Анализа на крв - толкување резултати

Член од
7 септември 2016
Мислења
19.518
Поени од реакции
34.661
секако дека те труеле
... и ако велиш од педијатриска возраст ја имаш ова прва група на микроцитна анемија во клинички услови како последица може да се сомневаме дури и појава на тровање со олово! Што не направиш некоја анализа на испитување на серумска концентрација на олово? :(
...реков можно е, не реков дека ја труеле:
- користење на земјени садови премачкани со глазура што содржи олово, водата за пиење се чува во глинени садови за да остане ладна, а топлите напитоци се служат во глазирани филџани.
- водоводната мрежа можно да има оловни цевки или бакарни цевки лемени со олово така да жешката вода од овие цевки не треба да се користи за пиење и за готвење, а посебно не за приготвување на вештачко млеко за бебиња поради можна содржина на олово.
- некои производи, меѓу кои и некои играчки и накит кои малите деца најчесто ги ставаат в уста, имало голема концентрација на олово!
 

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.699
Поени од реакции
27.626
...реков можно е, не реков дека ја труеле:
да ти зборев тебе, тебе ќе те цитирав и ќе ти речев „дада секако дека ја труеле“.
 
Член од
12 февруари 2014
Мислења
7.731
Поени од реакции
24.344
...реков можно е, не реков дека ја труеле:
- користење на земјени садови премачкани со глазура што содржи олово, водата за пиење се чува во глинени садови за да остане ладна, а топлите напитоци се служат во глазирани филџани.
- водоводната мрежа можно да има оловни цевки или бакарни цевки лемени со олово така да жешката вода од овие цевки не треба да се користи за пиење и за готвење, а посебно не за приготвување на вештачко млеко за бебиња поради можна содржина на олово.
- некои производи, меѓу кои и некои играчки и накит кои малите деца најчесто ги ставаат в уста, имало голема концентрација на олово!
Јас сум од Титов Велес! :)
Сериозно, цел живот се сомневам дека слабокрвноста се должи на топилницата.
 
Член од
30 декември 2009
Мислења
547
Поени од реакции
149
Здраво,
Имам покацен вредност на Ph 8.0 нормална вредност е 6.0 7.5
И шелезо од 26.3 на горна граница е 26. дали е опаснои икоја храна го смалува. Иначе имам замастена јетра . но на крвната слика покажува добри резултати пзозз
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.518
Поени од реакции
34.661
Јас сум од Титов Велес! :)
Сериозно, цел живот се сомневам дека слабокрвноста се должи на топилницата.
...сакав да спомнам и други причини околу можноста на тровање со олово, ама се задржав само на неколку примери, инаку не само топилница, печатница, туку и сите земјоделски производи кои ги користиме во исхрана, а не го знаеме потеклото, а и во „бои“ кои можеби ги користеме во исхрана, кој ни ганрантира на составот важно тортата, колачот, да биде украсен за гостите...
...замисли селото земјиште покрај фрекфентните патишта во распон до 200 м од двете страни може да биде контаминирано со тешко олово и негови соли, а со тоа све што расте таму и не само тоа, туку оловото во нашиот организам влегува и преку респираторниот систем и еден господ знае колку го има во воздух кај раскрсниците или булеварите покрај кои се лоцирани цели населби, посебно сега кога се возат секакви стари/нови автомобили без филтри...
и да, првите симптоми на тровање со олово е токму во органите одговорни за создавање на крвта, делувајќи на еден ензим кој учествува во синтеза на хемоглобинот во еритроцитите инхибиција на дихидратаза (DALK) со што доаѓа до анемија со засилено лачење на DALK, порфирин и железо преку урина, поради присутноста на анемија во периферната крв има многу „недозреани“ еритроцити т.е. ретикулоцити....итн
... и затоа секогаш кога пазарувам прашувам од каде се производите, штом се пораснати покрај пат или лоцирани покрај некој загадувач и колку да се привлечни, не ги купувам, оти тровањето со олово настанува во подолг период со внес на мали количини кои се акумулираат во организмот, најповеќе во коските каде се задржува цел живот, не може никако да се одстрани, јеби га, и не е само проблем анемијата која е присутна цел живот, туку присуството на олово во телото дава и други здравствени проблеми во смисол на губење апетит, мачнина, проблеми со нервите, како и често пати поради преголема концентрација на оловото често се појавува здравствен проблем како енцефалопатски тип со изразити главоболки, вртоглавици ...итн
... и затоа велам, анемија додека не докажеш дали е симптом, а не некоја друга појава/ болест неможеш да ја третираш како болест со земање само на железни препарати итн, јас не сум слушнала (може грешам) да при лабораториско испитување на крвта при појава на анемија некој даде предлог да дадеш 24 ч урина за испитување за испитување на активноста на dehidrataza delta-aminolevulinsk kiselina...











на koproporfirin, DALK или protoporfirin, ако се сомнева на тровање со олово или пак при добиени анализи за крвна слика и појава на анемија, некој да рече, дај и хормоните на штитна жлезда да ги испитаме како основа болест, а анемијата како симптом на болеста ;)
 
Последно уредено:
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.518
Поени од реакции
34.661
Што значи на резултатот EO???
...и да сака човек да одговори.. прашањето e поставено како на квиз, па пиши на кој резултат ...опиши нешто!
ЕО или Ео... значи има разни правци ,



може да е скратеница за Eozinofilni granulociti (ЕО) бели крвни зрнца главни компоненети на имунолошкиот систем во организмот одговорни со механизам на пример за појава на астма и алергии (ваков резултат?)... дури може и одговорни дерматолошки промени (atopiski dermatitis) или паразитски болести ( toksoplazmoza, scabies) одговорни се за Eozinofilija (вакви резултати?)



.... со дијагностицирање преку крвни тестови т.е. комплет крвна лабораториска анализа (таков резултат?)
или може да биде резултат од брис на пример ,, цитолошки брис од нос,, ? таков резултат за позитивен наод на крвен Eozinofil поврзано со сите симптоми на воспаление на носната слузница (rinitis)?
како и да е, тоа е скратеница за бели крвни зрнца ај да речеме поконкретно група леукоцити во крвта можеби не е направено па така е напишано скратеница дека тоа треба да се испита да речеме од целата леукоцитарна формула leukogram,(диференцијална крвна слика,)?
 
Последно уредено:

Zaptija Stojkov

Комунист
Член од
23 февруари 2010
Мислења
3.127
Поени од реакции
2.765
...и да сака човек да одговори.. прашањето e поставено како на квиз, па пиши на кој резултат ...опиши нешто!
ЕО или Ео... значи има разни правци ,



може да е скратеница за Eozinofilni granulociti (ЕО) бели крвни зрнца главни компоненети на имунолошкиот систем во организмот одговорни со механизам на пример за појава на астма и алергии (ваков резултат?)... дури може и одговорни дерматолошки промени (atopiski dermatitis) или паразитски болести ( toksoplazmoza, scabies) одговорни се за Eozinofilija (вакви резултати?)



.... со дијагностицирање преку крвни тестови т.е. комплет крвна лабораториска анализа (таков резултат?)
или може да биде резултат од брис на пример ,, цитолошки брис од нос,, ? таков резултат за позитивен наод на крвен Eozinofil поврзано со сите симптоми на воспаление на носната слузница (rinitis)?
како и да е, тоа е скратеница за бели крвни зрнца ај да речеме поконкретно група леукоцити во крвта можеби не е направено па така е напишано скратеница дека тоа треба да се испита да речеме од целата леукоцитарна формула leukogram,(диференцијална крвна слика,)?
Eве го тоа

 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.518
Поени од реакции
34.661
...препоставката е таа што ја пишав предходно, Eozinofilni granulociti значи ЕО на испитаниот е 0,94 а десно 0,5 е референтната вредност, појава на некое воспаление што ги покачи овие леукоцити кои се поврзани предходно што пишав со имунитетот на органзимот, во прашање е некое воспаление или некоја болест што делува на имунолошкиот систем и телото одговара со покачени еозинофилни гранулоцити т.е. предходно ги спомнав дали се тоа алергиски реакции или можеби паразитска инфекција како шуга/скабиес,токсоплазмоза или промени на кожа атопичен дерматитис, астма или да речеме некоја болест со сврзно ткиво, а при многууууу ептен повисоки вредности би рекле Адисонова болест и што ја знам канцерогени промени, ама тоа нема врска со овој резултат, ова го кажуваме да знаеме да не читаме нешто од Нет па да не фати паника!
...ете да речам една главоболка како последица на воспаление на синуси, или пречесто шмркање, кивање течење на нос од едно воспаление на носната слузница или некоја алергиска реакција би биле пример за ваков резултат на ЕО !
п.с.
а тоа ЕО или ЕО# да не те буни, начинот на одредување дали во проценти или единици на испитаната крв!
 
Последно уредено:

КвикСилвер

Модератор
Член од
28 март 2010
Мислења
4.544
Поени од реакции
5.855
Дечки, на мајка ми седиментација на ЕР и искочила 45/80. Пишува нормално за жени е 12/24. Што е огромна разлика. На нет читав дека нормално е да се покачува со староста. Демек равенски се решава, години + 10 е нормалата. Мајка ми има 60. И рекле има некое жариште во организмот.
Кажувајте дали е опасно? Колку и што треба да ме плаши?

едит: Се друго од резултатите и е супер.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.518
Поени од реакции
34.661
Дечки, на мајка ми седиментација на ЕР и искочила 45/80. Пишува нормално за жени е 12/24. Што е огромна разлика. На нет читав дека нормално е да се покачува со староста. Демек равенски се решава, години + 10 е нормалата. Мајка ми има 60. И рекле има некое жариште во организмот. Кажувајте дали е опасно? Колку и што треба да ме плаши?едит: Се друго од резултатите и е супер.
...па кој вели дека покачената седиментација мора да биде последица на некоја присутна болест?
МОЖЕ, ама не мора...односно ни насочува можеби веројатноста за присутво на некоја болест со што МОРА ДА ИМА барем уште еден лабораториска анализа со вредност вон нормалната граница, односно дали се дадени соодветни лабораториски тестови да се направат од докторот па си напишал „дека другите резултати биле супер“ ? кој други резултати??



што ако твојата мајка не била „гладна“ најмалку 12 часа кога давала крв за анализа, што ако таа предходниот ден внесувала некои лекови или вештачки комерцијални витамини или што ако се препушила (ако пуши)предходниот ден кога давала крв?... или е предебела? тогаш НОРМАЛНО е да има покачена седиментација, а не е последица на некое „жариште„!
...еве вака, како пример (конкретно според возраста на мајка ти што може да биде) да речеме здравствен проблем околу циркулацијата и да речеме има покачен фибриноген, дали таа анализа ја има направено па резултатот е супер? затоа што покачена седиментација може да е последица од покачен фибриноген како фактор на коагулација на крвта, тромбоза ова она, а?
или
...покачена седиментација дава и проблеми со штитната жлезда дали направила такви анализи за испитување на хормон Т4 и Т4 кои се супер резултатите како велиш ти?
или
еве сте биле на слава сте јаделе малку повеќе за кратко време внес во организмот и жолчката поактивирана под диригенција на јетрата да работа повеќе за да можи сето тоа изедено да се „среди“ и ете вие токму следниот ден правите лабораториски анализи све било супер резултати да речеме билирубинот, јетрени ензими ама ете седиментација покачена можеби поради префорсирање на жолчка која можеби има и некое камче па потешко работела ама не давала никакви знаци или болки ама има можеби има благо воспаление па е покачена седиментација!?
или можи како последица од реуматиден артрит, бубрежни заболувања па дури и анемија! направени се соодветните анализи за тие болести па резултатите биле супер?
и на крај ДА, може да има некое жариште во организмот, но и не мора
....затоа се прави повторно анализа да се утврди повторно висока седиментација - прво правило задржување на висока седиментација подолго време!
и тогаш мора да има уште еден параметар вон нормални вредности во испитувањето за да покаже... дали габична инфекција, дали инфекции на респираторниот систем итн....и пак ќе кажам на ова возраст со реуматски проблеми или некој цистит или „настинка на бешика“ да се има нормална седиментација?
затоа додека не се најде уште еден пореметен лабораториски резултат кои ќе укаже правец на делување на соодветниот заболен орган ( не се плаши од некоја тешка инфекција или малигно заболување, оти тогаш седиментацијата се многууу високи над 100 mm/h ! не може да се рече дека има „жариште“ т.е. болест само по покачена седиментација...еве ќе прашам дали анализата ЦРП (CRP) е направена и тој резултат е во нормала како велиш ти?? оти тој парметар со точност укажува за „жариште “ во организмот!



Седиментација- таложењето на еритроцитите (црвени крвни зрнца) во епруветата за еден час мерен во милиметри, некаде мерат за време од два часа?
 

КвикСилвер

Модератор
Член од
28 март 2010
Мислења
4.544
Поени од реакции
5.855
@bijons
Ти благодарам на одговорот. Колку толку ми олесна. Како супер резултати ги сметам останатите од основната крвна слика, покачена е само седиментацијата. Утре сабајле ќе оди на подлабоко крвно испитување, можно да е тоа ЦРП, не ги разбирам. Од 12 е закажано за проверка на коските, колку што сфатив ќе зимаат примерок од петата. Тоа го прават бидејќи мајка ми чувствува болка во нозете, од најактивна и физички спремна, нешто ја покоси. Цигари не пуши, не пие алкохол. Ни беше куќна слава за Св.Никола и јас и она се откостивме од кревање маси, каучи и столици. Знам дека периодов беше преуморна. Можеби тоа влијае во драстично зголемената седиментација. Едвај чекам да ги слушнам резултатите, до тогаш ќе имам некоја грозна грутка во грлото и несоница. Ќе пишам тука за update. =)
Уште еднаш, фала многу. :love:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom