Анкетно прашање: готвење на плин или струја?

Дискусија во форумот 'Дом и семејство' започната од Muki-20, 6 ноември 2013.

?

Готвите на плин или струја?

  1. Готвам на плин

    52,9%
  2. Готвам на струја

    47,1%
  1. bijons

    bijons Lady in red

    Член од:
    7 септември 2016
    Мислења:
    1.279
    Допаѓања:
    1.199
    [​IMG]

    еднаш може да се случи, но тоа е фатално! дали се исплаќа живот да биде под опасност за тие 20 ден поевтино?

    [​IMG]

    што е крив комшијата да си го изгуби станот, недај боже и животот оти другиот комшија готви на плин? еднаш се случува да има дефект и тука нема спас...

    [​IMG]

    што се криви станарите над сендвичарата што експлодира и направи пожар од дефект на плинска боца?

    [​IMG]

    што се криви другите возачи што на тој му експлодира колата поради плинот во автомобилот среде возење?

    [​IMG]

    ако сакаш да штедиш, не пуши цигари, а не да вградиш плински уред во автомобилот или воопшто не вози кола најштедливо е !
    ...дефинитивно би забранила со закон готвење или било која примена на плин посебно индивидуално адаптирање за таму некое заштедување кое за мене лично нема оправдување, еднаш се случува но фатално се случува...заштедувањето може да биде со скратување на пример на пушење на цигари !!!
     
  2. Let 3

    Let 3 The Nipple Erector

    Член од:
    13 јули 2008
    Мислења:
    29.635
    Допаѓања:
    30.473
    Многу повеќе луѓе настрадаа од струја и употреба н струја од колку со плин, на плин се грејат, готват и работаат голем дел од европски градови се случуваат инциденти исто како што се случуваат и при употреба на дрва, јаглен струја..
    nintchdbpict000331466766 (1).jpg
    на овој комшија неисправен фрижидер на струја доведе до ова катастрофа.
     
    На gjoko-mkd, poimanemam и bobi-skk им се допаѓа ова.
  3. bijons

    bijons Lady in red

    Член од:
    7 септември 2016
    Мислења:
    1.279
    Допаѓања:
    1.199
    ... точно! ако ја гледаш таа страна дека во повеќето градови самите објекти со централно плинско т.е. примена на гас како што е парното уште при градење на објектот со сите тестови, правила и заштита, јас коментирам за користење на плин како индивидуално адаптирање во домаќинство, ( да не спомнувам за самоволно адаптирање на автомобил со плинско аттест пренамена) до вчера со електрична струја од денес со плин, без познавање на никакви опасности околу таквото користење...
    еве ти пример, комшијата ја зема плинската боца и ја става во скалишниот простор, додека чекам лифт мене нешто чудно ми мириса и се симнувам по скали и што да гледам ливадинката „ја празни плинската боца“ за да ја однесе на полнење??? што да коментирам? замисли да запалев цигара од нервоза! сега ќе бев сателит! :sramezliv:
     
  4. dastan

    dastan

    Член од:
    7 јуни 2014
    Мислења:
    225
    Допаѓања:
    131
    Ако се постави сигурносен неповратен вентил, атестирано црево што е за под висок притисок редовно се променува дихтунгот на местото каде се спојуваат цревото и боцата системот ќе функционира долги години без проблеми во спротивно ќе биде како на примерите поставени од твоја страна.

    Јас лично имам поставено специјален италијански сигурносен неповратен вентил купен од макпетрол не од параз кинески и профи црево кое го користат со боци со ацетиленско заварување и сечење кои издржува екстремни малтратирања, дополнително вршам промена на дихтунгот на секоја промена на боца, а и шпоертот е со заштитна функција ако нема согорување на плинот автоматски го запира дотокот на плин, што значи дека сум ги свел на минимум можностите за хаварија на системот но секогаш може нешто лошо дане снајде сите нели?
    дополнително имам и премиум осигурување на станот така да донекаде е заштитена и сопственоста на соседот ако му предизвикам штета, ако има жртви господ ќе ми суди јас неможам таа штета да ја надоместам тука на замјава за жал.
     
    На Vanlok и bijons им се допаѓа ова.
  5. bijons

    bijons Lady in red

    Член од:
    7 септември 2016
    Мислења:
    1.279
    Допаѓања:
    1.199
    ...еднa ластовица не прави пролет ! :) ние сме балканци што реагираме на начин „ што сакам правам во мојата дома, тебе да не ти е гајле“ :(
     
    Последно уредено: 6 август 2017
  6. Let 3

    Let 3 The Nipple Erector

    Член од:
    13 јули 2008
    Мислења:
    29.635
    Допаѓања:
    30.473
    Шом е така, да се забрани употреба на плин
     
    На bobi-skk и bijons им се допаѓа ова.
  7. bijons

    bijons Lady in red

    Член од:
    7 септември 2016
    Мислења:
    1.279
    Допаѓања:
    1.199


    ...несовесни граѓани се присутни насекаде, но се приметливи и се поекспонирани кога нема законските регулативи, на времето гаќи на балкон ако се сушат милиција на врата за 5 минута ѕвонеше :icon_mrgr:
    со парола дома ќе правам што сакам, комшијата си прави централно грење со плин, сам без да се консултира со експерт, со куќен совет итн, и на приклучокот за плин прикачува цевка за вода, другиот комшија сака да си го уклучи централното плинско да си направи кафе,а тоа наместо плин од шпоретот излегува млаз вода како фонтана ! :pos:
     
    На bobi-skk му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Beric Dondarrion

    Beric Dondarrion Lord of Blackhaven

    Член од:
    14 август 2006
    Мислења:
    19.740
    Допаѓања:
    23.240
    Ми се чини (и не ме чуди) дека уопште не контате дека сите тие огромни несреќи, експлозии по станбени згради у Русија, Лондон и сл. од плин, се таму кај што има плиновод. Не е тоа од плински боци.
    Иначе таков плиновод да има до секоја зграда, (во земја позната по почитување стандарди и квалитет, како што е Македонија) е ненормално идиотска работа.
     
  9. bijons

    bijons Lady in red

    Член од:
    7 септември 2016
    Мислења:
    1.279
    Допаѓања:
    1.199


    Макпетрол, велат дека се единствени за полнење на плинските боци во Македонија со сертификат за сигурност!
    но,што ако други бензиски станици полнат на „црно“ ? :(
    благодарение на темата преку ова видео инфо, научив некои нови работи за полнење на плински боци, интересно дека не се преполнува и има одреден процент каде останува за слободно мешање на гасот под притисок, оти при промена на надворешна температура се зголемува притисок во боцата поради мешање на самите гасови поради промена на температура и ако е до врв полна доаѓа до деформитет на структурите на боцата и до нејзина експлозија? и тоа најчесто се случува во зимно време! ауууу може да биде и нова боца и сопственикот да внимава дома, ако не е соодветно полнета....БУУУУУМ ! :confused:
     
  10. dastan

    dastan

    Член од:
    7 јуни 2014
    Мислења:
    225
    Допаѓања:
    131
    Видеово си е Ок само макпетрол уште да ги чистат боците пред продажба и ќе беде супер вака на секоја замена добивам мршник од боца која морам прво да ја чистам па да ја користам,
    а им враќам исчистена срамота сигурно не е ни некоја сложена процедура ни трошок да ги исчистат боците кои се вртат во нивниот систем
     
  11. bijons

    bijons Lady in red

    Член од:
    7 септември 2016
    Мислења:
    1.279
    Допаѓања:
    1.199
    Голема материјална штета од експлозија на неисправна плинска боца во Охрид, 08.08.2017



    ...кога сите се подготвуваат за мирен сон накај 22 :30 ч наеднаш да се испотресеш од силна експлозија малтене зградата ќе пропадне во земја, на приземје цел стан целосно уништен, еден човек повреден, цели прозори искршени, во дворот седум автомобили уништени, огромна материјална штета (поради една заштеда од 500 ден месечно доколку НЕ се користи електричен шпорет колку би била оправдана замената со плинска боца ? )

    [​IMG]

    ...не ни централно плинско снабдување, едноставно користење на плинска боца во домаќинство, што ако цело семејство било дома? дали би било оправдано некоја повреда или недај боже фатална повреда поради една таква банална заштеда во електрична струја, а што се пак виновни комшиите да трпат ваков стрес и оштета ако тие користат електричен шпорет ?

    [​IMG]
     
  12. bobi-skk

    bobi-skk

    Член од:
    6 февруари 2014
    Мислења:
    774
    Допаѓања:
    629
    Ako ne napisese za ova,mislam ........... :)))
     
  13. dastan

    dastan

    Член од:
    7 јуни 2014
    Мислења:
    225
    Допаѓања:
    131
    Ај сега напиши на гугл во пребарувачот

    Пожар од неисправна електрична инсталација

    И види дали има и од користење на ел. уреди предизвикани пожари кои неретко завршувале и со човечки жртви, и за да не излезе на кој му е поголем да донесеме неколку генералени заклучоци:

    -со сите уреди мора да се раководи одговорно,
    -уредите да се користат според пропишаните деклартивни кафактеристики
    - да не се врши измена и монтажа од непрофесионалци кои мислат дека знаат се
    -да не се замижува на проблемите и да сервисираат уредите навремено и од оспособени лица за таа работа
    - ...
    во спротивно ќе имаме случаи како погоре споменатите независно кој тип на енергија го користиме.
     
  14. gjoko-mkd

    gjoko-mkd

    Член од:
    8 јануари 2012
    Мислења:
    3.683
    Допаѓања:
    2.346
    Plinska boca nikogaš ne eksplodira....tuku eksplodira istečeniot plin koj so vozduhot pravi eksplizivna smeša, no koj toa da im go objasni na novinarite
    Problemot se pravi koga crevata i cevkite negde ispuštaat plin...toj istekuva vo sobata i se meša so vozduhot, i treba samo izvor na iskra( obično toa e termostat od frižider, prekidač za sijalica...) i doagja do eksplozija na smešata vo prostorijata a ne na bocata

    Samata boca vo mnogu vakvi slučaevi moži pak da se koristi....ništo ne i e

     
    На Kornet и povtornojas им се допаѓа ова.

Сподели преку: