Анархија

Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
Знаеш што е интересно? Оние атеисти анархисти на темите во религија се повкуваат на логика, разум и како религијата нема основ, а тука влегуваат во цртан филм со фрази како-реалноста сега е таква ама во иднина ќе биде инаку. Саше Фактор Х комотно да им позавиди на пророштвата.
Да си зборниме реално, не е баш фер потег да ги поистоветуваш атеистите со анархистите. Да ги поистоветуваш рационалните со забеганите. Низок старт Суси, со ѓон. Ако баш сакаш, концептот на анрхистичкото општество е позајмен од христијанскиот рај, како што и концептот на Маркс за бескласното општество беше позајмен на истото место.

Ама ако, ти легна ситуацијата, па шутирај волеј...
 
Sussaro

Southern comfort, southern sun
Член од
27 декември 2005
Мислења
6.051
Поени од реакции
24.870
Да си зборниме реално, не е баш фер потег да ги поистоветуваш атеистите со анархистите. Да ги поистоветуваш рационалните со забеганите. Низок старт Суси, со ѓон. Ако баш сакаш, концептот на анрхистичкото општество е позајмен од христијанскиот рај, како што и концептот на Маркс за бескласното општество беше позајмен на истото место.

Ама ако, ти легна ситуацијата, па шутирај волеј...
Може не се разбираме ама не ги поистоветувам, кажав анархисти атеисти, како на пример муслимани македонци, односно оние атеисти кои што истовремено се и анархисти (поддржувачи и симпатизери на анархизмот де), не сите атеисти. Или јас грешно те сфатив тебе? Што се однесува ѓонови и слично, ако се сеќаваш на една наша конверзација, пишав дека не сакам двојни аршини. Не може мајка-маќеа принципот, го зборевме ова знаеш на што мислам, не треба нели да вадам цитати од некои членови. Барам барем од тебе да си објективен без разлика на лични преференци и избори, за тоа мислам дека и двајцата сме на иста бранова должина а не дека е муабетот за ВМРО-СДСМ, Анархисти-Феудалци, или било каква друга класификација.
 
Не напишав дека сите ги поистоветуваш, но убаво ти дојде темата за да ги подоцрниш сите атеисти. ;) Затоа е стартот со ѓон.

Инаку, пак ти велам, и анархистите, и Хегел, и Маркс, сите пиеле вода на ист извор. Рајот го чекаат сите, таму зад аголот. И историјата се движи кон рајот, сеедно дали тој ќе биде сфатен како некоја метафизичка ситуација како во христијанството, или ќе биде сфатен како политичко уредување, како кај Маркс или анархистите (и немањето на политичко уредување е вид на политичко уредување, напомена за анархијата). Попер е лекот за сите нив, со неговата критика на историцизмот...
 
Donald Sikert

Jane Vitington
Член од
28 ноември 2008
Мислења
8.283
Поени од реакции
5.614

:cuc: Толку ли беше тешко и е сеуште, да се сфати болдот.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
:cuc: Толку ли беше тешко и е сеуште, да се сфати болдот.
Јас не се согласувам со болдот, ние немаме начин да предвидеме каде се движи историјата, од Поперовски причини. Само објаснував како размислуваат историските верници, оние кои мислат дека историјата има смисла. Истите оние кои ги силуваат фактите и на човештвото му кројат трансисториска лудачка кошула...
 
Donald Sikert

Jane Vitington
Член од
28 ноември 2008
Мислења
8.283
Поени од реакции
5.614
Јас не се согласувам со болдот, ние немаме начин да предвидеме каде се движи историјата, од Поперовски причини. Само објаснував како размислуваат историските верници, оние кои мислат дека историјата има смисла. Истите оние кои ги силуваат фактите и на човештвото му кројат трансисториска лудачка кошула...
Да да, јасно е ова.

Затоа и го потенцирав, твоето согледување дека токму тоа го размислуваат и се надеваат оние кои мислат дека историјата има смисла, без разлика што немаме начин да го дознаеме тоа.

Затоа секаде и се потенцира утопија.

Надежта секогаш постоела. Оптимизмот треба да е двигател.
 
Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.921
Надежта секогаш постоела. Оптимизмот треба да е двигател.
Не случајно го болдирав треба, но е секогаш така нели? Тој оптимизам некогаш (па и многу често) бива и злоупотребен. За жал
 
Donald Sikert

Jane Vitington
Член од
28 ноември 2008
Мислења
8.283
Поени од реакции
5.614
Не случајно го болдирав треба, но е секогаш така нели? Тој оптимизам некогаш (па и многу често) бива и злоупотребен. За жал

Бива Атеист, не велам дека не бива.

Меѓутоа тоа не ме спречува да верувам дека еден ден ќе стигнеме до таков систем. Веќе образложив врз што го темелам својот оптимизам.:)
 
Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444
Дај некоја бројка од неамерички извори што ќе покажат дека америте лажат.

Инаку зошто останатите 1.930.000 жители на Копенхаген никако не можат да ги видат прекрасните придобивки од анархизмот на дури 1000 луѓе и не почнат да го практикуваат? Или и тие се заслепени од капиталистичките блогови, форуми и медиуми?
http://www.historycooperative.org/journals/whc/4.3/hansen.html
http://flag.blackened.net/revolt/mexico/ezln/womlaw.html
http://www.thirdworldtraveler.com/Latin_America/MexicosDirtyWar_Zapatistas.html

Тие услови се резултат на 500 годишното благотворно дејство на шпанската и мексиканската држава врз таа популација. Не знам дали им граделе врби од четврт милион евра или што се случувало но после половина милениум убавини рајата тргнала да ја отстрани државата како тумор. Којзнае колку треба да им било убаво да тргнат само со лесно пешадиско оружје врз професионалната мексиканска армија. А којзнае и зошто не се враќаат повторно во прегратките на државата...

Она што направиле за 18 години под такви услови (блокада, бомбардирања, масакри на цивили од страна на паравојските платени од државата, ги убиваат за нивно добро) е далеку повеќе од она кое го направила државата за 500.
 
Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
10.783
Поени од реакции
15.399
Komunistite bile na vremeto u konfrontacija so anarhistite posto neli bilo vreme na revolucii i se razlikuvale po prasanjeto sto po revolucijata, anarhistite smetale odma da se ukine drzava i privatna sopstvenost i bile protiv diktatura na proletarijatot (koi komunistite ja smetale za neophodna za da se dotepaat reakcionernite nazadni sili i posle da se gradi zdravo opstestvo znaci drzavata poleka da izumira-celta im e ista drzavata ne cini samo ovie vikale odma ukini sve a ovie poleka da odumira) bidejki smetale deka pak ke se sozdade privilegirana klasa na takanarecena revolucionerna avangarda bidejki toa bilo vo covekovata priroda, no tuka e problemot , ako toa e vo covekovata priroda da ima volja za mok i dominacija togas kako ke se ukine drzava i privatna sopstvenost? Ako lugeto po priroda se takvi i zatoa bile protiv diktatura na proleterijatot, togas tie pak ke se takvi i bez drzava, plus sostojba takva ne moze da postoi se organiziraat bandi, privatni policii, armii, nemas zastita iako stoi toa deka drzavata e najgolem terorist rabotava ispaga mec so dve ostrici.
Socijal-demokratite pak ne se za revolucija znaci nasilno rusenje na pravniot poredok tuku vo ramkite na veke postoieckiot na strana na marginaliziranite grupi, siromasnite, rabotnickata klasa i sl.
Човек најчесто не се раѓа со воља за моќ и доминација.
Овие две работи се производ на системот, по принципот на магичен круг....како и многу други "девијации".
 
PIRATIC

diplomiran klozetar
Член од
26 јануари 2012
Мислења
7.854
Поени од реакции
6.497
Анархизмот никогаш не би можел да се воспостави, ниту пак да функционира на подолг рок, доколку се воспостави, причината е една и единствена, а тоа е несовршеноста на човекот !
Луѓето како живи суштества се генерално(99,9%) грабливи, егоисти, себични, индивидуалисти... накратко кажано секој еден поединец си гледа првенствено и единствено за сопствениот г’з и мев, е сега немојте да кажете дека Капитализмот е
единствен кривец, точно е тоа дека и системот(сегашен) игра улога во тоа, но сепак човекот отсекогаш си бил таков и во предходните системи т.е. од самиот почеток на човештвотоедноставно таква е природата на човекот !
Замислете, денеска постои државно општество, државен апарат/институции, безбедносни органи(полиција), правни органи(судови), мал-милион на казни, камери на секој чекор, чувари/обезбедувачи, тајни служби/агенти, инспектори, специјални единици и што ти не друго, па пак и покрај сите овие државни служби/институции пак секојдневно се случуваат секаков вид на кражби(од најситни до најкрупни), секаков вид на насилства, тепачки, убиства, малтретирања, криминали, шверцови, дилање и.т.н. и.т.н. брат убил брат, колега удрил колега, син ограбил татко, комшија пукал во комшија, маж си ја истепал жената и.т.н. а замислете тек што би се случувало да нема воопшто вакви институции/служби ................. х1000 пати дан’бетер !
 
Стефус-Рефус

Jesus Loves Macedonia
Член од
30 август 2009
Мислења
3.452
Поени од реакции
1.210
Човек најчесто не се раѓа со воља за моќ и доминација.
Овие две работи се производ на системот, по принципот на магичен круг....како и многу други "девијации".
И во камено време имало водачи и поглавари. Човекот е хирерхиско животно како и сите примати.
 
Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
10.783
Поени од реакции
15.399
И во камено време имало водачи и поглавари. Човекот е хирерхиско животно како и сите примати.
Tи што си по природа по таа класификација?
Поглавар или слуга?
 
Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444
Си ја читал „Животинска фарма“ од Џорџ Орвел? Тоа е пример за систем на Анархија
За што е пример Животинска фарма?! :eek:
Орвел два пати бил ранет во шпанска граѓанска а има и негов детален опис за случувањата и анархијата во Homage to Catalonia.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom