Англиски Кокер Шпаниел

Член од
21 септември 2017
Мислења
17
Поени од реакции
13
Како бе да нема посебна тема за ваков лепотан???
Кокер Шпаниел е средно-мало куче, роден атлетичар иако не изгледа така со долгите уши и влакна. По природа се секогаш весели, лесно се адаптираат на секаков живот, но имаат потреба да се прошетаат, да потрчаат и да подушкаат наоколу. Според мое искуство се екстремно интелигентни и неверојатно лакоми за храна. Доколку има во понуда храна можат да научат буквално се. Лојални се и имаат потреба да бидат до газдата секогаш. Доколку не добиваат доволно љубов знаат да паѓаат во депресии и да бидат деструктивни.
Изглед:
Кокерите можат да бидат црни, светло кафеави, темно кафеави, блек енд тен (како доберман исти), двобојни со црно и бело, двобојни со кафеаво и бело, и тробојни. За да се зачуваат линиите и боите е забрането парење на еднобојните (под еднобојни се подразбира и блек енд тен) со двобојни и тробојни кокери. Телото му е малку подолго од високо. Ушите треба да бидат долги тогно до носот на кучето и да стојат ниско на главата.
Здравје:
Во главно здрави кучиња со ретки проблеми. Во некои линии се јавува епилепсија, во неколку други катаракта на очите. Многу важно е чистење на ушите бидејќи се јавуваат инфекции. Лесно се здебелуваат бидејќи јадат како стоки жаргонски кажано.

Еве еден од подобрите кокери кои ги имам видено на интернет, а можеби и најдобар.

Конкретно јас чував кокер во стан, беше докажан лепотан, прв на секоја изложба на која бил во животот, а во тие изложби имаше и кучиња кои беа интернационални прваци. Беше црн по боја но моментално немам слики за да ви го покажам.
Неколку анегдоти од него:
Знаеше да ја одврзи една вреќа со ореви, да украде ореви (множина), да ги крши еден по еден и притоа да ги јаде само јатките.
Го носевме кај кучка за парење, со ќебе преку глава во кола, на отприлика 4-5 километри оддалеченост, и другиот ден избега од дома и успеа да ја најде кучката.
Јадеше буквално се што јадевме ние вклучувајќи и овошје и зеленчук како зелка, краставици и сл.
Никогаш не можам да сфатам како, но успеваше на други кучиња многу поголеми од него да им се наметне како алфа мажјак.
Ги имаше отворено од кујната фиоките, го турнал шеќерот на земја и го начекавме како го лиже од земја.
Беше украден кога беше стар и болен, крадците му давале јадење додека можел, се настегал здраво, и со подуен стомак им избегал и се врати. Случкава ја знаеме бидејќи разбравме кој го украл.
За мене ова е најубавата раса на куче, иако можеби не ги исполнува "мачо" стандардите на многу сељаци.
 
Член од
24 мај 2014
Мислења
4.590
Поени од реакции
4.558
Мајка ми ја обожава расава јас не, ама ја поштувам. Порано беа многу ретки, во последниве години еве ги раширија и кај нас али уште држат многу високи цени.
 
Член од
21 септември 2017
Мислења
17
Поени од реакции
13
Порано беа многу ретки, во последниве години еве ги раширија и кај нас али уште држат многу високи цени.
Не се скапи колку порано, jас кога го имав кокерот како шампион ги продаваше малите татко ми по 300 евра едно.
 
Член од
24 мај 2014
Мислења
4.590
Поени од реакции
4.558
Не се скапи колку порано, jас кога го имав кокерот како шампион ги продаваше малите татко ми по 300 евра едно.
Стави слика од твојот што си го чувал, мора да е добар чим бил шампион :)
 
Член од
21 септември 2017
Мислења
17
Поени од реакции
13
Стави слика од твојот што си го чувал, мора да е добар чим бил шампион :)
За два дена. Не сум дома моментално.
А инаку беше прв на сите изложби каде бил во животот (барем 10), а и на ФЦИ групата беше шампион исто така 1-2 пати, каде сите знаеме дека се фаворизирани поголеми кучиња.
 
Член од
24 мај 2014
Мислења
4.590
Поени од реакции
4.558
За два дена. Не сум дома моментално.
А инаку беше прв на сите изложби каде бил во животот (барем 10), а и на ФЦИ групата беше шампион исто така 1-2 пати, каде сите знаеме дека се фаворизирани поголеми кучиња.
Сериозни резултати, браво (y)
 

Azriel

Simple Man
Член од
6 октомври 2008
Мислења
1.716
Поени од реакции
1.501
За два дена. Не сум дома моментално.
А инаку беше прв на сите изложби каде бил во животот (барем 10), а и на ФЦИ групата беше шампион исто така 1-2 пати, каде сите знаеме дека се фаворизирани поголеми кучиња.
Слика од кокерот? :)
 

Natan 3.0

Bitch Божји
Член од
17 февруари 2019
Мислења
1.572
Поени од реакции
5.034
Многу пргава, „жива“ и интелигентна раса, имав 13 години женка црн англиски кокер шпаниел (американскиот ми е лично неубав и деформиран), малку повисока и со покрупен раст во однос на пропишаниот стандард за женките од расата. Тежок инает, пркос, истерување свои „правдини“ преку правење бељи дома кога не ѝ се обраќаше доволно внимание, хиперактивност, лакомост, потреба за шетање и по три пати дневно, со јако влечење на оние кои ја шетаат (10 кила куче ме влечеше мене од 55), притоа стругајќи ги ноктите на асфалтот, со што барем не моравме да ѝ ги потсекуваме. Премногу влакнеста и се митареше претерано, во почетокот самата ја шишав и тримирав, со фризура со „завеси“ на ушите, стомакот и нозете според пропишаниот стандард за расата и со триста молења, а потоа ја носев на професионален фризер. Здравствени проблеми - загнојување на ушниот канал при заглавување во него на чичка, воспаление на парааналните жлезди, а како постара катаракта за што ја третиравме со капки „Каталин“, операција на тумор на брадавица и отстранување на туморозна матка, поради непарење. Ние ја чувавме дома, со што си ја навлековме бељата, на овие кучиња им треба простор за истрчување, идеално во голем двор. Душкач т.е. што би рекле Србите „цуњавац“ чија намена е лов на пернат дивеч, кој трчаше по птиците во парк, одлични ловечки инстинкти и брзина, во суштина претемпераментно куче за чување и преголем залак. Она кое го паметам за расата уште е тоа дека во рамки на повеќебојците постојат т.н. „контирани“ и „мел(анж)ирани“ вариетети (со крупни дамки и ситни испрскани дамки секаде по телото), како и ретка чоколадна боја и дека во релативно поново време опашот не им се купира т.е. потсекува.

Контиран примерок

659405de26db2a78c1088d08d8aa8fcd.jpg

Мел(анж)иран

Brindle-Cocker-Spaniel-Dog-Picture.jpg

Чоколадна боја

427d98584004718f59a0df2b711bab7e.jpg

Pros - физички прекрасна и добра за чување раса, доколку сакате весел придружник, имате доволно простор за негово чување и сте во добра физичка кондиција често да го шетате и анимирате со игри, како и да чистите по неговите мали пакости.

Cons - знаат да битат преинаетливи, недоверливи и со одредена доза на агресија и од тие причини непрепорачливи се за соживот со мали деца и многу се тешки за одржување.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom