Анестезија (општа дискусија)

Дали е опасно?

  • Многу е опасно!

    Гласови: 1 16,7%
  • Има ризик ама може да помине

    Гласови: 3 50,0%
  • Ич не е опасно, дај му

    Гласови: 2 33,3%

  • Вкупно гласачи
    6

nE0n1nja

Eat nerds get shredded
Член од
25 јануари 2007
Мислења
3.477
Поени од реакции
3.287
Моето куче има 15 години и 7 месеци, ме интересира дали е опасно да му се даде општа анестезија?
Може и нешто повеќе да додадете ако имате искуство или знаење на оваа тема, можни компликации, ризици и слично.
 
Член од
12 август 2011
Мислења
3.829
Поени од реакции
2.031
Моето куче имаше 6 кила и 14 години. Минатата година го оперираа со тотална анестезија и се помина во ред. (беше прашање на часови дали ќе преживее без таа операција)
Сеуште мислам дека немаа баш искуство со толку мало куче и толкава старост но сепак добро се помина, најверојатно сега имаат едно искуство повеќе со моето куче.

Овде го оперираа http://zk.mk/veterinaren-centar?lang=en

Сепак мислам дека доколку не е му е загрозен животот без таа операција да не му даваш анестезија. Секогаш постои ризик дури и за човек.
 
Последно уредено:

nE0n1nja

Eat nerds get shredded
Член од
25 јануари 2007
Мислења
3.477
Поени од реакции
3.287
Моето куче имаше 6 кила и 14 години. Минатата година го оперираа со тотална анестезија и се помина во ред. (беше прашање на часови дали ќе преживее без таа операција)
Сеуште мислам дека немаа баш искуство со толку мало куче и толкава старост но сепак добро се помина, најверојатно сега имаат едно искуство повеќе со моето куче.

Овде го оперираа http://zk.mk/veterinaren-centar?lang=en

Сепак мислам дека доколку не е му е загрозен животот без таа операција да не го оперираш. Секогаш постои ризик дури и за човек.
Моево има 8 кила. Не му е загрозен животот ама поради 2 работи прашувам за анестезијава:

Првата и побитна е што има поткожен тумор на стомакот што му порасна доста изминативе 3 месеци. Ветеринарот рече дека може релативно лесно да се отстрани, единствен проблем е анестезијата односно како ќе ја поднесе.
Втората работа е што забите му се во лоша состојба, мислам и дека го болат кога загризува малце појако, па би било добро да се направи едно детално чистење, а и за тоа исто треба општа анестезија.
 
Забите им се на сите кучиња проблем на таа возраст. Тие заби што се расипани ќе останат такви само помалку ќе му мириса здивот.
Има ризик секако а што е најстрашно тоа е индивидуално за секое куче... можно е да не се разбуди повеќе.
 
Down

Boozer
Член од
4 мај 2012
Мислења
3.814
Поени од реакции
6.509
Прашај ветеринар најубаво ќе ти каже али доста старо е куче од 15 години може и да не ја издржи. Али ако има тумор тогаш подобро да пробат да го отстранат греота е да трпи кучето.
 
SaltNPepa

Other's envy, owner's pride!!!
Член од
14 септември 2012
Мислења
1.945
Поени од реакции
2.523
Зависи каква е здравствената сосојба на самото куче. Било кој пациент, а особено геријатриските пациенти претходно мора да поминат темелен клинички преглед за да ветеринарот утврди каква анестезија ќе користи и со која доза за седација по потреба,премедикација и анестезија ќе се оди. Имаме доста добри ветеринари меѓутоа сега засега на факултетот колку што ми е познато се оди само со инхалациона анестезија( за Димче не знам дали почнал да ја работи,ако ја работи топ). Па можеби најпаметно ти е да дојдеш во универзитетската клиника, во сала секогаш има минимум тројца од кои еден е анестезиолог.
 
Еј сега кога спомна здравствена состојба ми текна дека заборавив една работа да спомнам на почеток, а тоа е дека кучето е под терапија со фенобарбитон веќе 6 месеци зашто без терапијата има конвулзии.

Прашај ветеринар најубаво ќе ти каже али доста старо е куче од 15 години може и да не ја издржи. Али ако има тумор тогаш подобро да пробат да го отстранат греота е да трпи кучето.
Имам зборено со ветеринарот, за анестезијата не кажа ништо посебно односно кажа дека има ризик и толку. Ама не го ни прашував подетално зашто веднаш после тоа ми кажа дека нема поента да се отстранува туморот затоа што со тоа темпо со кое што расте ќе му требале многу години за да почне да смета. Но во една друга прилика па ми кажа дека сепак постои и шанса да премине на лимфните жлезди ако не се оперира.
И сега мене ми е глупо да умре кучето од тоа нешто што може за 5 минути да се тргне, затоа прашувам за анестезијава, дали вреди ризикот или сепак не.
 
SaltNPepa

Other's envy, owner's pride!!!
Член од
14 септември 2012
Мислења
1.945
Поени од реакции
2.523
Тоа е доста важен податок кој твојот ветеринар мора да го знае. Самиот фенобарбитон е барбитурат,група на лекови кои се користат во анестезијата, поретко,но во таа категорија спаѓаат. Не знам кој од колегите ќе го работи,али ете мое мислење е или др.Димче ако почнал да работи со инхалациона анестезија или факултетот бидејќи ја работат.
 
SaltNPepa

Other's envy, owner's pride!!!
Член од
14 септември 2012
Мислења
1.945
Поени од реакции
2.523
Ја има Диме инхалационата,ама од последните мои информации,не работи уште со нејзе.А како што разбрав и проф.др Горан од универзитетска ќе одел деновиве во странсвто да работи,така да кој искусен друг би ја правел таму?
A koj rece deka Goran ja raboti? Goran e internist,ne anesteziolog i hirurg :)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom