Анархија

Donald Sikert

Jane Vitington
Член од
28 ноември 2008
Мислења
8.283
Поени од реакции
5.614
Добро е познато дека во апокалиптични ситуации, човекот станува се посебичен, во зависност од тоа колку силно му работи нагонот за опстанок. Потполно е нејасно како тоа би довело до солидарност помеѓу луѓето.

Анархијата е сон, кој го сонуваат средношколци, и потпораснати средношколци. Не постои ниту еден единствен факт кој укажува дека општествените уредувања се движат кон анархија. Постоењето на анархистичките комуни е повеќе како потсмев на анархијата како концепт. Тие комуни егзистираат заштитени од државите на чија територија се наоѓаат. Ова единствено не важи за Чијапас, кој всушност е една тешка недојдија, за која никој нема интерес...
Па не би се согласил дека е баш така, како во болдот. Така е преставено во холивудските филмови можеби.

Анархијата нека биде сон. Не мора да биде анархија по дефиниција.

Јас велам, е е ова врвот на општествениот поредок, капитализам, во комбинација со апаратот наречен држава.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199

Холивудски филмови?

На најмал знак на катастрофа, толпата ги пљачка продавниците. Додуше солидарно, организирана во тајфи.
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.756
Поени од реакции
8.781
Не може во сегашноста, за понатаму не знаеме.

Сака повеќе за себе, хммм. Зошто?
Оти е наметнато дека вредноста на единката се мери по тоа дали имаш повеќе од останатите, можеби?

Мислам дека не треба човек да биде скептик дека е можно вакво нешто во иднината.
--- надополнето: 24 април 2012 во 15:50 ---

Јас наведов една можна причина, закана за опстанокот на човештвото и планетава.

Билошките нагони, можеби ќе се сменат, којзнае.
Mики, во услови на закана за човештвото, тие што имаат ќе се преселат на друга планета (или мислиш не е тоа можна опција?).
Вие зборувате за изменет човек, поинаков човек - вие зборувате за некој друг вид на човек. Овој човек, јас, ти, нашите деца, не можеме да живееме во такво општество. Зошто тоа општество врз основа на добра волја нема да функционира, единствен начин да функционира е преку репресија. Што само по себе значи - не е анархизам.

Замисли вака. Ете, треба да се направи фабрика за облека. И секој според своја волја да работи - нема некој што одлучува кој што ќе работи. Јас сакам на машина за шиење, и ти сакаш. Ама една е машината. И двајцата сме еднакво способни. Кој ќе работи, а двајцата среќни да бидеме?

Убаво е да сакаш мед и млеко да тече, љубов, среќа, цветчиња.... но реалноста и праксата, покажуваат нешто друго. И приграбувањето е опстанок, доминација, што не постои само кај човекот. Постои кај сите животински видови, а човекот е пред се, прво и основно - само животно, а не божество.

Во оној момент кога од човекот ќе се искорени инстиктот, ќе се искорени и потребата од територијалност, приграбување. А ако се искорени инстиктот, повеќе не можеме да зборуваме за човек во вистинската смисла на зборот, туку за некое друго суштество.
--- надополнето: 24 април 2012 во 16:02 ---
Па не би се согласил дека е баш така, како во болдот. Така е преставено во холивудските филмови можеби.

Анархијата нека биде сон. Не мора да биде анархија по дефиниција.

Јас велам, е е ова врвот на општествениот поредок, капитализам, во комбинација со апаратот наречен држава.
Ни јас не велам дека е ова врвот. Велам дека сме на добар пат кон општество кое подразбира приватна сопственост, но огромна власт на народот.
И не мислам на Македонија, мислам на поразвиените земји, се повеќе се стремат ,,натаму,,.
 
Donald Sikert

Jane Vitington
Член од
28 ноември 2008
Мислења
8.283
Поени од реакции
5.614
Холивудски филмови?

На најмал знак на катастрофа, толпата ги пљачка продавниците. Додуше солидарно, организирана во тајфи.
Затоа што очекува после катастрофата се да се врати на старо каде би имале ќар од своето дело.
 
Donald Sikert

Jane Vitington
Член од
28 ноември 2008
Мислења
8.283
Поени од реакции
5.614
Mики, во услови на закана за човештвото, тие што имаат ќе се преселат на друга планета (или мислиш не е тоа можна опција?).
Вие зборувате за изменет човек, поинаков човек - вие зборувате за некој друг вид на човек. Овој човек, јас, ти, нашите деца, не можеме да живееме во такво општество. Зошто тоа општество врз основа на добра волја нема да функционира, единствен начин да функционира е преку репресија. Што само по себе значи - не е анархизам.

Замисли вака. Ете, треба да се направи фабрика за облека. И секој според своја волја да работи - нема некој што одлучува кој што ќе работи. Јас сакам на машина за шиење, и ти сакаш. Ама една е машината. И двајцата сме еднакво способни. Кој ќе работи, а двајцата среќни да бидеме?

Убаво е да сакаш мед и млеко да тече, љубов, среќа, цветчиња.... но реалноста и праксата, покажуваат нешто друго. И приграбувањето е опстанок, доминација, што не постои само кај човекот. Постои кај сите животински видови, а човекот е пред се, прво и основно - само животно, а не божество.

Во оној момент кога од човекот ќе се искорени инстиктот, ќе се искорени и потребата од територијалност, приграбување. А ако се искорени инстиктот, повеќе не можеме да зборуваме за човек во вистинската смисла на зборот, туку за некое друго суштество.
--- надополнето: 24 април 2012 во 16:02 ---

Ни јас не велам дека е ова врвот. Велам дека сме на добар пат кон општество кое подразбира приватна сопственост, но огромна власт на народот.
И не мислам на Македонија, мислам на поразвиените земји, се повеќе се стремат ,,натаму,,.
Затоа е засега утопија. Но, понатаму којзнае.

За болдот, како се вика другачије тоа што го напиша?
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.756
Поени од реакции
8.781
Затоа е засега утопија. Но, понатаму којзнае.

За болдот, како се вика другачије тоа што го напиша?
Не знам, но не е анархизам. Не е делба ,,за сите да има се,,. Секој ќе има онолку колку што заработил, ништо повеќе, ништо помалку. Мојот леб е мој, твојот е твој. И понатаму постои државен апарат и власт, веројатно унапредена демократија :)
 
Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444
Не може во реалноста.
Токму поради себичноста на човекот и неговата инстиктивна природа.
Секогаш ќе сака ,,повеќе за себе,,. И да го принудиме да не прави така - ќе биде несреќен.

Биологијата одамна го има побиено тоа.
Реалноста исто така.
Можеби не пастирско-маалската реалност, барем не верувам.
Не постои човекова природа, тоа е само мантра, надвор од неколку базични инстинкти а и тие се предмет на модификација.
Најголем генератор на несреќа е вечното креирање нови и нови потреби.
4 од 10 луѓе во ЕУ имаат дијагностицирани ментални нарушувања и биле или се под некакви терапии.

Обратен пример?...глупана емисија Сурвајвор, ќе си извадат очи у таква заедница. Примери за невладеење на државата во нашите краишта колку сакаш (повеќе на темата Македонија, внатрешни случувања). Има примери каде не владее никаква државна институција и низ светот, притоа настанува прав хаос...Африка беше чинам спомената и делови од Ј. Америка...
Тебе ти дава плата фирмата 7-8000, ти крати 30% затоа што така смета газдата од икс причини. Нормално дека државата ти зема даноци. Како би граделе систем без собирање заеднички средства? Пат, зграда? А банки нема.
Како ќе се нарекува тоа собирање не е битно, битно ќе има и битно одговорните за тие фондови ќе се поштени колку што се сега поштени :)
Со други зборови да имаш избор даноците да ги плаќаш или не, да земаш бруто или нето. Не плаќаш само 3-4 услуги со даноците. А урбаните решенија и ред други работи кој ќе го плате? Не е баш така.
А и кога ќе ја снема државата, пак фирмата ќе те дупи, исто ти се фаќа...нема да добиеш повеќе пари од газда, оваа деценија имаше примери каде државата законски намалуваше даноци за работникот да добие повеќе. Ваквите потези не дадоа резултати заради стопанствениците.
Се надеваш дека нема да се создаде сличен на него во анархистички систем?Ако не сакаш да плаќаш барем во Македонија имаш избор-работи на црно, ништо нема да и плаќаш на државата.
Сметаш дека не треба да постои образовен систем, сметаш дека школите се само за учење математика или географија...? Патем, успешните луѓе кои ги споменувате го минале тој образовен систем па сега види колку не е исплатлив.

Бтв, го спомена Фагор како успешна приказна. Ако малку прочепкаш ќе видиш дека не е се така розово. Последно време испуштаат работници ради кризата, вработуваат сезонци, работниците немаат право на милионски профити туку примаат плата во просек слична како и во регионот каде живеат, дека ги поместиле линиите кон Полска за други да им робуваат (што се коси со вашите сфаќања:) ) и така натаму. Башка
Не сум ја гледал таа емисија, така да не знам ништо од тоа.
Владее и тоа како. Ти го мешаш она владеење кое го сметаш за лошо со невладеење. Инаку си владее и во Ирак и во Афган и во Судан и во Либија и во Индонезија...а ако не е онака како што очекува некој поклоник на држава, тогаш не важи.

Споменуваш плати, милионски профити, права....а мислам дека не знаеш ништо како функционира кооператив и оттаму мешањето на поими и поистоветување со некои присутни во РМ...
Тоа е само еден од мрежата кооперативи. Нормално дека не е розово и дека има проблеми. Но резултатите за овие 60 години се импресивни. За да државата не ги затвори (бидејќи нели, постои слобода на избор) и постојаниот притисок со регулативи и давачки, мораат да се снаоѓаат и да соработуваат со бирократите. Во каква и да се ситуација секогаш ќе се подобри од твојата држава. И како алтернатива на капитализмот.
Други да им робуваат?! Отвораат кооперативи онаму каде има помал притисок од соодветната држава. Што не значи дека и таму нема да има притисок после некое време.

Да работиш на црно не е само твој избор туку и на газдата, пред се. А тоа се казнува од страна на државата. Избор...:facepalm:
Види го буџетот како се распределуваат средства колку оди на инфраструктура а колку на непродуктивни срања. Ќе се шокираш...

Образовниот систем го сметам за сосема успешен, не во декларираните цели туку во реалните, продуцира милиони кои споменуваат дека постои “бесплатно образование“.
Како да ти кажам. Лично ме заболе дали икс на квадрат плус ипсилон на седма е курац кој се тресе. Ниту ќе ми користи нешто тоа ниту ми значи. Или дали Дунав почнува во Унгарија или Трансвал. Некому можеби и му е потребно. Но ако му е потребно на 1 од 100 не значи дека им треба на сите 100. Дел од мојот живот бил потрошен за слушање на тотално ирелевантни срања само за да некој зема плата.

Уствари батали...станува веќе заморно, се повторуваат исти работи со секој нов член кој ќе дојде на темата, едно 50-60 поста видов каде се споменува човековата природа а никој не кажува каква е....како и да е секој со своето.
 
Donald Sikert

Jane Vitington
Член од
28 ноември 2008
Мислења
8.283
Поени од реакции
5.614
Сега градат онака како што некој претпоставен им кажува :)
Тогаш ќе градат затоа што ќе знаат дека е потребно.

Ова се едноставни примери за ваква дискусија каде ништо друго не се знае како ќе биде поставено, или како би било.
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.756
Поени од реакции
8.781
Биологијата одамна го има побиено тоа.
Реалноста исто така.
Можеби не пастирско-маалската реалност, барем не верувам.
Не постои човекова природа, тоа е само мантра, надвор од неколку базични инстинкти а и тие се предмет на модификација.
Најголем генератор на несреќа е вечното креирање нови и нови потреби.
4 од 10 луѓе во ЕУ имаат дијагностицирани ментални нарушувања и биле или се под некакви терапии.
Реалноста секој ден го побива тврдењето дека анархијата е возможна со овие луѓе. Не е.
--- надополнето: 24 април 2012 во 16:08 ---
Тогаш ќе градат затоа што ќе знаат дека е потребно.

Ова се едноставни примери за ваква дискусија каде ништо друго не се знае како ќе биде поставено, или како би било.
Сепак, јас не сакам мојот живот и мојот имот да биде во рацете на ,,добрата волја на народот,,. Изразито сум територијална и моето не го давам, освен ако ептен не посакам да го дадам. Мое не давам, туѓо не барам ;)
Таков систем би ме унесреќил мене лично.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.773
Поени од реакции
12.237
Инаку си владее и во Ирак и во Афган и во Судан и во Либија и во Индонезија...а ако не е онака како што очекува некој поклоник на држава, тогаш не важи.
Не оди далеку, имаш и овде такви територии каде системот не е присутен. Имаш насекаде, само зависи кај живееш и што гледаш. Човекот е каков што е, освен ако не ни вградат чипови.
Споменуваш плати, милионски профити, права....а мислам дека не знаеш ништо како функционира кооператив и оттаму мешањето на поими и поистоветување со некои присутни во РМ...
Прво да те прашам дали си работел во задруга или тоа само теоретски го знаеш? Како правни субјекти, задругите едно време беа згаснати и распродадени.
Колку што се сеќавам ти даде твоја вистина дека работниците во Фагор располагале со профитот, ја делеле добивката (која е нели милионска) и имале плати 3-1. Но реално воопшто не е така. И на директоратот на Фагор му требаат робови па земаат сезонци или работници во Полски фабрики. Има по нетот какви услови имаат таму (ги споредуваат со конц логорите).
А не е лошо да објасниш и како функционира кооператива, чисто од правен и економски аспект, хиерархија, организација на работа, набавки, банкарски позајмици (мада велите банки се непожелни во вашите замислени системи)...
Образовниот систем го сметам за сосема успешен, не во декларираните цели туку во реалните, продуцира милиони кои споменуваат дека постои “бесплатно образование“.
според тебе каков образовен систем треба да има и кој тоа ќе го плаќа?
 
Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444
Не оди далеку, имаш и овде такви територии каде системот не е присутен. Имаш насекаде, само зависи кај живееш и што гледаш. Човекот е каков што е, освен ако не ни вградат чипови.
Прво да те прашам дали си работел во задруга или тоа само теоретски го знаеш? Како правни субјекти, задругите едно време беа згаснати и распродадени.
Колку што се сеќавам ти даде твоја вистина дека работниците во Фагор располагале со профитот, ја делеле добивката (која е нели милионска) и имале плати 3-1. Но реално воопшто не е така. И на директоратот на Фагор му требаат робови па земаат сезонци или работници во Полски фабрики. Има по нетот какви услови имаат таму (ги споредуваат со конц логорите).
А не е лошо да објасниш и како функционира кооператива, чисто од правен и економски аспект, хиерархија, организација на работа, набавки, банкарски позајмици (мада велите банки се непожелни во вашите замислени системи)...
според тебе каков образовен систем треба да има и кој тоа ќе го плаќа?
Каде тоа не е присутен?
Дај линк да видиме што точно пишува.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom