Следново што ќе го кажам е дел од body психотерапија. Една од најдобрите работи што можеш да ги направиш, веќе ги правиш. Јога, медитација, пешачење... ти се одличен начин на справување, односно спуштање на енергијата од глава на тело. Мислам дека припаѓаш на група чиј карактер премногу мисли, премногу ги анализира сите можни сценарија и наједноставен лек е физичка активност.
Според Вилхем Рајх има 5 типа на карактери. Нема совршен карактер, секој карактер има доблести и маани. Од она што го слушам, МОЖНО е да припаѓаш на првиот тип кој се нарекува Creative/Dreamer (старототo име за овој тип на карактер е Schizoid, но го сменија бидејќи лошо звучи и потсетува на нешто патолошко иако воопшто не е така) Секој карактер си има свои јаки страни и маани. Една од слабите точки на овој тип на карактер е вратот, и секоја поголема нервоза или возбуда може да доведе до вртоглавица или главоболка.
Ти предлагам да го погледнеш следното видео. Во истото еден телесен терапевт од Британија дава краток преглед на овој карактер, па можеби ќе си пронајдеш нешто корисно.
Посекако те поддржувам да си истражиш малку повеќе повеќе за карактерот (независно во која група припаѓаш), тоа може МНОГУ да ти помогне да се осознаеш себеси и за понатамошен раст и развој.
Можеш на се и сешто да отидеш, сите ќе ти ја кажат моменталната ситуација и ќе ти ги лекуваат симптомите, но ќе стискаат раменици ако ги прашаш за причината или ќе ти дадат некоја причина која не држи вода.
За анксиозноста и паничните напади ти предлагам да отидеш на психотерапевт, некој кој има искуство со работа на оваа проблематика и по можност некој кој во работата опфаќа и телесни аспекти и симптоми. Потешкотиите нема веднаш да ти исчезнат, но терапијата ќе ти помогне да си го зголемиш капацитетот за да можеш полесно да се носиш со предизвиците во животот.