Не e сликата "Бомбардирањето на Герника"?
Anyway, еден зимски ден, Наполеон се шетал и здогледал две групи на деца како се тепаат со снежни топки. Во едната група забележал дека имало едно дете кое било многу прецизно и секогаш погодувало кога фрлало. Им се приближил на децата и им рекол:
- Зарем не е подобро вие сите да му правите топки на вашиот другар, а тој да фрла?
Децата го послушале човечето и победиле во борбата.
***
Добро оваа е повеќе поучна отколку смешна, еве уште една со Наполеон.
***
Наполеон бил во својата библиотека и сакал да достигне една книга од повисоката полица, но бидејќи бил низок по раст, природно не можел. Еден од неговите придружници се понудил да помогне, велејќи му:
- Дозволете, јас сум поголем.
Наполеон го изгледал одоздола и му рекол:
- Мислите, повисок.
Французите и нивниот комплекс на височина.