Англицизми во јазикот?

Член од
4 мај 2009
Мислења
2.476
Поени од реакции
5.544
Еве ви термин ајвар, кога промајата ви е дискутабилна. :)
Си ја сакам културата и кулинарската ни традиција, ама ајвар пак не е исклучиво македонски бренд. Го делиме (во многу подваријанти) со неколку култури и јазици на Балканов. Во стари култури како нашата, многу ретко постојат културни концепти и лексеми кои се уникатни. Тоа е поради јазичните и цивилизациските контакти. А ќе ти дадам пример за еден доста заебан концепт -- гувеење. како на пример, „Ај не ми гувеј како млада невеста.“ Таков културолошки концепт не постоел во (според мои информации) во ниедна од денешните западноевропски култури, а е присутен во исламот и многу други неевропски цивилизации. Кога на моите англосаксонски пријатели се обидував да им го доловам концептот на „гувеење“ (кој е архаичен и во македонскиот јазик) ми требаа едно петнаесетина минути.
 
Setsuko

Модератор
Член од
29 јануари 2006
Мислења
6.487
Поени од реакции
5.963
Сепак има, макар што се ретки.

Мене ми било проблем да објаснам автентични зборови од мојот дијалект на луѓе од други градови, зборови кои немаат соодветен термин во македонскиот стандарден. Зошто да не ги прифатиме и нив? :)

Ама ај забегавме надвор од тема, да не речам офтопицираме. :)
 
Па ајде отвори нова тема за автентични културни концепти и лексика. Мене ептен би ме интересирала.
 
S

smexy

Гостин
А ти малце да воведеше ред во „масакров“? Како освестен и непристрасен јазички полицаец... уствари...;)
Никаде не се декларирав себеси како безгрешен :)
Арно ама,кога ме напаѓаат,како жител на тој и тој град ќе нападнам и јас.
 
Член од
18 октомври 2010
Мислења
1.824
Поени од реакции
6.093
Инаку, јас се испричавам што се уфрлам толку лево и касно, ете на г-диш Џиш му реплицирав, е сега, за принцезата на злото која немаше доволно добри зборови во мак. јазикот за да си напише ник, а преку тоа со сите сили го брани фондот и фонтот на јазикот, нема да и реплицирам, освен прашање.. како тоа јас сум беден? Или како тоа може ад сум lame, ама да не сум беден?
Оти бе се налути, па шега беше тоа, затоа и насмевка :D

Инаку не знам каде виде со сите сили дека го бранам фондот и фонтот на јазикот (не дека не си го сакам јазиков), ама прв пост во темава ми беше одговор на твоето прашање, на кое според мене, највеќе одговара беден, повеќе во симболична смисла беден. Ти на пример ми рече дека беден било lame одговор, а баш во таа конотација одговара перфектно. Значи подобро ќе беше да ми кажеше беден одговор :D Секако дека нема да одговора во секоја ситуација, ама покрива приличен број од нив. Ете некој кажа тапа. И тоа во многу ситуации е соодветен превод на lame. Да не должам, твое е дали ќе користиш македонски или македонско-англиски јазик ;)
 
Setsuko

Модератор
Член од
29 јануари 2006
Мислења
6.487
Поени од реакции
5.963
Последна опомена да се воздржите од лични навреди.
 
V

Vollstandig

Гостин
еве како звучат сите што користат англицизми:
 
Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326
За жал употребувам и тоа премногу, лично мене како прво сиромашен ми е вокабуларот па одредена фраза ми е посоодветна да ја кажам на англиски посебно ако знам соговорникот го знае и тој јазик за да се изјаснам, како второ од навика зошто на работа англиски ми е официјален јазик па знам да тропнам нешто за време на разговор.
Во секој случај е нешто што мене ми пречи, и покрај тоа што знам дека примарна цел е на јазикот за комуникација без разлика дали и како ќе се изразиш, но сепак е исто и културно наследство.
 
Член од
13 март 2011
Мислења
2.277
Поени од реакции
1.989
Мтв Дејт го преведуваше како Судар, а ние го викавме сообрајќајка :).
е и тоа СУДАР не ми е јасно никако, како може "дејт" да биде судар, па нека речат состанок, судар се знае шо е ..

Инаку и Хрватите имаат " Ја факат те неразумем" па не им е проблем :D
 
Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326
Преземен му е преводот најверојатно од некоја хрватска телевизија
 
Член од
10 јануари 2011
Мислења
238
Поени од реакции
306
И мене не ми се допаѓа, но освен англицизми преовладуваат премногу србизми и турцизми, особено за србизмите имам против затоа што имаме зборови ама српскиот е појак/посекси/поинтересен, абе ајде. Како и да е како цело нас литературниот јазик ни е сиримашен, што се бе ~30 000 збора? Затоа што „одредени“ србомани крателе букви од азбуката и е нарушено правилото секој глас буква (навистина ни фалат букви) и избрале зборови претежно само од повардарието литературниот јазик ни е беден. А толку многу сме богати со дијалекти што фондот може да се зголеми најмалку двојно. И заради таа бедност на зборови се прифаќаат зборови од други јазици, затоа што еден нивен збор треба да го објаснеш со 5 наши, епа не секој сака/може да го прави тоа.
 
Мацо...статистикава ти е ептен од ракав. Да не испадне дека сакам да серам и контрам, ве разбирам што ви е поентата. Ама дечки, засукајте ракави и учете си го јазикот. Немојте со вакви произволни изјави сиромашен ни бил јазикот -- можеби е сиромашен вашиот личен израз. Читајте македонска литература (и стара и современа), сакајте си го јазикот и културата, внимавајте како зборувате и пишувате... Ќе се изненадите колку скриено богатство има во тие книги и колку убави зборови и изрази се мртви бидејќи некој бил мрзлив да ги открие.
 
Член од
6 јули 2011
Мислења
3.828
Поени од реакции
7.710
англицизмите не се новост во македонскиот јазик, нуту пак се исклучиво „проблем“ кај нас.
не е проблем да се земе збор, тоа се случува. ние го преземаме системот.
како што е поздравот: „Се гледаме“ преведено од англискиот " See you ".

она што мене ме загрижува е НЕПИСМЕНОСТА!!!
не само правописот, туку неможноста да се изрази некој.
тоа е само од нечитање.
нема секој талент за пишување, ниту пак сметам дека сите треба да бидеме писатели.
ама ако се чита, мислата поинаку тече.

јазикот не ни е сиромашен. жално е што никој не се занимава со него.
се уште немаме толковен речник!! нема речник на синоними!!
на интернет нема ништо!!! ни речинк, ни ѓавол!!

преведував текст од бугарски - нема збор што го побарав, а да не најдов објаснување он лајн.
пробав на македонски- ништо нема!!!
 
Член од
10 јануари 2011
Мислења
238
Поени од реакции
306
Мацо...статистикава ти е ептен од ракав. Да не испадне дека сакам да серам и контрам, ве разбирам што ви е поентата. Ама дечки, засукајте ракави и учете си го јазикот. Немојте со вакви произволни изјави сиромашен ни бил јазикот -- можеби е сиромашен вашиот личен израз. Читајте македонска литература (и стара и современа), сакајте си го јазикот и културата, внимавајте како зборувате и пишувате... Ќе се изненадите колку скриено богатство има во тие книги и колку убави зборови и изрази се мртви бидејќи некој бил мрзлив да ги открие.
Не е моја статистиката, информацијава ја добив уште во средно од професорката по македонски јазик и литература. Инаку не дека не читам, туку за болдираното јас и многу други знаеме дека ги има, но не се регистрирани како дел од македонскиот литературен јазик туку се сметаат просто за дијалектче од местото на писателот. Поентата ми е дека оние, јавните лица, кои треба да имаат БОГАТ МАКЕДОНСКИ речник, во обид да се прикажат многу елоквентни и бомбастични често употребуваат НЕмакедонски зборови, а притоа само го омаловажуваат сопствениот јазик и се смешни. Еве прв пример е првиот наш човек Хорхе Иванов, ако го занемариме фактот што кога зборува всушност ништо суштинско не кажува, повеќе од половина од зборовите му се српски или со српски корен, потоа по официјални интернет страници на институции, пример пред некој ден на една медицинска страница, демек македонска, читам бокови, јетра, мокраќа, дифолт, маус... на што личи тоа???
 
Kajgana Shop

На врв Bottom