Анализа на крв - толкување резултати

Олимпија

Македонија во срцето!!!
Член од
26 март 2008
Мислења
5.624
Поени од реакции
9.146
Лабораторискиот преглед на крвта кај пациентите е еден од најважните показатели за ситуацијата на организмот и укажуваат на некоја скриена или веќе манифестирана болест.

Секој човек во зависност од телесната тежина има од 5 до 8 литра крв, која го снабдува внатрешните органи со кислород и хранливи материи, содржи бели (леукоцити) и црвени (еритроцити) кои претставуваат одбранбену ќелии на организмот.

Анализа на крвта спаѓа во стандардна процедура на секој преглед, посебно ако пациентот се жали на симптоми кои не укажуваат на конкретно заболување и помага при поставување точна дијагноза.
Kај дијагностицирани заболувања кај кои лечењето е во тек, анализата на крвта укажува на успешно применета терапија.

Најчести анализи:

Седиментација - нормална вредност 10 и 20mm/h ,доколку вредноста е поголема тогаш во организмот има жариште на инфекции.

  • M (20-50 год) 3-13 mm/h
  • M (над 50 год) 2-23 mm/h
  • Ж ( 20-50 год) 4-24 mm/h
  • Ж (над 50 год) 5-28 mm/h
Крвна слика - Пред се се одредува бројот на еритроцити, леукоцити, тромбоцити.

  • RBC - Еритроцити (црвени крни зрнца) кои го пренесуваат кислородот од градниот кош кон останатите делови на телото.Нормална вредност:5-6 милиони/mm3. Намалена вредност на еритроцитите може да е знак за анемија или пак губење на крв поради крварење, а зголемување на еритроцитите може да се јави и кај сосема здрави особи.
  • WBC - Леукоцити (бели крвни зрнца) служат за одбрана на организмот од бактерии, вируси.Нормална вредност:5-10.000 милиони/mm3.Резултатите пониски од граничната вредност најчесто е знак за вирусни инфекции, а зголемување е знак за бактериски инфекции.
  • PLT - Тромбоцити (крвни плочки) нормална вредност 250.000-400.000 милиони/mm3.Зголемен број на тромбоцити доведува до крвно згрутчување во кардиоваскуларниот систем, а намалување се јавува при хемотерапи, малигни заболувања, хепатитис Ц.
  • Hb- Концентрација на хемоглобин во крвта е зависно од полот. Како просечна вредност за мажи се смета од 140-180 g/L, а за жени 120-160 g/L.
  • Глукоза - Гликемија го покажува количеството шеќер во крвта.Нормална вредност 3,33 до 6,10mmol/l.
  • Hct - удел на крвните ќелии или хематокрит во вкупната количина крв.​
  • MCV - Среден обем на еритроцити.
  • MCHC - Средна концентрација на хемоглобин во еритроцити.
  • RDW - Ширина на дистрибуција на еритроцитите, сортирање на еритроцити по големина.
  • MTV - Просечен среден обем на тромбоцити
Состојба на црниот дроб

Во внатрешноста на црниот дроб се чисти крвта и се разградуваат супстанци кои се најважни за живот.Три најважни ензими се GOT чија нормална вредност е 5 до 15u/l, GPT - 5 до 19u/l и GGT со нормална вредност 4 до 18 u/l.


Состојба на бубрезите

  • Urea- Нормално 1,7-8,3 mmol/l
  • Креатинин - нормално мажи 62-106, жени 44-80 umol/l
Панкреас

  • S-алфа амилаза - нормална: 28-100 IJ/I
  • U-алфа амилаза - нормална: - 0-450 IJ/I Зголемено ниво укажува на пореметување на функцијата на панкреасот(производство на инсулин)

Железо е еден од есенцијалните олигоелементи во организмот, составен дел од хемоглобин, миоглобин и многу ензими.Главно складиште на железото е ретикулоендотелниот систем, црн дроб, коскена срж, бубрези.Концентрацијата на железо во серумот е определен од неколку фактори вклучувајќи апсорпција од црева, депонирање во цревата, црниот дроб, слезина и коскена срж, губење хемоглобин и синтеза на нов хемоглобин.
Заедно со хемоглобинот, еритроцитите и параметрите кои ја одредуваат морфологијата на еритроцитите(MCV, MCH и MCHC) пружа увид за состојбата на коскената срж.Определување само на железото нема никакво значење за дијагноза на анемија.
Нормална вредност: мажи 10,6-28,3;жени 6,6-26,0 umol/l

Штитна жлезда - Лачи хормон тироксин (Т4) и триодтироксин (Т3).Двата се неопходни за добра работа на метаболизмот.Се мерат вредностите на Т4 хормони и слободен FT4 кој не е врзан за белковини.Нормална вредност на вкупен T4 хормон е 58 - 161nmol/l, а на FT4 тироксин е 10.3 - 23.1pmol/l.

Масти во крв

  • Холестерол нормална вредност < 5,2; Висок > 6,2 mmol/l
  • HDL холестерол(добар) нормален > 1,54; Низок < 1,0 mmol/l
  • LDL холестерол (лош) нормален < 2,6; Висок > 4,1 mmol/l
  • Триглицериди нормална вредност < 1,7; Висока > 2,3 mmol/l
Електролити

  • Натриум (Na) - 139-154 mmol/l Намалено ниво кај бубрежно болни
  • Калиум (К) - 3,8-5,3 mmol/l Зголемено ниво кај бубрежно болни
Анализа на крв би требало да направите барем еднаш годишно иако немате никакви здравствени проблеми, затоа што раното откривање на болеста е од пресудно значење за поуспешно лекување.
 

Џои

КИНЕКТиран
Член од
1 февруари 2007
Мислења
8.406
Поени од реакции
2.076
Баш пред некое време си проверував крв, ми беше се во нормала како што треба. :party:
 

Бавча

идол на младите
Член од
25 декември 2007
Мислења
11.606
Поени од реакции
10.846
@makedonka1985
Фала ти, за објаснувањето на кратенките!
(Баш вчера правев анализа, па сега ќе ја дешифрирам) :icon_lol:

...холестерол?:vozbud: немогуче! :pos:
 

Divider

Seraphim
Член од
24 февруари 2005
Мислења
27.337
Поени од реакции
3.062
Maќedonka, алал вера.
Требаше да ја оставиш леплива, важна темава, бидејќи многумина не внимаваат на исхраната, на правилниот начин на живеење, а и не се проверуваат редовно и на овој начин може да им се отворат очите дека не еднаш годишно, ами два пати минимум треба да проверат крв.
 
S

smart ass

Гостин
Наместо кока кола-минерална.
Наместо МкДоналдс-јадете риби-Самооо немој да почнете да мислите како риби:vozbud::pos2:

( Рибите имаат Омега масни киселини а тие се смрт за холесторолот).
 

Divider

Seraphim
Член од
24 февруари 2005
Мислења
27.337
Поени од реакции
3.062
И?? Послуша??

Плус, лук како природен антибиотик и кромид против замастување на крвните
садови!
Цвекло за зајакнување на крвта, зелка за прочистување, марула за свежина, морков за очи, домати за калиум (за срце), пиперки за витамин Ц.....
 
S

smart ass

Гостин
Може и прополис тој е и антивирал плус и ефтин е..

А да и проантоцианидин-ова го има во семкинте на грозјето-чиста сервирана Brain food.

П.С Кромид и лук само во посебни прилики...кога џаболебариш



А за тин-ејџ може друг муабет да прајме за комплексите на нижа вредност наметнати од мејд ин ју ес оф еј комедии каде клошарот ја фаќа најјаката типка(принцеза на матурантките онаа нај НАЈ!!...оговарањата у филмојте(УСА комедии) се копија од суап опеарс).
 

Divider

Seraphim
Член од
24 февруари 2005
Мислења
27.337
Поени од реакции
3.062
Добро бе, не реков лук и кромид пред жваљање со некоја, аман.

Точно за семките од гроЈзе и за прополисот!

Такуѓере и грејпфрут цеди масти и ананасот, а со тоа се намалува можноста до срчоболение инфрактуозно или инстантно обезмозочуење по систем капка по капка!
Мојт и калинка, ако не ве мрзи едно по едно да ги грицкате то црвените тињи од внатре.
 
S

smart ass

Гостин
Абе таман...ама можеш и авганката да ја направиш мексисканка...екстрахирај:)
 

Divider

Seraphim
Член од
24 февруари 2005
Мислења
27.337
Поени од реакции
3.062
Знам дека може, ама така крвта мочка се прави, плус пука адреналин (ова за да останеме он топик, да не не бришат).

Инаку, редовната контрола на крвта може да ја споите со нешто полезно, место бесполезие, и тоа доколку не се болни и не сте имале жолтица!

имено, со крводарителство! Тоа е нешто најхумано, може три-четири пати годишно да го сторите, во секој завод за трансфузија, со тоа што попатно ќе ги замолите да ви извршат лабораториски преглед, комплетна анализа, на крвта и тие резултати ви ги кажат.

Ем хуман гест, ем вие со папирче шо ви или не ви фали!


П.С. Смарт, две јајца кајгана, малку сушени печурки, од оние на Алиса од земјата на лудата (може и свежи де) или малкуцка омлет со делчено од оној познат кактус мексички и потоа сите претци доаѓаат да прокомуницираат со тебе и мудрост да ти дадат 9обавезно диктафон вклучен, за ако не се сеќаваш комплетно, да ги снимиш разговорите)!
 
Е

експерт

Гостин

и


оксидација на холестерол



метаболизам на холестерол

Холестеролот ни е есенцијално потребен. Сите ние имаме ензими кои се справуваат на молекуларно ниво со холестеролот и го претвораат во хормони. Ама тие ензими не се кај сите исти. Односно секојдневно се откриваат различни типови (со различни кинетички карактеристики) кај различни луѓе, од моќта на ензимот ќе зависи и колку холестеролот ќе се претвора во она што ни треба. Не е само исхраната. А откако ќе настане таложење на холетерол, нема спас, не може никако да се „исчисти“.
 
S

smart ass

Гостин
Сесложувам за адреналино кој води кон срцепукање.

П.С. Смарт, две јајца кајгана, малку сушени печурки, од оние на Алиса од земјата на лудата (може и свежи де) или малкуцка омлет со делчено од оној познат кактус мексички и потоа сите претци доаѓаат да прокомуницираат со тебе и мудрост да ти дадат 9обавезно диктафон вклучен, за ако не се сеќаваш комплетно, да ги снимиш разговорите)!
П.С
Неќам Интераптори на невронсски сигнали и неуротрансмитери.


За крводарителството,оти јас сум крводарител и годишно давам крв 3 пати(башка после и кафе добиваш јас и цигар си палам/ев-пред законот...сеа ќе престанам да давам крв:wink::pos2:) и знам дека само 30% од крвта ги исполнува условите за трансфузија...па затоа инвестирам во неа а и здравјето мое(со матичен млеч,олигојак+селен минерали и троа силимарин) башка што месец пред да дадам крв...марихуана,антибиотици...ЈОК!!!:nenene::nenene::nenene:

Цигарите не се проблем...лелее ама сум пристрасен кон никотинот.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom