Англицизми во јазикот?

Член од
4 мај 2009
Мислења
2.476
Поени од реакции
5.544
Не е моја статистиката, информацијава ја добив уште во средно од професорката по македонски јазик и литература. Инаку не дека не читам, туку за болдираното јас и многу други знаеме дека ги има, но не се регистрирани како дел од македонскиот литературен јазик туку се сметаат просто за дијалектче од местото на писателот. Поентата ми е дека оние, јавните лица, кои треба да имаат БОГАТ МАКЕДОНСКИ речник, во обид да се прикажат многу елоквентни и бомбастични често употребуваат НЕмакедонски зборови, а притоа само го омаловажуваат сопствениот јазик и се смешни. Еве прв пример е првиот наш човек Хорхе Иванов, ако го занемариме фактот што кога зборува всушност ништо суштинско не кажува, повеќе од половина од зборовите му се српски или со српски корен, потоа по официјални интернет страници на институции, пример пред некој ден на една медицинска страница, демек македонска, читам бокови, јетра, мокраќа, дифолт, маус... на што личи тоа???
Ако е навистина така, „професорката“ тресела ноторни глупости -- дури ни во 1945 кога бил стандардизиран македонскиот јазик, бројот на лексемите не бил толку мал. Останатиот дел од мојот претходен пост стои и не е насочен лично кон тебе. Поздрав,
 

Мачорка

Shining Star of Paektu Mountain
Член од
25 февруари 2011
Мислења
1.955
Поени од реакции
12.542
англицизмите не се новост во македонскиот јазик, нуту пак се исклучиво „проблем“ кај нас.
не е проблем да се земе збор, тоа се случува. ние го преземаме системот.
како што е поздравот: „Се гледаме“ преведено од англискиот " See you ".

она што мене ме загрижува е НЕПИСМЕНОСТА!!!
не само правописот, туку неможноста да се изрази некој.
тоа е само од нечитање.
нема секој талент за пишување, ниту пак сметам дека сите треба да бидеме писатели.
ама ако се чита, мислата поинаку тече.

јазикот не ни е сиромашен. жално е што никој не се занимава со него.
се уште немаме толковен речник!! нема речник на синоними!!
на интернет нема ништо!!! ни речинк, ни ѓавол!!

преведував текст од бугарски - нема збор што го побарав, а да не најдов објаснување он лајн.
пробав на македонски- ништо нема!!!
Истото го пишав и јас на една друга тема.Кукаме за англицизми и интернационализми, кои, помалку или повеќе ги има во секој јазик, а имаме многу поголем проблем од тоа.Македонската младина(ова демек јас возрасната :D), со некои исклучоци, е комплетно неписмена.Доволно е само да се отвори фејсбук за да се дојде до тој заклучок.Мислам дека и Блаже Конески и Круме Кепески се превртуваат во гробот. А и на форумов не е ништо подобра ситуацијата.Постојат многу теми со правописни грешки во насловот и никому ништо. Јасно е дека не може секој да биде Достоевски, ама мислам дека секој може да ги научи и почитува барем основните правописни правила.
А за речник, еве еден дигитален речник на македонскиот јазик
http://www.makedonski.info/
 
Член од
6 јули 2011
Мислења
3.828
Поени од реакции
7.710
мачорка, фала многу за речникот.
мислам дека и јас најдов нешто, ама на другиот компјутер е мемориран линкот.
а можеби е ист.
мене ме изненади фактот дека за бугарскиот јазик најдов се, и тоа за зборови што се архаизми или дијалектизми.
 
Член од
4 мај 2009
Мислења
2.476
Поени од реакции
5.544
Ајде и вака ќе одговорам. Го разбирам чувството на „мал јазик и култура“, но ајде да го ставиме во некој реален контект. Да не го споредуваме македонскиот со англискиот јазик -- англискиот го говорат (и збогатуваат секојдневно) околу 500 милиони изворни зборувачи и повеќе од 1.5 милијарди луѓе кои го користат како втор јазик. Англискиот има силна лингвистичка „војска и морнарица“: ненадмината лексикографија, пропулзивност на lingua franca повеќе од 100 години, пребогата лингвистичка традиција (која цел свет продолжува да ја збогатува), реторичка традиција, универзитети, високи школи, театарски институти кои негуваат правоговор и дикција...Да ја проширам метафората, македонскиот нема ни „двокрилни авиони“. Ама, тоа не значи дека дефетизмот во вакви ситуации е основан и дека „грозјето е кисело“. Не постои сиромашен јазик сам по себе -- постојат луѓе со ограничени познавања на сопствениот (или други) јазици. Постојат доминантни јазици и култури и мали (но не сиромашни!) јазици. Инаку, и покрај сета таа доминантност и можности за учење и негување на јазик, во англискиот свет има огромен број неписмени и полуписмени изворни зборувачи на англискиот.
 
Член од
18 октомври 2010
Мислења
1.824
Поени од реакции
6.093
англицизмите не се новост во македонскиот јазик, нуту пак се исклучиво „проблем“ кај нас.
не е проблем да се земе збор, тоа се случува. ние го преземаме системот.
како што е поздравот: „Се гледаме“ преведено од англискиот " See you ".

она што мене ме загрижува е НЕПИСМЕНОСТА!!!
не само правописот, туку неможноста да се изрази некој.
тоа е само од нечитање.
нема секој талент за пишување, ниту пак сметам дека сите треба да бидеме писатели.
ама ако се чита, мислата поинаку тече.

јазикот не ни е сиромашен. жално е што никој не се занимава со него.
се уште немаме толковен речник!! нема речник на синоними!!
на интернет нема ништо!!! ни речинк, ни ѓавол!!

преведував текст од бугарски - нема збор што го побарав, а да не најдов објаснување он лајн.
пробав на македонски- ништо нема!!!
Во се‘ се согласувам со тебе, особено тоа што е оставен јазикот наш на милост и немилост.
Ама во цел пост, сите реченици ти почнуваат со мала буква, и веќе ако зборуваме за писменост, малку е контрадикторно, нели?
Се надевам добронамерно ќе ја сфатиш замеркава, бидејќи така и ја кажувам ;)
 
Член од
6 јули 2011
Мислења
3.828
Поени од реакции
7.710
Во се‘ се согласувам со тебе, особено тоа што е оставен јазикот наш на милост и немилост.
Ама во цел пост, сите реченици ти почнуваат со мала буква, и веќе ако зборуваме за писменост, малку е контрадикторно, нели?
Се надевам добронамерно ќе ја сфатиш замеркава, бидејќи така и ја кажувам ;)
хахха!
имаш право, иако тоа не е случајно. често ми се случува наместо почетната, вторат буква да ми биде гоелма и изгледа смешно.
Но еве, веќе се поправам. :)
 
Член од
11 ноември 2015
Мислења
302
Поени од реакции
118
Во последно време многу често забележувам како се користи „драфт-верзија“ (и во пишана и во разговорна форма), наместо „нацрт-верзија“.
 
Член од
17 јануари 2009
Мислења
2.814
Поени од реакции
4.665
Мислам дека во текот на овој пик на ковид-19, со толку кластери, англицизмите се најмал проблем. Е сеа, некои опинионмејкери викат дека вирусов е фејк, кој се лечи со добро смути, лековити шејкови и остали суплементи. Ова е малце лејм, ствар за палмфејс. Мислам, би било ептен кул да е така, али чисто сумљам. Има и други конспираци теории дека сфе ова намерно, пошто бизнис треба да се тера. Него, каде треба да аплицирам за кредитна картичка и дали има уште субвенции за инвертер еркондишни? Сори за дугачкиот пост. Бај...
 

wot

њ
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.483
Поени од реакции
33.585
Имаш лајкче за постот. :)
Mislis ti se dopaga nejzinata objava?

Kako i da e, koj uspeal da popravi nesto kaj negovite na telefon koga e so jazikot na nasata zemja? Mobilnite podatoci moze da pusat kur koga se brzam.

@Тапетарот Петар tebe so ti prece poveke, anglicizmi ili dijalekti? Zamisli otvaras kajgana i sakas da procitas statija nesto za Zaev i e na murtinski?
 
Член од
11 ноември 2015
Мислења
302
Поени од реакции
118
Со некои туѓи зборови се збогатува јазикот.
Не е сè така црно од увозот на туѓи зборови :)
Сосема се согласувам. Особено кога за некои странски зборови немаме соодветна замена со наши домашни зборови, како на пример, онлајн, кеш меморија итн., и токму поради тоа е неизбежно „да се одомаќинат“ ваквите зборови.(y) Но мислам дека ќе се согласиш со мене дека жално е денес и покрај постоењето на соодветни македонски зборови се продолжува со практикувањето на странските зборови, како на пример, дејт (наместо „состанок“), шерува (споделува), аддна (додаде), срч бар (поле за пребарување) итн.:( Ок, сосема е разбирливо дека е по малку модерно да се изразуваме така, но не тоа да биде секојдневно, нели? Барем јас така мислам...
 
Член од
17 јануари 2009
Мислења
2.814
Поени од реакции
4.665
Mislis ti se dopaga nejzinata objava?
Да бе, затоа го лајкнав постот. Мислам дека е О.К. Штета што ростерот за разни типови лајк/дислајк е лимитиран. Да имаше, онака, баш О.К. тип лајк, ќе беше О.К.
Вака...
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
23.366
Поени од реакции
38.343
Имам приметено кај децава многу англицизми употребуваат. Јазиков за едно 20 години има толку да се извитопери ова ние што го зборуваме сега има да звучи како да е камено доба.
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.635
Поени од реакции
13.073
Имам приметено кај децава многу англицизми употребуваат. Јазиков за едно 20 години има толку да се извитопери ова ние што го зборуваме сега има да звучи како да е камено доба.
Ноу шит Шерлок?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom