Анкилозен Спондилитис / Ankylosing spondylitis

Siromaviot

Сиромавиот
Член од
30 ноември 2017
Мислења
20
Поени од реакции
9
Што е анкилозен спондилитис?


Анкилозен спондилитис е инфламаторна болест која може да предизвика некои од вашите пршлени во ‘рбетот да се спојат заедно. Овој спој го прави ‘рбетот помалку флексибилен и може да резултира со згрбавена позиција на телото. Кај тешките случаи на анкилозен спондилитис е скоро невозможно да се подигне главата доволно високо за да се гледа напред, а не надолу.



Анкилозниот спондилитис повеќе влијае кај мажите отколку кај жените. Знаците и симптомите започнуваат уште во раните години на средна ворзаст. Инфламацијата може да се појави и на други делови на телото – како очите и цревата.


Симптоми на анкилозен спондилитис најчесто започнуваат со болка во грбот која е повремена.

- Болката и вкочанетоста се полоши во ноќта, наутро и кога не сте активни. Може и да ве разбудат додека спиете;

- Болката станува помала ако вежбате и ако сте активни;

- Болката во грбот може да започне со зглобовите меѓу пелвисот и ‘рбетот. Со тек на време, може да го зафати цел ‘рбет.

Може да загубите одредени движења или мобилност на долниот дел од ‘рбетот. Може да не можете да ги раширите градите целосно, бидејќи зглобовите измеѓу се зафатени.

И заморот е исто така еден од честите симптоми.



Други помалку чести симптоми се:

- Инфламација на окото или увеитис;

- Болка во петицити;

- Болка во колковите или вкочанетост;

- Болка или отекување на зглобовите во рамењата, колењата и на рацете;

- Губење на апетит;

- Блага треска;

- Губење на тежината.


Дијагноза


Дијагнозата на анкилозниот спондилитис е базирана на евалуација на симптомите на пациентот, физички преглед, ренген и тестови на крвта. Дијагнозата може да биде одложена ако симптомите се благи или ако мислите дека симптомите се само обична болка во грбот.



- Ренген – ренгенската слика му дозволува на вашиот доктор да провери дали има промена во зглобовите или коските, иако карактеристиките на анкилозниот спондилитис може и да не се видливи во раната фаза од болеста;

- Компјутеризирана томографија – комбинирано со ренгенската слика може да даде поинаков поглед на сликата од внатрешната структура на вашите коски и зглобови. Вака се обезбедува подетална слика;

- Магнетна резонанца – со ова се добива подобра визуелизација на меките ткива како ‘рскавицата;

- Лабораториски тестови – нема специфични лабораториски тестови кои би идентификувале анкилозен спондилитис. Одредени тестови на крвта може да дадат информација за знаци на инфламација, но инфламација може да биде предизвикана од различни здравствени проблеми. Крвта може да ви биде тестирана за да се види дали го имате HLA-B27 генот, но многу луѓе со тој ген сепак немаат анкилозен спондилитис.



Преваленца


Причината за анкилозен спондилитис е непозната, но изгледа дека гените играат улога.

Болеста најчесто почнува на возраст од 20 до 40 години, но може да започне и на возраст од 10 години. Повеќе се појавува кај мажите отколку кај жените.

Преваленцата на анкилозен спондилитис е 0.25% од светската популација.



Причина за појава на анкилозен спондилитис


Анкилозниот спондилитис нема никаква специфична причина зошто с епојавува, иако се мисли дека е инвовиран генетскиот фактор. Луѓето кои имаа ген наречен HLA-B27, имаат значително поголем ризик од појава на анкилозен спондилитис. Сепак многу од луѓето кои го носат тој ген никогаш не се разболуваат од анкилозен спондилитис.

Анкилозниот спондилитис се влошува и инфламацијата продолжува да напредува, нова коска се формира како дел од борбата на телото за заздравување. Оваа нова коска постепено создава мост кај празнините меѓу пршлените и на крај ги спојува заедно. Овие делови од ‘рбетот стануваат вкочанете и нефлексибилни. Исто така на ваков начин се ограничува и капацитетот на белите дробови и нивната функција.



Дали и вашите деца ќе заболат од анкилозен спондилитис?


Вашите деца е можно да заболат од анкилозен спондилитис, но сепак генетската врска не е толку силна. Многу луѓе кои го носат генот HLA-B27, не заболуваат никогаш од анкилозен спондилитис. Откриени се и нови гени кои влијаат на имуниот систем и се поврзани со анкилозниот спондилитис, ARTS1 и IL23R. Истражувањето продолжува и понатаму за да се стигне до точни и вистинити информации.


Третман


Вашиот доктор може да ви препише нестероидни анти-инфламаторни лекови за да ја намали инфламацијата и болката.



Кортикостероидна терапија или лекови кои го супресираат имуниот систем исто така може да ви бидат препишани од докторот. Лекови наречени ТНФ инхибитори како етанерцепт, адалимумаб и инфликсимаб, се препишуваат за блкирање на инфламаторниот протеин и е докажано дека ги подобруваат симптомите на анкилозниот спондилитис.



Некои медицински професионалци користат и лекови кои го блокираат растот на ќелиите (цитотоксични лекови), за луѓе кои не реагираат добро на кортикостероиди или кои се зависни од високи дози на кортикостероиди.



Хируршки зафат може да биде препорачлив ако има премногу голема болка или оштетување на зглобовите.

Вежбите може да ви помогнат да го подобрите движењето и дишењето. И спиењето навечер во лежечка позиција на грб може да ви помогне да одржите добра форма.



Вежби и релаксација


Физикалната терпија за анкилозен спондилитис вклучува инструкции и вежби за да се одржи формата на телото во правилна позиција. Ова вклучува длабоко дишење за експанзија на белите дробови и вежби за истегнување за да се подобри подвижноста на зглобовите и ‘рбетот. Бидејќи анкилозниот спондилитис оди кон тоа да предизвика искривување, пациентите се поттикнуваат да одржат правилна исправена позиција на телото колку што е можно подолго време и да прават вежби за истегнување на грбот.



Пациентите се советуваат да спијат на цврст душек и да избегнуваат користење на перници за да спречат искривување на ‘рбетот. Анкилозниот спондилитис може да ги зафати областите каде ребрата се поврзани со горниот дел на ‘рбетот, како и зглобовите на пршлените што доведува до ограничено дишење. Пациентите се советуваат да прават експанзија на белите дробови колку што можат повеќе за да го минимизираат ова ограничување.



Програмите за вежбање се посебни за секоја индивидуа. Пливањето често е преферирана форма на вежба, бидејќи се избегнува повреда на ‘рбетот. Пациентите се поттикнуваат да учествуваат во вежби на аеробик кога болеста не е активна, бидејќи така има целосна експанзија на мускулите за дишење и се отвораат дишните патишта до белите дробови.



Прогноза - очекувања


Анкилозниот спондилитис е непредвидлива болест. Симптомите може да се појават и да исчезнат во секое време. Повеќето луѓе можат добро да функционираат и со болеста ако не се зафатени колковите.

Влијанието на неодамнешните истражувања за нови два гени, ARTS1 и IL23R, кои се поврзани со анкилозниот спондилитис е навистина значајно. Овие гени изгледа дека играат важна улога во функцијата на имуниот систем. Се очекува дека со разбирање на ефектите кои ги имаат овие гени, ќе се направи значителен напредок во откривање на лек за анкилозен спондилитис.



Колку повеќе се дознава за механизмите на овие гени кои влијаат на имуниот систем, толку полесно ќе се стигне до откривање на лек. Со вакво истражување ќе се стигне до подобро разбирање и третман на група болести колективно познати како спондилоартропативни.

 

Kajgana Shop

На врв Bottom