Анастас Коцарев (1889-1931)

Vori

Шејтан на Махалата
Член од
23 март 2009
Мислења
6.741
Поени од реакции
5.411
A.Kotzareff




Осумдесет години без поширока афирмација останало делото на македонскиот онколог д-р Анастас Коцарев (1889-1931), близок соработник на нобеловката Марија Кири и најверојатно, покрај Мајка Тереза, единствениот Македонец што со своето дело бил многу блиску до добивање на Нобеловата награда. Ретко кој денес во Македонија знае за неговите научни достигнувања од првите децении на 19 век, кога работел на проблемот на дијагностицирање и лекување на ракот со примена на радиум. Бил еден од пионерите на радиотерапијата, но и на радиографијата. Прв во светот направил рендгенографија на фотографска плоча од тело на пациент заболен од канцер. Напишал значајни научни трудови, кои и денес се цитираат во медицината, но, за жал, ниту еден примерок нема во македонските библиотеки.

Првпат по многу децении направен е обид да се оживее споменот за научникот. По иницијатива на професорот Божин Доневски, координатор на проектот „Истражувачка видливост“, финансиран од Европската комисија, изработен е документарен филм за онкологот со наслов „Заборавени македонски умови“. Во него, меѓу другото, искористени се материјали и спомени од семејството Коцареви.

- Иако се работи за македонска гордост, единствениот Македонец соработник на Марија Кири долго време беше заборавен. Дома имаме фотографии и документи од неговата работа. По 80 години од неговата смрт решив да напишам материјал за неговиот живот, а се изработи и документарец. Идејата беше големите луѓе да не ги забораваме, да им го дадеме местото што го заслужуваат. Досега во Македонија во негова чест има само улица во Скопје - вели внуката Соња Коцарева-Трпезановска, специјалист физијатар во битолската клиничка болница.

Доктор Коцарев бил роден во Охрид во далечната 1889 година. Татко му бил познат банкар, мајка му починала од рак на матката, а млади му умреле и двете сестри. Поради тоа одлучил да учи медицина и да ги лечи луѓето. Студирал на Медицинскиот универзитет во Женева, а за да ги плати трошоците, семејството го продало чифликот. По дипломирањето работел на Клиниката на Медицинскиот универзитет во Женева.

- Идејата да се изработи филмот дојде поради фактот што оваа година се прославува стогодишнина од доделувањето на Нобеловата награда на Марија Кири за откривањето на елементите полониум и радиум. Доктор Коцарев бил познат радиолог и во неговите истражувања за лечење на ракот вшприцувал радиум во заболеното ткиво на пациентите. Тој работел и во лабораторијата на Марија Кири во Сорбона, Париз - вели професорот Доневски.

За научниот придонес во лекувањето на ракот добил и награда од Медицинската академија во Париз. Се смета дека со резултатите од истражувањата бил многу блиску до добивањето Нобелова награда. Напишал голем број научни трудови и одбранил две докторски дисертации. И во американското списание „Тајм“ се барало поддршка истражувањата да ги продолжи во САД. Желбата, откако доволно ќе напредне, да се врати во Охрид и да лекува не му се исполнила.

Мистериозна смрт на д-р Анастас Коцарев во Женева

Освен големите успеси на полето на медицината, д-р Коцарев бил и борец за македонската кауза. Бил првиот претседател на Женевското друштво на интелектуалци и се противеле на поделбите на Македонија. Починал ненадејно на 42 години, а неговата смрт до денес е мистерија и за семејството.

- Умрел во екот на професионална и стручна зрелост. Точно не се знае од што. Во некои списи најдов дека имал лесен облик на дијабет. Можеби била во прашање некоја болест од радиоактивност зашто во тоа време не се штителе доволно, а постојат и шпекулации дека бил отруен од службите на соседните балкански земји заради залагањата за македонската кауза. Која е вистината, треба да се истражува - вели внуката Коцарева-Трпезановска.

Денес не се знае ни каде точно му е почивалиштето. Се смета дека имал свршеница од Швајцарија и наводно е закопан во нејзината гробница.



ПС = горд жител на улицата која го носи неговото име во Населба Ѓорче Петров :)
 

Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
13.911
Поени од реакции
29.409
Одлична тема. Не сум го знаел човеков. Ќе прошуркам на гугл, во меѓувреме ако се најди некое материјалче плус, постирајте тука. (y)
 

Vori

Шејтан на Махалата
Член од
23 март 2009
Мислења
6.741
Поени од реакции
5.411

Vori

Шејтан на Махалата
Член од
23 март 2009
Мислења
6.741
Поени од реакции
5.411
На темата за роднините на тој што ти е на профајл пикчр.
аха .... он специјално би требало, едакшн издание тема ,ОНтопик ... поготово дрога и секс ... и разводи со иста особа повеќе пати ... :D
 

Vori

Шејтан на Махалата
Член од
23 март 2009
Мислења
6.741
Поени од реакции
5.411
криво ми е шо нема достојна Википедија направена за него ... :place:
ај ако може да контактираме со нашиве од Википедија ако може да се направи напор , луѓе ... на македонски и на англиски за цел свет да има ... може да помогнете ?! :)
 

macedon89

Провокатор по вокација
Член од
22 јули 2008
Мислења
770
Поени од реакции
536
Средното Медицинско Училиште во Битола по предлог од министерството за образование, требеше да го носит името на Д-р Анастас Коцарев, арно ама заради залагање на тогашниот директор Кирил Силјановски - Кандус (проф. по историја и локал патриот) тоа не се случило затоа што Коцарев не бил од Битола и заради тоа сега школото се викат по битолчанецот Д-р Јован Калаузи.
 
C

cige

Гостин
криво ми е шо нема достојна Википедија направена за него ... :place:
ај ако може да контактираме со нашиве од Википедија ако може да се направи напор , луѓе ... на македонски и на англиски за цел свет да има ... може да помогнете ?! :)
Википедија е отворена за сите.
 

Щипянецъ

македонски Бугарин
Член од
21 декември 2011
Мислења
974
Поени од реакции
264
Мистериозна смрт на д-р Анастас Коцарев во Женева

Освен големите успеси на полето на медицината, д-р Коцарев бил и борец за македонската кауза. Бил првиот претседател на Женевското друштво на интелектуалци и се противеле на поделбите на Македонија. Починал ненадејно на 42 години, а неговата смрт до денес е мистерија и за семејството.

- Умрел во екот на професионална и стручна зрелост. Точно не се знае од што.
Знае се - од дијабетес умира.
 

Vori

Шејтан на Махалата
Член од
23 март 2009
Мислења
6.741
Поени од реакции
5.411
Автоматски споено мислење:

 
На врв Bottom