али признај колку би ги заебале оние од ЕВН (ивана) кога би се користел плинот многу повеќе од сега? уште машина за перење алишта и садови да направеа на плин и готово
....па не е работава да се замени Мурто со Курто
.....не е работата зависноста од ЕВН да се замени со зависност од плин....
...преку медиумите на модерниот човек му се наметнува стил на живот зависен од големите компании и производители....скоро целиот живот ни е базиран на нафта и струја....ние сме модерни робови кои лесно се контролираат....ако не правиме нешто како што треба веднаш ни се ускратуваат ресурсите.....и приморани сме да бидеме послушни
....голем дел од современиве луѓе неможат да преживеат без струја повеќе од 6 дена.....ајде да направиме анкета колку од форумџииве знаат да запалат оган без упаљач и хартија, колку знаат да замесат и да испечат нешто што барем наликува на леб и може да се јаде, колку форумџии знаат да најдат растенија кои може да се јадат во природа, колкумина знаат да направат сапун, колкумина знаат да употребат секира, да преспијат на отворено без шатор и вреќа за спиење, да импровизираат засолниште, да пречистат вода за пиење......итн...да не набројувам
медиумите од поголемиот дел од нас направија конзументи без свест и било какво знаење, само се голтаат рекламите и се купуваат работи кои и не ни се потребни
не велам дека треба да го напуштиме модерниот начин на живот и да станеме неандерталци, туку дека не треба целосно да се потпираме на технологијата.....треба да уживаме во придобивките на современиот живот но истовремено да го негуваме знаењето за кризни ситуации....само така можеме да останеме независни
иако имам електрична цедалка за лимуни (поклон)...многу почесто ја употребувам рачната, иако имам фрижидер поголемиот дел од храната го пастеризирам во тегли, кујнскиот нож го претпочитам пред било каков сецко.....
СЕ ИЗВИНУВАМ ЗА ОФТОПИК но според мене човек треба да се стреми кон намалување на зависноста од предмети и ресурси над кои нема контрола