејца, од срам шо ми се деси не ни истадов пешкир, ама видов оти има убај камчиња на плажата и си реков ај че наполнам едно најлонче за во саксија да си ставам за цвечината(онака за естетика). И од таму ми излегва еден чичко проќељав и ми вика "Абе ти будала си шо прајш, знајш дека камчињата се плаштет?" Аман бре човек, зарем и за ними треби да платам? "Абе треба како не ти будала си? Ак не ти чинит растовари ги кај шо беја"-ми вели. Ех кутар јас се изнамачив дур ги вратив.
Три: Си паткам јас така низ старио дел и многу од то водата шо ја пијав стомако ми се поду и мораше негде тасета да го турам. Нигде јавен тоалет, ска. И налетав на едно ресторанче му викам на тој келнеро дај бе бате да се олеснам во тоалет "Aaaa бате немојт, морат нешто да нарачаш".
Е добро де дај една кисела војца. "Ааа неможи така морат над 700денари сметка да имаш за да те пуштам". Видов не видов, си реков аа ќе ти ибам јас тебе седумстотки за мочање има да трпам од инает. Пусто не дотрпев и го турив тука во една грмушка, ко за беља дојде чичко џандар и ми вика "Аман бе пријателе, зарем тука најде. Знајш дека несмејш да урнинираш така јавно, морам да те казнам". Јас му раскажвам тој не ме верва, видов не видов ми побара 85евра па се договоривме и му дадов кеш 50евра, абе ме скина.
Четири: Бев тамо Градиште и се журкав, пена парти. Ама многу скапо вода обична 100денари, нескафе 245 денари, кока-кола 160 денари, редбуло 350денари, лежалка со еден получадор скршен 424денари абе чути аман шо пената беше гратис. Многу се расипани. Остај то си влегувам во комбито за да си одам мислам дека беше црвено класик, ко то сите плајча по 40денари излеа мене по дијалекто ме позна и ми вика дај една стотка. Аман бе чичко оти вака ми прајш оние по 40 денари ти стотка ми бараш и уште будала ме прај оти немал лента во фискалнио апарат. Се пренервира и ми вели "Aбе магаре едно или давај стотка или те слегвам горе кај хидробиолошки па нека те е.ат манијацине" Aман бе немој, на ти стотка. Чути аман со стотка шо поминав можи и тија манијаците пари че ми побараа за е.ање.
Пет : Влегвам во то апартмано да се капам, гледам бољеро фул стрелката да пука, а водата млака. То бабата тамо да ти имала таен шибер, а јас влагај таја сврти го. И уште на ула се прај.
Шест: Ај со девојка ми да одам да на крстарење со едно бродче се договоривме по 15евра од чоек, тој морнаро на сред езеро ми ја изгасна пентата ми подшепнува "Aбе пријател, ти дан сакаш со по 15евра цело езеро да те возам, дај уш 25 за двајцата" Скришум му дадов пополека и вчуденвидено и волшебно пентата сама запали. Ех си викам шо гнаси ќе беа ова Охриѓани.
Седум: Знам бе расипани чоеци се охриџани, ево и метеоро тие го напраја во пелагонија само несака да кажа. Се че напра само да се отргни малце внимание од ними.

Ту би континјуед, уште сум на одмор ево и вајфајо че ми го скини ова бабава, ја осеќам дека иди.
 
Член од
17 декември 2008
Мислења
4.232
Поени од реакции
3.868
Тогава бараj договор,колко време мора да си во купатилото или колко време ке имаш топла вода и така натаму... :)[DOUBLEPOST=1406408159][/DOUBLEPOST]Еве пореднава антикампаниja.
http://kanal5.com.mk/vesti_detail.asp?ID=44994
Значи пак иде на она што сите го зборат,а некои го декларираат како антикампања.
Јас не сум имал потреба да преговарам за такви работи,ама небитно,битно е дека незнаат како со туристи.. :)
 

M-1

Добро утро Махачкала!
Член од
6 септември 2010
Мислења
4.243
Поени од реакции
7.363
Да да, имаше во еден ресторан газдата ги тераше кељнерите да ја делат трослојанта тоалетна на 3 дела, таман се олеснав натре, бербат се сторив ко се избришав, немаше течен сапун во арето и немаше уопште хартија да се добришам па така триј жуљи со ладна вода од чешма.
Засрамота, уаааа!!!! Немат туристи да би, да би..
 

Kajgana Shop

На врв Bottom