Анксиозност и вратна спондилоза

Член од
20 октомври 2020
Мислења
1
Поени од реакции
0
Здраво. Сакам да ве прашам за мислење на мојата ситуација. Пред година ипол го имав првиот паничен напад. Односно не знаев дека е тоа бидејќи додека не ми се слоши во гужва. После 3 месеци тестирање на се што е можно (крв, еег, тироидна, средно уво, магнетна и сл.) ми потврдија Вратна спондилоза и анксиозност. За вратната одам 2 пати годишно на физикални, носам околу вратот шансова кравата и вежбам јога. За анксиозноста пијам АД и деметрин( пиев хелекс но многу ме успиваше) вежбам, шетам по природа, медитирам, одам на биоенергичар но нема подобрување. Почнав да одам и во Центарот за биоинформатика, ми го потврдија истото и на тој алтернативен начин се лечам но сеуште нема подобрување. Констамтно ми е лошо, ми се гади, мислам дека тонам, паничам. Не можам ни да се вработам, голем проблем ми е ситуацијава. Некој совет или мислење? IMG_20201020_224043.jpg
 
Член од
30 јули 2014
Мислења
4.302
Поени од реакции
12.541
Имам еден другар со истиов проблем, 3 ипол години пиеше АД во комбинација со хелекс, кога и да се обидуваше да го остави АД, симптомите и паничните напади му се враќаа. Сега 3 месеци не го пие АД, панични напади нема но се жали дека е без волја, буквално за ништо. Мислам дека добро правиш со јогата, прошетките во природа и медитација, да знаеш дека анксиозноста не е дефинитивна состојба и прашање на време е кога ќе ти помине. Убаво би било да средиш исхрана и да почнеш вежби со тежини да правиш.
 
Член од
6 август 2015
Мислења
443
Поени од реакции
704
За анксиозноста пијам АД и деметрин( пиев хелекс но многу ме успиваше) вежбам, шетам по природа, медитирам, одам на биоенергичар но нема подобрување. Почнав да одам и во Центарот за биоинформатика, ми го потврдија истото и на тој алтернативен начин се лечам но сеуште нема подобрување. Констамтно ми е лошо, ми се гади, мислам дека тонам, паничам. Не можам ни да се вработам, голем проблем ми е ситуацијава. Некој совет или мислење?
Која е поврзаноста на вратна спондилоза со анксиозност ?
 
Член од
30 јули 2014
Мислења
4.302
Поени од реакции
12.541
Која е поврзаноста на вратна спондилоза со анксиозност ?
Се јавуваат вртоглавици и со нив и панични напади и после како зачаран круг се зголемува и анксиозноста со јавување и на друга симптоматологија.
 
Член од
6 август 2015
Мислења
443
Поени од реакции
704
Се јавуваат вртоглавици и со нив и панични напади и после како зачаран круг се зголемува и анксиозноста со јавување и на друга симптоматологија.
Хммм, интересно. Дека јас патам (најверојатно цел живот) од анксиозност и имам константни болки во врат и грб. Видиш, никогаш не ми текнало дека можеби се последица од тоа :)
 
Член од
15 ноември 2018
Мислења
83
Поени од реакции
48
Ima nekoj predlog kako da se spravam koga kje me spuka ankzionosta od nigde nikade mnogu tesko i macno mi stanuva znaci stvarno jas povekje ne znam kako da izdrzam ne se zivee vaka vekje se potam srceto mi kuca so prekini znaci DUP i tisina 2 sekundi pa pak DUP i pak normalno vekje ne e igracka,
 
Ќе ти помине некогаш, можеби и после неколку години. Обиди се да не му даваш некое големо значение, кога веќе си свесен дека е анксиозност, а ако е толку неподносливо, консултирај се со стручно лице, евентуално и терапија. Сепак, би те советувал да дадеш се од себе и да се избориш онака, мушки, без лекови, зашто веруј, не е непроменлива константа.

Не знам точно кој курац е и зошто се јавува, глеам се повеќе и повеќе ликови се борат со срањево. Другарчево што го пишав во темава, неделава на гастро, му избило преку желудник, и мора пак да си ги пие антидепресивите заедно со Хелексот. Убаво му кажав дека АД не се прекинува нагло, ниту на своја рака.
 
jovankrstevski1

ТАТА_МАТА
Член од
2 декември 2012
Мислења
821
Поени од реакции
527
Следново што ќе го кажам е дел од body психотерапија. Една од најдобрите работи што можеш да ги направиш, веќе ги правиш. Јога, медитација, пешачење... ти се одличен начин на справување, односно спуштање на енергијата од глава на тело. Мислам дека припаѓаш на група чиј карактер премногу мисли, премногу ги анализира сите можни сценарија и наједноставен лек е физичка активност.

Според Вилхем Рајх има 5 типа на карактери. Нема совршен карактер, секој карактер има доблести и маани. Од она што го слушам, МОЖНО е да припаѓаш на првиот тип кој се нарекува Creative/Dreamer (старототo име за овој тип на карактер е Schizoid, но го сменија бидејќи лошо звучи и потсетува на нешто патолошко иако воопшто не е така) Секој карактер си има свои јаки страни и маани. Една од слабите точки на овој тип на карактер е вратот, и секоја поголема нервоза или возбуда може да доведе до вртоглавица или главоболка.
Ти предлагам да го погледнеш следното видео. Во истото еден телесен терапевт од Британија дава краток преглед на овој карактер, па можеби ќе си пронајдеш нешто корисно.

Посекако те поддржувам да си истражиш малку повеќе повеќе за карактерот (независно во која група припаѓаш), тоа може МНОГУ да ти помогне да се осознаеш себеси и за понатамошен раст и развој.

Можеш на се и сешто да отидеш, сите ќе ти ја кажат моменталната ситуација и ќе ти ги лекуваат симптомите, но ќе стискаат раменици ако ги прашаш за причината или ќе ти дадат некоја причина која не држи вода.

За анксиозноста и паничните напади ти предлагам да отидеш на психотерапевт, некој кој има искуство со работа на оваа проблематика и по можност некој кој во работата опфаќа и телесни аспекти и симптоми. Потешкотиите нема веднаш да ти исчезнат, но терапијата ќе ти помогне да си го зголемиш капацитетот за да можеш полесно да се носиш со предизвиците во животот.
 
Член од
29 јуни 2021
Мислења
12
Поени од реакции
2
Zdravo decki.. Imam anksioznost I panicni napadi nemozam vo kola da se vozam nitu pak da vozam nemozam od doma da iskocam I slicni rab vekje 5 meseci sum vakov seto toa se sluci pred okolu God koga imav prvi napadi posle raskinuvanje na dolga vrska I ne znaev so se slucuva so mene no posle sfativ deka se napadi januari Feb. se zatvoriv celosno imam steganje vo Leva strana od glavata krckanje na vratot a dojde nekoj da mi zbori ili slicno odma osekjam deka kje poludam begam vo dr prostorija I slicno ne iskacam strav mi e ne se osekjam udobno piev dijzapam od 5mg no povekje ne ne sum se sovetuval so dok. bidejki nemozam da ja preminam kapijata od dvorot se mi e ne realno I slicno... dajte sovettttt
 
Член од
3 јуни 2018
Мислења
86
Поени од реакции
29

Па за почеток, излези малце на сонце ако имаш тераса или ако можеш престојувал во природа ..избегнувај стимуланси(кафе,енергетски етц)..среди ја малце исхраната...можеш да пробаш чај од маточина смирува малце...а ако е нешто посериозно (психијатар)
Ке ти помине не очајувај ;)
Колку години имаш?
 
24 polni :)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom